Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2004 |
Број на страници | 180 |
Превод/Препев | превод од германски: Ксенија Чочкова |
заштеди
100,00 денЧитачот
250,00 ден350,00 ден
„Читачот спаѓа во оној тип комплексни романи кои отвораат толку прозорци колку што читателот може да поднесе свеж воздух. Психолошки во длабока, филозофски во генерална и незаборавен во буквална смисла, „Читачот” е роман кој не се предвидува, не се претпоставува, ниту пак, се прераскажува, роман кој со секоја наредна страница одново и одново ја редефинира наративната маршрута.
Тргнувајќи од самиот наслов, ова е роман во кој во ниту еден читачки/читателски миг не се знае кон каде ќе тргне, а камоли каде (и како) ќе заврши „читањето”, дури и во жанровска смисла… Одлична лекција за книжевните вообразеници, скептици и неверници кои сметаат дека книжевното писмо не може да изненади“.
Оливера Ќорвезироска
Бернхард Шлинк, роден во Билефилд (Германија) во 1944 година, е судија и профессор по право на Универзитот во Берлин.
Автор е на неколку наградени криминалистички романи. Романот „Читачот“ (1995) е добитник на наградата Hans Falada на градот Нојминстер, италијанската награда за литературе Grinzane Cavour, француската награда за најдобро преведено дело Prix Laure Bataillon и првата награда за литература на списанието Die Welt.
Преведен е на 39 јазици.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.