Календарот на Маите

Од (автор)Зоран Фериќ

350,00 ден590,00 ден

„Календарот на Маите“ е роман за љубовта, но и за староста, за минливоста на времето. За насловот, авторот бил инспириран од романот „Под вулканот“ од англискиот автор Малколм Лаури, кој зборува за елиптичноста и релативноста на времето и во него впишаните животни судбини. Календарот е симбол на двојственостa што времето во својата минливост, во своето течение и во новото започнување, секогаш ја подразбира.

Во верзијата на Фериќ тоа е приказна која жанровски покрива разнолико подрачје, тоа е семејна сага, љубовен, еротски, општествен роман, роман за убавината и за ужасот, за сѐ она што на овој или оној начин го дефинира животот на човекот. Или да се „заузди“ смртта, што е еден од лајтмотивите на Фериќ.

ШИФРА: 131
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

610

Превод/Препев

превод од хрватски: Катица Гароска Ацевска

Зоран Фериќ (1961) е еден од најчитаните хрватски писатели од помладата генерација, кој со својот стил и искреност ги одушевува читателите уште со својата прва збирка раскази „Стапица за Волт Дизни” (1996). Потоа следи збирката раскази „Ангел во офсајд”, за која ја добива наградата на Јутарњи лист за најдобро прозно дело за 2000 година, како и наградата за проза „Ксавер Шандор Ѓалски”.

Првиот роман со наслов „Смрт на девојчето со кибритчиња” го објавува во 2002 година. Целиот роман делува како мозаик на бизарни раскази кои би можеле одделно да се читаат.

Својот втор роман „Децата на Патрас” (2005) самиот автор го опишува како комбинација на љубовна приказна и семеен трилер.

Во 2011 година излегува романот „Календарот на Маите”, кој според Јутарњи лист е хрватски „Роман на годината”. Книгата ги добива и наградите „Киклоп” и „Владимир Назор”, како и наградата за книжевност на Град Загреб.

Неговиот најнов роман “На осамениот брег покрај морето” (2015) раскажува за страстите на социјалистичките плажи. Работи како професор по хрватска книжевност во гимназија во Загреб, а активен е и како колумнист во весникот „Национал“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.