Коулун, заградениот град

Од (автор)Јана Узунова

380,00 ден

„Коулун, заградениот град“ е моќен роман инспириран од вистинскиот Kowloon Walled City во Хонг Конг – легендарен град-лавиринт, симбол на хаосот, преживувањето и човечката издржливост. Во неговите темни ходници се испреплетуваат судбините на незаборавни ликови кои се борат со стравот, вината, љубовта и надежта.

Со густ, сликовит и динамичен стил, авторката создава свет во кој суровоста и нежноста постојат рамо до рамо, а секој простор и предмет носат симболично значење.

Ова е роман за опстанокот, моралниот избор и можноста да се зачува човечноста дури и таму каде што изгледа невозможна.

Едиција:
Автор/ка

Број на страници

210

Година на издавање

2026

Јана Узунова е родена 1988 година во Скопје. Дипломирала на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата по општа и компаративна книжевност. Во 2019 година го објавува романот „Вергина“.

„Коулун, заробениот град“ е нејзин втор роман.