Враќање дома

399,00 ден

Романот „Враќање дома“ е од типот ‘романи за романот’, но во една мошне оригинална смисла: главниот лик трагајќи по фиктивниот лик од книгата што ја читал во детството (не заборавајте дека и тој е фиктивен, иако Шлинк ве принудува да мислите оти е реален!) го пронаоѓа ‘стварниот ‘ автор кој истовремено е и негов биолошки татко!

Совршено смислено, стрпливо и интелигентно раскажано.

„Враќање дома“ е модерна ‘Одисеја’, по малку постмодернистички ситуирана во Хомеровата.

Распродадено

ШИФРА: 17
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2007

Број на страници

380

Превод/Препев

превод од германски: Ксенија Чочкова и Ива Фиданчева

Бернхард Шлинк, роден во Билефилд (Германија) во 1944 година, е судија и профессор по право на Универзитот во Берлин. Автор е на неколку наградени криминалистички романи.

Романот „Читачот“ (1995) е добитник на наградата Hans Falada на градот Нојминстер, италијанската награда за литературе Grinzane Cavour, француската награда за најдобро преведено дело Prix Laure Bataillon и првата награда за литература на списанието Die Welt. Преведен е на 39 јазици.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.