-
Мојот непријател Итар Пејо
150,00 ден„Ништо веќе по „Мојот непријател Итар Пејо“ на Калина Малеска нема да биде како што беше со нејзините раскази, но и со приказните на Итар Пејо, зашто, кога и да ги слушнеме – ќе знаеме дека еден фиктивен книжевен лик со заборавено име стои како глас и зад неа, но и зад Пејо, како негова заумна мисла, како сенка и како идеја за општа правда и праведност. Како осовременета книжевна вистина за фолклорното наследство. Оваа одлична раскажувачка јас-точка на измислен лик сопoстaвен на Итар Пејо, целосно ги освојува читателските симпатии и на распнатото јаже помеѓу измислениот лик и неговиот „непријател“ – фолклорниот херој, еквилибристички вешто го движи исписот на новата можна книжевна вистина. Или тајна…“
Оливера Ќорвезироска
250,00 ден -
НО-УИ
250,00 ден„Чудесна проза! Еве ја одново одличната Лидија Димковска чие око вешто ги пронаоѓа како големи и ги става во преден план малите човечки судбини кои потресно ја ткаат возбудливата таписерија на животот. Во цврста структура што им се спротивставува на бурните историски настани и премрежија, колку далечни, толку и сегашни, приказната на една баба и една внука, лоцирана низ повеќе десетлетија со шарм на спокојна едноставност и со моќ на судбинска неминовност, во оваа проза го добива заслужениот химничен призвук“.
Оливера Николова
„Но-Уи е првиот вистински винтиџ роман во високата прозна мода во македонската книжевност. Љубов – втемелена во броени зборови во телеграма. Стоп. Јазик – поробен од молк. Стоп. Заборавен од преголемо сакање. Стоп. Низ речениците се војва девојка која плаче по споменик како по момче; жена која со венчаница во куфер оди на крајот на светот по маж; баба која пие две мориња, Јадранското и Тиренското, налеани во очите на дедото на нејзиниот живот и на нејзината смрт. И сето тоа, „за инает“ и на книжевноста и на модата на големите светски јазици“.
Оливера Ќорвезироска
300,00 ден -
Секој со своето езеро
100,00 ден„Ноќ во музејот. Мојот пријател од сеќавањето го нема. Коридорите, празни, бескрајни и ладни, болно се повторуваат. Се бркам со некакви призраци низ редови од стакларници, бледи сеќавања и контури кои испаруваат во темнината. Чекорам по патишта што останале неизгазени и наеднаш, без да знам како, се наоѓам во депото на музејот. Месечината го осветлува пијаното што стои покрај ѕидот напластено со прашина. Врз него запрашени стојат партитури на Мусоргски. Во аголот празен кафез за птици. Наведната над пијаното стои сенка. Капакот е затворен, но од срцето на инструментот се слуша речиси нечујна мелодија. Реката се бранува по музиката и музејот се преплавува со мастилава вода. Во собата влетува друга сенка. И сега сме тројца“.
Збирката раскази „Секој со своето езеро“ е составена од 14 кратки раскази кои тематски осцилираат околу загрозените урбани пејзажи на градот, околу идентитетот и отуѓувањето, љубовта и тагата, постоењето и смртта. Расказите најчесто се пишувани во минималистички манир, со исклучок на расказот „Николај и мастилавото езеро“ кој се наоѓа во средиштето на книгата. Расказите се тензични, драматични и меланхолични, проектирани во двојна перспектива и базирани на канонот на урбаниот топос. Книгата навидум е поделена на четири делови кои се најавени со куси пасажи или цитати. Пишувана е во зимата 2012 година
*Книгата ја доби „Наградата за литература на Европската унија“ за 2016 година
200,00 ден -
Чејка и Чајка
100,00 денА, јас?! Досега мислев дека ‘птицата Јас’ е црвеношијка, која често прелетува низ моите песни, осамена или во јато! Ама, ете, тоа ти била птицата калуѓерка! Со перца-антени на главата! Да прима сигнали од небото! Или, пак, поинаку, со перца-дршки на главата, за кои небото ја држи во секој момент, иако ѝ дозволува да лета како што сака!.. ‘Чејка’ сум ако слетам во Македонија или во Чешка!.. Ако, пак, слетам во Полска, Украина или Белорусија, пивкам под друго име – ‘чајка’!
250,00 ден -
Додека Данте спие
100,00 ден„Силвија Митевска е млада прозаистка која и припаѓа на најновата генерација македонски раскажувачи. Нејзиниот раскажувачки тон е полн свежина,умешност, возбуда, таа знае да раскажува, знае да ги слуша своите ликови и да ги води низ темните предели на раскажувањето, а резултатот на тоа одисеевско патување е проза која се чита во еден здив. Силвија Митевска е авторка за која ќе се слуша во иднина, се повеќе и повеќе“.
Лидија Димковска
„Ретко се случува при добивање ракопис на дебитант да се открие талент којшто веќе својата дарба ја здружил со не мала писателска умешност, односно – занает. Во дебитантската книга раскази на Митевска видливи се трагите на прозниот артизам, кој токму врз жанрот расказ поставува максимални барања пред авторот. Книгата Додека Данте спие е вистинска радост за македонската современа прозна продукција“.
Венко Андоновски
250,00 ден -
Дневна соба
100,00 ден„Дневна соба на Јана Лозаноска претставува возбудливо четиво за длабокиот процес на човековото внатрешно растење, за потребата од постојаното понирање во внатрешниот свет како начин на расоблекување на душата и нејзино ослободување од слоевите на стравовите, неискреноста но и удобноста на надворешниот свет како пречки кои го затемнуваат повторното раѓање, светењето на личниот, интимен и длабок човечки свет. Преку вкрстувањето на постапките на монологот и дијалогот и преку вештото ослонување на визуелните области на сликарството и фотографијата авторката ги креира, расне и оспособува своите четири лика во современи носители на оригинални примери за преиспитувањето и осознавањето во процесот на човековото будење. Ваквата книжевна постапка на Јана Лозаноска успешно нивелира во структуралната, содржинската, книжевно-јазичната и естетската хармонија на делото, а сето тоа заедно го отелотворува возбудливиот, слоевит и примамлив ракопис насловен Дневна соба“.
Софија Грандаковска
150,00 ден -
Ги најдов во длабокото
150,00 ден„Каде се децата?“ ме праша повторно, како да е неарна, како друго и да не умее да зборува, како сè наеднаш да заборавила и се деформирала во три очајнички збора што се претесни за нејзините отровни очекувања што сосема неправедно не и дадоа шанса на мојата кутија, и го наполнија грлото. Ја замолчив со украден бакнеж, бидејќи до бакнување не и беше дојдено, малку се закашла и и се прилоши, се избриша со нежните ковчиња на левата дланка и прашално ме погледна. Тогаш го реков ова: „Нола, децата не ги најдов, но погледни што најдов во длабокото“, и ја отворив кутијата полна со накит, блескави дијаманти и сафири, наредени на елегантни ѓердани како гласни прстени на опашката на ѕвечарката, златни алки и брошеви, измиени од погледи и надежи, сосема заборавени во непознатото, отпишани како соништа, парички што купуваат денови за нови насмевки. Низ солзи ме погледна, со студени прамни ветер во косата разлетана врз рамена и одвај молкум се насмеа. Со својата насмевка.
„Читајќи ги фантазмогоричните прози во збирката Ги најдов во длабокото, читателот цело време има чувство дека плови во длабоки води: во непрегледните длабочини на ликовите од расказите, но и во сопствените длабочини“.
Владимир Мартиновски
250,00 ден -
Исповедни финеси
100,00 ден…Десет дена гестикулиравме, пантомимиравме и ономатопеиравме во вода и на суво. И многу се бакнувавме. За Финците знаев дека скијаат, дека им е студено и носат големи ќулафки, дека имаат илјадници езера, дека сауните им се фински и се возат со ирваски запреги со санки. Лати велеше дека сето тоа би го дала за вакво море. Успеав да кажам дека сето море е во нејзините очи…
…Вие (идни покојници) можете да живеете валкано колку што сакате, можете да штедите вода (и сапун) за своето капење а да се возите во тазе испрано порше, можете да ручате со неизмиени раце и по големата нужда, но знајте дека од последното капење нема да се спасите. А во помнењето на оние по Вас – каква иронија – секогаш ќе останете нечисти.
„Со „Исповедни финеси“ Влатко Галевски формулира едно апсолутно исклучително и исто толку потребно стојалиште на обновен респект за автентичноста на нашиот сопствен живот. Длабоко сум убеден дека книгава што ја држите во рацете спаѓа во онаа хуманистички инспирирана и естетски афирмирана литература од рангот на Саројан, Селинџер, Ефраим Кишон, а којашто одигра витална улога во самопочитување на цели генерации“.
Ферид Мухиќ
250,00 ден -
Атена со пенис
150,00 денРеченицата на која Виктор никогаш не успеа да и ја открие длабоката езотерична симболика, ама беше убеден дека зад неа се крие севкупната смисла на постоењето, речница што ја изговараа сите водители и гости од естрадата, гласеше: на мојот албум се поместени толку и толку хитови. Виктор знаеше, сите што ја бараа суштината на постоењето во старите езотерични учења, во религиозните книги, во окултистичките ритуали, во науката како квантната физика, на пример, сите тие бараа на погрешно место. Нешто бескрајно тајно и непроценливо важно се криеше во мистиката на тој зен, на таа мантра што гласеше: на албумот се поместени толку и толку хитови.
Како ли изгледа чувството кога ќе ја запознаеш жената на својот живот после низа ретардирани настани кои ти го искомплицирале животот до границите на хаосот, за судбината потоа да те земе од таа жена и да те упати во затвор за несторен престап, ама пред да те понесе кон темницата на твојата иднина ставајќи ти лисици на раце да ти каже цинично дека онаа што ја сретна, всушност е лезбејка, а лезбејките по некоја чудна логика се жени кои сакаат жени, како ли навистина излгледа тоа проклето чувство? Тоа чувство изгледаше исто како Виктор. Виктор не беше пријатна глетка за гледање.
250,00 ден -
Кругови
100,00 ден„Она што го одликува кусиот роман „Кругови“ е што на мал број страници се прикажува еден свет на секојдневјето скопско, современо, денешно, што не е само одраз на сегашниот живот на главната јунакиња, туку и средба со некои вечни дилеми, што веројатно го мачат посензитивниот и поумен човек, секогаш. Притоа, би истакнал една специфична карактеристика на Иванова што мене многу ми се допадна. Тоа е користењето на јазикот. Имено, таа не спаѓа во оние писатели кои би копале во некои архаизми или дијалектизми, но нејзиниот јазик е многу сочен. Тоа е едноставно затоа што има внатрешна поткрепа, дејствува многу индивидуално и лично, од една страна, и препознатливо, од друга страна. Некој поупорен критичар би нашол во прозата на Иванова елементи на филмско сценарио, визуелни елементи во секој случај, затоа што она што доаѓа како плод на визуелното искуство, а тоа е монтажата, дијалозите, атмосферата, има многу визуелни наслојки. Но, токму тоа му дава на „Кругови“ една современа постмодерна структура, што сигурно ја вклучува Иванова во редот на најљубопитните истражувачи во новата македонска проза“.
Александар Прокопиев
170,00 ден -
Резервен живот
290,00 денПетто издание на добитникот на „Романот на годината“ 2012 на Друштво на писатели на Македонија и „Европската награда за литература“ 2013
“Резервен живот” е втор роман потпишан од Лидија Димковска, несомнено најсилниот творечки глас од генерацијата македонски писатели родени во седумдесеттите. Реткост е, не само кај нас, да се биде подеднакво успешен и во поезијата, и во прозата, но таа реткост е правило кај Димковска, правило кое го потврдува со секоја своја објава – таа е подеднакво моќна во своите пет поетски збирки (за чија вредност сведочат бројните избори објавени во странство, и неколкуте високи меѓународни признанија), како и во романот „Скриена камера“ (за кој ја доби наградата „Стале Попов“ и е преведен на неколку јазици).
„Резервен живот“ е приказна за две сијамски близначки родени со споени глави, Злата и Сребра, и за нивната потрага по смислата на животот обележан од физичката мана во семејната и општествената средина на осаменост, другост и (не)прифатеност. Личната драма чие испишување се протега во периодот од 1984 до 2012 год. од Скопје до Лондон и назад, е отсликана на фонот на времето ние кое протекува животот на нараторката Злата опфаќајќи ги и оние настани кои се дел не само од индивидуалната, туку и од колективната меморија и историја. Играта на претскажување на судбината со која романот започнува се исполнува на ироничен и трагичен начин, а романот го завршува својот круг со реплика на почетната сцена на делото, но во која нараторката не е повеќе учесник, туку нејзин сведок. Романот преку необични пресврти, психолошка анализа, специфичен пристап кон љубовта, стварноста и кон времето во кое живееме ја истакнува храброста на Димковска да им даде книжевен облик на актуелностите на нашето време и на судбината на човечкото битие. Гоце Смилевски
420,00 ден -
Единаесет жени
150,00 ден„Единаесет жени ја продолжува традицијата на раскажување по пат на врамување, карактеристична за почетокот или самото настанување на овој жанр во „Илјада и една ноќ“, а во македонската литература обновена со романот „Мојата роднина Емилија“ на Влада Урошевиќ. Романот го носи духот на македонската полуурбана или квазиурбана средина во 1980-тите години, поставуваjќи нови параметри во раскажувачката техника и во романсиерската тематика, истовремено подривајќи ги жанровските конвенции”.
од образложението на жирито за „Роман на годината“ на Утрински весник
„До неодамна анонимната Снежана Младеновска Анѓелков за својот првенец ја доби наградата „Роман на годината“, нешто што досега не се случило во историјата на оваа најважна награда за проза во Македонија!“
Венко Андоновски
„Иако дебитантка, Младеновска Анѓелков покажува чувство за чиста и прецизна нарација, без непотребни описи и дигресии, без дребности и заокружувања. Таа оди директно во центарот на случувањата, без да ја заобиколи или избегне мачнотијата што е речиси континуирано чувство по сите прочитани настани“.
Александра Јуруковска, Дневник
„Првата асоцијација од насловот – 11 жени – ми беше дека тука има некаква суптилна, но сепак јасна иронија: единаесет е математички помалку, но кога се во прашање жени, тоа е повеќе од дванаесет, и тоа машки апостоли. Меѓутоа, од очекуваните феминистички тонови и од „женското писмо” во книгата нема ниту трага. Нема трага ниту од славање на жената и женственоста – ликовите се сè само не стереотипно смерни, напатени и безгласни. Тие се дел од едно градско, но маалско милје од осумдесетите, во кое жените се значаен социјален фактор – кога гледаат на кафе, ги копаат бавчите, возат Застава сто-кец, дремат по терасите или просто седат на клупа. Зад сите овие навидум обични огради и прозорци, демнат мрачни, твинпиковски приказни“.
Илина Јакимовска, Букбокс читанка
*Книгата ја доби на наградата „Роман на годината“ на Утрински весник за 2011 година
230,00 ден -
Холограм
100,00 денОва се тивки дневници на копнежот и страста, но и на страдањето на поединецот, разочарувањето и среќата. Еден мал необичен свет на случки, свет кој зборува за обичните работи. Некои се опишани како експлицитни сцени од филм, а некои како неоткриен театар, кој сепак е виден.
150,00 ден -
Битлси
300,00 денНорвешките автори во последниве години наидуваат на одличен прием кај македонските читатели. Современата норвешка литература е крајно возбудлива, а меѓу имињата кои оставија длабок впечаток секако е Ларс Соби Кристенсен, кој со неговата книга „Полубратот” ја воодушеви читателската јавност. Навраќајќи се кон неговата богата библиографија, сметавме дека вредна за превод е наградуваната книга со индикативен наслов „Битлси“, за која сме сигурни дека ќе има уште поголем интерес.
Се работи за роман од 1984 година кој се закити со многу книжевни признанија и награди, и кој не’ навраќа во едно време кога во светот постоеше само еден Бог, кој се викаше Битлси. Низ поглавјата насловени според песните на култниот британски бенд, Кристенсен ни раскажува возбудлива приказна за растењето, преиспитувањето и созревањето на четири млади момчиња од Осло, во едно време кога многу работи изгледаа невино и наивно, но сепак, доволно предизвикувачки за да ги сменат настаните од корен.
690,00 ден -
Коскени часовници
350,00 денСо „Коскени часовници“ Дејвид Мичел ја заокружува неформалната трилогија која ја сочинуваат неговите претходни два романи, „Атлас на облаците“ и „Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“. Следејќи го истиот модел на шест преплетени приказни, Мичел и во овој роман гради своевиден книжевен калеидоскоп, во кој централната фигура која ги обединува засебните приказни е главниот лик – Холи Сајкс.
Така, книгата следи шест децении од животот на Холи, почнувајќи од 1984, па сè до „далечната“ иднина во 2045 година. Ова му овозможува на авторот не само да врати дел од познатите ликови од неговите претходни романи, туку и да направи мешавина од неколку книжевни жанрови – од тинејџерски семеен роман, преку психолошки трилер, до фантастика и еколошка дистопија.
Со тоа Мичел го заокружува целото свое творештво во еден универзум низ кој се појавуваат познати ликови и теми, но секогаш низ свежа и провокативна перспектива. „Коскени часовници“ е роман кој патува низ времето, низ културите и низ жанровите – иновативна нарација и креирање на нов свет во книжевноста.
590,00 ден -
Отпорот е залуден
200,00 денМногу истраги ни имаат укажувано за „сивата зона“ меѓу организираниот криминал и светот на финансиите, составен од податливи банкари, бескрупулозни брокери, корумпирани политичари, втора генерација криминалци со дипломи по економски науки, топло дочекани во најраскошните и најнеочекувани средини. Но тешко е да се замислат во секојдневниот живот.
Валтер Сити ги ползува ресурсите на книжевноста за да ни понуди живописен приказ на Томазо: момче со проблеми во минатото, несуден математичар и финансиски жонглер. Околу него се врти свет каде што парите владеат и изобличуваат, каде што „сопственоста е единствената вредносна мера“, телото е валута, а насилството е деловна предност. Запознаваме една умна спонзоруша и ангажирана писателка, ведар криминалец од римските предградија и меѓународен мафијаш што своето раководство го толкува како мисија. Свет каде што валканите и чистите пари се врзуваат во нераскинлив јазол, додека разликата меѓу доброто и злото се чини неизвесна и нестварна.
Во своето наративно истражување на коренитите промени на совремието, Валтер Сити во „Отпорот е залуден“ го навестува задгробниот живот на демократијата: пекол што бара луцидно да се погледне и доживее пред (можеби и радикално) да се отфрли.
380,00 ден -
Крајот
299,00 ден„Приказна за еден фотограф, кој… Не: приказна за еден маж, кој… Не: приказна за една љубов, која… Или приказна за повеќе љубови кои меѓусебно… Или приказна за една држава која… Ех, да оставиме. Овој роман ни дава сè што може да ни даде еден роман: вистина, искреност, атмосфера, фабула… Сеедно дали читателот ќе го смета Андраш Сабад за манијак, или пак смртно ќе се вљуби во него, секако ќе почувствува дека само така вреди да се живее, како него: со таков оган“.
Иштван Кемењ
450,00 ден -
Во камен
200,00 ден„Во камен“ е роман за проституцијата во еден голем, неименуван град во Германија, која започнува во 80-те години, во ерата на поделеноста на земјата, а продолжува сè до денешно време. Маер мошне храбро гради експерименталнa приказна со речиси халуцинантни техники на тек на свеста, постојано менувајќи ја перспективата на нараторите и изневерувајќи го читателот. Раскажувањето тече во секвенци низ кои времето специфично се менува и настаните функционираат на ниво на слики, претстави и гласови, кои доминираат над ликовите и класичното раскажување. „Во камен“ е роман кој се нурнува во „хипер реалност“ полна со чудни гласови и ужасни настани, а која всушност е само една морничаво прецизна претстава на неолибералниот капитализам.
420,00 ден -
Род
400,00 ден„Род“ на Миљенко Јерговиќ е книга составена од повеќе целини – романи, документи, раскажувачки скици, фрагменти – во кои се менуваат фикционални и нефикционални делови и на совршен начин се мешаат реалното и измисленото. Со многу автобиографски елементи Јерговиќ во „Род“ ја испишува сагата за семејството на Карло Штублер, неговиот прадедо.
Ова е книга во која авторот низ судбината на сопственото семејство зборува за цел еден век на Средна Европа и на Балканот, роман кој како железница ја вмрежува епохата и различните краишта, земјите кои се менуваа, историјата која беше немилосрдна.
Од прадедо му и почетокот на XX век до денешницата на авторот и неговата судбина, „Род“ претставува opus magnum на генијалниот Јерговиќ.
499,00 ден -
Деликатност
200,00 денФоенкинос во прекрасниот роман „Деликатност“ гради приказна за љубовта и за сложените меѓучовечки односи која е раскажана на шармантен и, пред се’, на деликатен начин. (Деликатен: сложен замрсен тежок; внимателен, чувствителен; вкусен; што бара посебен однос и внимание. Толковен речник на македонскиот јазик, Том I).
Авторот го зема секое значење на овие зборови и полека го воведува во срцевината на романот. Романот е така пишуван што читателот има чувство дека приказната некој му ја раскажува. Тоа е приказна за нова љубов и надеж дека и ранетите срца можат да најдат прибежиште на најчудни места, дека љубовта може да има и трагичен и комичен дел, понекогаш и малку апсурден, но тоа е тој деликатен зачин што ја прави толку голема.
Ова е прекрасна и деликатна љубовна приказна со француски шмек во која кусите хумористични дигресии раштркани меѓу поглавјата и’ даваат нота на оригиналност.
350,00 ден -
Првобитните нешта
200,00 денВо својот прв роман „Првобитните нешта“, Бруно Виејра Амарал се навраќа во замисленото маало Амелија, кое се наоѓа на јужниот брег на реката Тежо, во Вале да Амореира, во регионот Сетубал, каде што самиот тој пораснал, и од каде што секојдневно го гледал градот Лисабон, токму отаде брегот од другата страна на Тежо. Имено, делото комуницира со биографијата на Амарал, но, самото по себе не е автобиографско.
Во нарацијата на романот, авторот го напушта тоа маало пред речиси десед години и тоа заминување е своевидна победа со која се оддалечил од трошните и сиви згради на сиромаштијата и општествената изолација и исклученост. Но, по низа животни порази, развод, невработеност, очај, револт, болка, сега се враќа на истото место, живее со мајка му и се соочува со свет кој, не само што не го препознава туку и не постои повеќе онаков каков што го оставил.
Самото негово враќање во родното место, речиси одисејски, го означува и започнува со неговиот конфликт со минатото, но, конечно, елегичниот крај му ги отвора портите на ослободувањето од бремето на меморијата, каде што тој ги препознава вистинските првобитни, некогашни, први нешта.
350,00 ден -
И се’ стана месечина
250,00 денКако и претходните негови книги, штом излезе од печат, и збирката раскази „И сè стана месечина“ на Георги Господинов стана најпродавана во Бугарија.Таа содржи деветнаесет приказни пишувани во последниве години, некои од нив веќе објавувани во разни светски антологии, а сега спакувани во еден книжевен простор.
Според авторот, тие имаат заедничка атмосфера и ги поврзува заедничка логика. Збирката започнува со расказот „Осум минути и деветнаесет секунди“. Тоа е времето на патување на светлината од Сонцето до Земјата. Но тоа може да е и времетраењето на читање на секоја поединечна приказна.
Обидете се, уживањето е само пријатна последица, затоа што Господинов знае со зборовите. Тој ги припитомува и оживува, за потоа врз нас да истури мноштво од различни емоции.
Маестрално!
299,00 ден -
Малите прсти
150,00 денДејствието на романот „Малите прсти“ на Филип Флоријан, окарактеризиран како дело со оригинален нов јазик, се случува во еден малечок град во Романија, во кој е откриена масовна гробница покрај една римска тврдина. Прашањето кое сите си го поставуваат е дали се работи за жртви на средновековието или за безимени мртви од времето на комунизмот? Младиот археолог Петруш решава да ги преземе работите во свои раце и да ја расветли мистеријата која сите ги измачува.
Во кратки црти, во овој возбудлив роман од двесте страници авторот успеал на едно место да ги спакува вистинската историја, верскиот аџилак, водењето на кривична постапка, рецептот за печење на гулаби, и секако, љубовната приказна. Антологиски!
299,00 ден -
Тивок хаос
250,00 ден„Тивок хаос“ (2005) е роман на италијанскиот автор Сандро Веронези, со кој ја освои најпрестижната италијанска книжевна награда „Стрега“. Истоимениот филм, базиран на романот, во режија на Антонио Грималди и со Нани Морети во главната улога, излезе во 2008 година.
„Не сме сами, само сме осамени“, ќе изјави самиот Веронези. Главниот јунак на романот ја живее својата осаменост пред училиштето на ќерка си. По неочекуваната смрт на свршеницата, „мора да си го обнови животот пред местото каде што луѓето одат да учат“, додава авторот. Романот е прекрасно напишан, меланхоличен и духовит, и ги преиспитува и подрива очекувањата на читателите за тоа како изгледа жалоста. Сандро Веронези од секој детаљ прави уметност, создавајќи мозаик од хумор, надеж и длабока проникливост.
450,00 ден -
Каналот Мусолини
250,00 денИталијанскиот автор Антонио Пенаки храбро се впушта во пишувањето на романот „Каналот Мусолини“, кој може да се чита како графички приказ на италијанската социјална историја во првата половина на 20 век. Во кусиот вовед Пенаки разјаснува дека иако кланот на Перуци е плод на фикцијата, многу од настаните кои се опфатени во овој роман биле реалност за бројни тогашни семејства.
„Каналот Мусолини“ е роман кој ја опишува најмасовната принудна внатрешна миграција во историјата на земјата која следува по бонификацијата на Понтинските Мочуришта на југот од Рим, во 1930-тите години. Во 1932, Мусолини веќе почнува да ги сели првите 30.000 сиромашни земјоделци и наполичари од долината на реката По, од Фријули и од Венето во бонифицираните предели и таму започнува и со изградба на новите градови: Латина, Априлија, Помеција, Сабаудија.
Романот е подробен приказ на периодот помеѓу двете светски војни и зачетокот и доаѓањето на власт на фашизмот, како и на причините кои стојат зад процесот на бонификација и градењето на градовите во фашистичката ера. „Каналот Мусолини“ преставува фасцинантна приказна за социјалистичко–фашистичкото насилство, за тензијата помеѓу старите, традиционални земјопоседници, фашистичките лидери, сиромашните колонисти од северот и уште посиромашното локално население кое живеело во зоната зафатена од маларија на само седумдесетина километри од главниот град на Италија.
Овој роман е добитник на книжевната награда „Стрега“ во 2010 година, како и на книжевните награди „Акви Сторија“ и „Асти д’Апело“.
450,00 ден -
Аквариум
150,00 денВо овој роман сите се сираци. Девојчето посвоено кон крајот на четириесеттите (Ромче посвоено од Евреи што го преживеале Холокаустот), нејзините воспитувачи, родителите, нејзиното дете и сопругот, сите роднини и познајници: сите без исклучок недостатокот на љубов го сметаат за единствена прифатлива состојба што можат да ја доживеат.
Луѓето си го живеат својот живот во една трошна галерија на една зграда со излупени ѕидови и мириси на варила, тука се борат за живот, на дофат на бедата и оддалечени светлосни години од животот што го замислуваат како нормален. Сепак, задушените емоции понекогаш избиваат и на тие точки се менува нивниот живот. Тој потиштувачки, тесен, но истовремено и проѕирен свет го преставува аквариумот.
Кристина Тот има одлично чувство за пропорции, ги комбинира натурализмот, иронијата и црниот хумор, прочистувајќи нè преку „катарзата на секојдневието“, соочувајќи нè со периодот на нашиот живот кој многу тешко го прифаќаме и којшто толку длабоко навлегува во нашата колективна потсвест.
299,00 ден -
Календарот на Маите
250,00 ден„Календарот на Маите“ е роман за љубовта, но и за староста, за минливоста на времето. За насловот, авторот бил инспириран од романот „Под вулканот“ од англискиот автор Малколм Лаури, кој зборува за елиптичноста и релативноста на времето и во него впишаните животни судбини. Календарот е симбол на двојственостa што времето во својата минливост, во своето течение и во новото започнување, секогаш ја подразбира.
Во верзијата на Фериќ тоа е приказна која жанровски покрива разнолико подрачје, тоа е семејна сага, љубовен, еротски, општествен роман, роман за убавината и за ужасот, за сѐ она што на овој или оној начин го дефинира животот на човекот. Или да се „заузди“ смртта, што е еден од лајтмотивите на Фериќ.
590,00 ден -
Болеста на Монтано
150,00 денЛитературата може да биде заразна, но исто така може да биде и единствено средство за спас. Барем такво е искуството на Хосе, „недоверливиот наратор“ на наградуваниот роман на Енрике Вила-Матас, човек и писател кој е толку опседнат со книгите на одредени славни автори, што не може да пишува или да каже збор без да се повикува на нивните дела или на нивните животи, и чијашто болка се претвора во вистинска болест од книжевноста, во неможност да го разликува вистинскиот живот од фикцијата.
Обидувајќи се да пишува и зборува за својот живот полн со загуба и болка, Хосе го води читателот на едно чудно патување низ повеќе градови во Европа, од Нант, Барселона, Лисабон, Прага и Будимпешта, па сè до Азорските острови и Валпараисо во Чиле.
Ова сложено постмодерно дело, кое во себе содржи траги од пикарски роман, интимен дневник, мемоар, филозофска скица, Вила-Матас го гради како еден вид на лавиринт во кој се среќаваат автори како Сервантес, Борхес, Кафка, Музил, Зебалд и Магрис. Напишан со извонредна вештина и ерудиција, овој роман го потврдува мислењето на современата критика дека Енрике Вила-Матас е еден од најзначајните шпански автори на денешнината.
390,00 ден -
Имитатор
200,00 ден„Имитатор“ е приказна за Пран Нат, момче од Индија чијашто невообичаено бела кожа се смета за знак на неговото благородно потекло. Неговиот блажен детски живот одеднаш се нарушува кога ќе се открие кои се неговите вистински родители, така што од благородник Пран преку ноќ станува скитник, кој ги открива сите мрачни страни на Британската империја на почетокот од XX век. Патувајќи низ кралствата во Пенџаб, па во Бомбај, Лондон, Оксфорд и најпосле во Африка, Пран Нат неколку пати го менува својот идентитет, на крајот станувајќи совршен Англичанец и перспективен антрополог по име Џонатан Бриџмен. Иронично, во текот на неговата антрополошка експедиција, тој открива и што значи да се биде белец помеѓу дивите племиња во Африка.
Напишан во стилот на класичните авантуристички романи, но поставен низ современа постмодерна перспектива, „Имитатор“ е едно од оние ненаметливи големи дела кои третираат важни прашања од современиот живот (поврзани со политиката, моќта, расата, сексуалноста, домот и љубовта), а сепак му овозможуваат на читателот да доживее и исклучително книжевно задоволство.
450,00 ден -
Болка од камен
150,00 ден„Овој кус роман наликува по малку на камен: цврст, навидум мазен, а сепак полн со пукнатини и тајни. Стилот, иако е едноставен и поетичен, сепак е собран, соголен, токму како ѕидовите од гранит на куќите во Сардинија. Раскажувањето се извива како спирала и малку по малку, како случајно, ја открива средишната тема на романот, но и вистината за главниот лик, којшто постојано е во потрага по најважната работа на светот. Но оваа најважна работа, ја нема. Па оттука френетичната желба да се испише поинаква биографија на еден живот, каде што љубовта и страста стануваат центарот на светот“.
Le Monde
“Болка од камен” доживеа триумфален успех во Италија со преку 50.000 продадени примероци, а подеднаков интерес предизвика и во Франција и Германија.
Преведен е на триесет јазици.
250,00 ден -
Одбивам
200,00 ден„Има добри причини за тоа што Пер Петешон стана интернационална литературна ѕвезда. Убав и тажен, сочувствителен и незапирлив текст, кој го потврдува статусот на Петешон на еден од најдобрите современи раскажувачи. Во сигурната и голема убавина на јазикот се наоѓа завет за смирување, кој очајот и тагата во животот на главните личности ги прави уште потешко подносливи за нас како читатели.“.
Тругве Рисер Гундерсен, DAGBLADET
„Петешон отвора рани и покажува како човек е осуден да избира, цело време, и колку болно може да биде тоа. Но исто така покажува и колку едноставно тоа може да даде слобода и нови можности. Тоа го прави на еден непретенциозен, емпатичен, но и силен начин“.
Маргун Викингстад, DAG OG TID
„Исклучително добро компонирано дело со сигурен стил. Најголемата сила на Петешон како писател е способноста да им даде литературна форма и глас на вообичаените човечки искуства. Место да се закопува во психологијата на исклучоците, тој го опишува емотивниот живот на обичниот човек на еден природен и уверлив начин“.
Фроде Хелмих Педерсен, BERGENS TIDENDE
350,00 ден -
До последниот здив
200,00 денЛо има безбедно детство, ја пазат и ја чуваат, но сè се менува кога ќе наполни шест години и ќе запознае нов пријател. Лукаш има тринаесет години, а семејството на Ло е загрижено за неговото пријателство со толку младо девојче. Двајцата се принудени да се среќаваат во тајност и спијат еден до друг до езерото секое лето. За нејзиниот петнаесетти роденден, Лукаш ќе ја однесе Ло во забавниот парк „Тиволи“ во Копенхаген. Со сетила затапени од танцување, од пиење и од разни светла, таа заспива рано. Кога ќе се разбуди, сфаќа дека засекогаш им се сменети животите и пријателството.
„Ова е еден од поинтензивно напишаните романи, кој провоцира на размислување. Одамна немам сретнато таков“.
Свенска дагбладет
„Овој роман за преминување во светот на возрасните ги содржи сите вообичаени состојки – сексот, смртта, изгубеното детство – но посебен е поради страсната и испреплетена нарација, која е богата и јасна“.
Стефани Крос, Дејли мејл
390,00 ден -
Последниот збор
150,00 денВо седмиот роман на Ханиф Курејши, младиот биограф Хари Џонсон добива задача да ја напише биографијата на Мамун Азам, великан на постколонијалната книжевност, кој, по смртта на првата жена, живее во Сомерсет со втората сопруга, Италијанката Лијана. На едно поопшто рамниште, романот се занимава со прашањето на улогата на писателот во општеството и начините на кои раскажувањето се користи во создавањето на идентитетот. Извесни критичари го толкуваат делото како „роман со клуч“ за тринидадскиот нобеловец Видија Најпол, кој го поканил биографот Патрик Френч на својот имот во Вилтшир, а делото што произлегло го прикажало авторот како сноб преполн со предрасуди, прељубник и посетител на проститутки.
Од друга страна, пак, Хари како да пројавува извесни карактеристики на самиот Курејши: стравот на биографот дека ако соработката не успее, ќе мора да предава креативно пишување е можеби шега на сопствената сметка на Курејши, кој држел ваков курс на универзитетот „Кингстон“.
„Последниот збор“, покрај главното дејство и можните метафикциски елементи, содржи и подлабоки промислувања за пишувањето, читањето и биорафијата, како и нивната судбина во една можеби посткнижевна култура.
390,00 ден -
Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут
350,00 денЈапонија, 1799 година. Најмистериозното и најзатвореното царство на Далечниот исток е поврзано со остатокот од светот само преку едно мало пристаниште, вештачкиот остров Деџима, кое служи за трговија со тогашната најмоќна колонијална сила – Холандија. Користејќи го овој историски контекст и преземајќи за основа вистински настани и личности, Дејвид Мичел во овој прекрасен роман стрпливо и вешто ја гради ја незаборавната приказна за младиот холандски писар Јакоб де Зут, кој доаѓа во Јапонија за да стекне големо богатство, но наместо тоа ќе го изгуби срцето.
„Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“ е најзрелиот и најуспешниот роман на Дејвид Мичел, со кој авторот само ја потврди својата светска слава стекната со брилијантното дело „Атлас на облаците“. Во него се преплетуваат љубовна приказна, елементи на авантуристички роман, политички трилер и ориентална мистика, обединети во прекрасно напишана проза која го остава читателот без здив. Мичел вешто ги допира темите кои се типични за целиот негов опус – страста и моќта, честа и предавството, корумпираното општество, власта над другите луѓе и идејата за бесмртноста – а внимателните читатели ќе откријат и неколку ликови и детали кои можеме да ги пронајдеме и во „Атлас на облаците“.
590,00 ден -
Физика на тагата
300,00 ден„Оваа книга е лудост! Таа е неверојатна и нервозна, сентиментална, одразувачка, страшно смешна, потресителна, колку филозофска, толку и поетична, микроскопска и грандиозна. Накратко: чудесна!“
Berliner Zeitung
„Не велат ли за Габриел Гарсија Маркес дека со „Сто години самотија“ прв ја стави Латинска Америка на картата на светската литература? Исто како него, така и Господинов не само што завршува со реализмот, туку на дневен ред поставува и еден експериментално-игрив, апсурдно-остроумен, постмодернистичко-противречен, саморефлексивно-ироничен стил на раскажување. Со оваа книга Господинов се издигнува над низините на комерцијалноста и конвенционалноста на романот, спасувајќи се не само себеси, туку и литературата, а со неа и целиот свет“.
Neue Zürcher Zeitung
„Физика на тагата е литературен забрзувач на честички, голем акцелератор во кој се мешаат живописни минијатури и списоци…“
Süddeutsche Zeitung
450,00 ден -
Малечката Лили
150,00 денГлавната хероина на овој возбудлив роман на Оршоја Крафиат е триесетгодишната Лиа. Нејзината приказна се одвива по линиите на нејзините две бурни врски: љубовта кон некогашната професорка од гимназија, Мари, ја открива преку огледалото на својата врска со подоцнежната шефица – некогаш маѓепсувачката, но на моменти и бескрајно грубата и нечувствителна Лили.
Дали Лиа ќе успее да излезе од магичниот круг, поради кој е способна да размислува само во категориите на душевната хиерархија, замислувајќи каква било врска само во зависност од неа?
Дали ќе научи да каже „не” и дали конечно ќе се прифати себеси?
299,00 ден -
Ништожни мали животи
100,00 денКој би помислил дека избричените срамни брегчиња на жените можат да ги намалат фрустрациите во едно мало гратче за време на комунизмот, но во диктатура луѓето го преживуваат секојдневието токму благодарение на ваквите малечки, дофатливи радости.
Такви се и јунаците на Шандор Жигмонд Пап, кои со својата грешност, беспомошност и своите инфантилни мечти се деца на некогашниот диктатор. Живеат во една „куќичка за кукли“ на улицата Трудбеничка, покриени под стакленото ѕвоно на Чаушеску. Нивниот живот е љубов, парада, предавство и страв, и само влакно разделува сè од ништо – реченица кажана во погрешен момент, случајна несреќа или промена на расположението на агентот на тајната полиција.
Романот со вознемирувачки, но и со утешлив хумор го опишува светот на Романија пред и по транзицијата. Неговите јунаци, преку кои немилосрдно гази историјата, преставуваат фигури од крв и месо, во кои, без исклучок, до крајот на приказната ги препознаваме нашите роднини и пријатели.
350,00 ден -
Мод и Од
100,00 ден„Мод и Од. Роман за сообраќајот е оригинален и необичен роман за влијанието на автомобилскиот сообраќај врз нашите животи. Романот содржи прецизни есеистички делови во врска со нафтата, донацијата на органи, сообраќајното надгледување, малите движења кои се дел од поголемите. Инженерите конструираат пат, лекарите конструираат тело, ова се последиците на автомобилскиот сообраќај. Големиот број теми го предизвикуваат читателот да мисли”.
Од номинацијата за наградата „Браге“ за 2011 година
„Еден од најчудните норвешки романи оваа година. Но исто така и еден од апсолутно најдобрите… неговото ниво на амбиција и зашеметувачка проза скоро да ја засрамува останатата норвешка фикција. Номинацијата за наградата Браге е победа на самата награда”.
Dagbladet
„Мод и Од би требало да биде задолжително четиво за секого кој планира да седне зад управувачот… Баке пишува неверојатно убаво за болното и гротескното”.
Dagsavisen
150,00 ден -
Црвец
300,00 ден„Црвец“ е шестиот роман на Фаулс, прв пат објавен во 1985 година. Жанровски тешко може да му се најде недвосмислено место зашто во него се испреплетуваат елементи на детективска приказна, на историска (мета)фикција, на епистоларен роман и на научна фантастика. Поради ваквиот колаж, но и неизбежните автореферентни и метафикциски нишки кои се препознатлив белег на прозата на Фаулс, критиката претпочита да го смести делово под пошироката капа на постмодерниот роман.
По авторскиот пролог, во кој Фаулс го објаснува визуелниот зачеток на своето дело, како и дел од повеќезначноста на терминот што го избрал за негов наслов, се среќаваме со петмина коњаници кои во пролетта 1736 година патуваат во гратче во Западна Англија. Откако едниот од нив, глувонемиот Дик, ќе биде пронајден мртов, обесен, со букет темјанушки в уста, на сцена стапува адвокатот Хенри Ескју, кој по овластување од неименуван благородник има задача да открие што се случило со покојникот, како и каква судбина ги снашла неговите сопатници.
И покрај присуството на сезнајниот раскажувач и непосредната вмешаност на авторот во содржината, читателот е принуден самиот да дојде до евентуално решение на загатката. Меѓу редовите од приказната се разгледуваат и пошироките прашања за веродостојноста на сеќавањето и личното сведоштво, за степенот на објективност на историографијата, за животот како театарска претстава, а човечката историја како нарација, или за вероотстапништвото како политички бунт кој се обидува да ги избрише класните и родовите разлики.
Но, како што вели Фаулс во прологот: „не би сакал ова да се смета за историски роман. Црвец е“.
490,00 ден -
Посетата на дворскиот лекар
150,00 денДејството во романот на Енквист е сместено во 1760-тите, период кога Просветителството го доживува својот врв. Младиот дански крал, Кристијан Седми, е недоквакан. Неговата кралица, англиската принцеза Каролин Матилде, е заљубена во неговиот најдоверлив советник, дворскиот лекар Струнзе. Гулдберг, ладнокрвен религиозен фанатик, е решен да ги поништи просветителските идеи што Струнзе ги воведува во Данска. Тој што ќе издржи до крајот во нивната горчлива идеолошка битка, ќе го контролира не само кралот, туку и државата.
Прељуба, лудило, забодување ножеви во грб и благородничка крв… Енквист брилијантно претставува една драматична ера во данската историја, испреплетувајќи многу историски личности, како Волтер, Дидро, Катерина Велика и Џорџ Трети, во приказна за немилосрдна политичка амбиција и личното предавство.
350,00 ден

КРЕАТИВНА ЕВРОПА







































