Кротки приказни

Од (автор)Игор Анѓелков

150,00 ден

Што прави сосема гола жена среде бел ден пред хотелот „Александар Палас“? Зошто долгогодишниот пријател на авторот мистериозно решил сосема да ја прекине комуникацијата со него? Дали лицата на стрип-цртачите потсетуваат на лицата на оние палави деца што му ги крадеа стриповите на авторот кога беше дете? Дали почитувањето на црвеното светло на семафорот ја одредува понатамошната судбина на човекот?

 

„Иако станува збор за негова прва книга, со дваесетината раскази понудени во збирката „Кротки приказни“, Анѓелков се докажува како автор кој умее да го води раскажувачкото дејствие по углед на најсовремените светски текови на она што денес во светот се нарекува short story, кој ја исцизелирал својата реченица и кој вешто знае да создаде атмосфера во рамките на кусата форма“.

Гоце Смилевски

„Низ дваесетината кратки раскази во оваа збирка, авторот пишува за настани од својот живот, но и за приказни кои ги чул од други. Тоа се парчиња од секојдневието, сосема мали и можеби за некого безначајни, но во кои Анѓелков успева да вдахне метафизика на баналното. Со својот новинарски стил, следејќи го принципот „помалку е повеќе“, тој, на страниците на оваа книга, на шармантен и непретенциозен начин ја брише границата меѓу своите и туѓите парчиња живот“.

Марко Петрушевски

„Незаокруженоста, нефинишираноста, понекогаш дури и недоправеноста, не се слабости на ракописот, туку сосем спротивното, доблести, зашто Анѓелков свесно бега од прозниот „занает“, од писателската поза на сезнајност. Тој раскажува по своја мерка, испишувајќи текст во облачињата (во стриповска смисла) исклучиво над своето небо“.

Оливера Ќорвезироска

Распродадено

ШИФРА: 12
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2006

Број на страници

96

Игор Анѓелков е роден 1974 година во Скопје. Дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет.

Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на музиката и филмот. Исто така, работи и во електронските медиуми, како водител во радио „Равел“, повторно на емисии од областа на културата, и во ТВ „Телма“, како автор и уредник на филмската емисија „Филмополис“.

Својата нулта, самиздат-книга, насловена „Четири“, ја објави 1996 год. под псевдонимот Ангел Горски. „Кротки приказни“ и официјално е негова прва збирка раскази, која, без предрасуди, ја потпишува со полно име и презиме.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.