-
Еден сив мартовски ден
„Еден сив мартовски ден“ е класичен психолошки роман, со интроспекции и ретроспекции, богат со детали од секојдневниот градски живот. Дејството на романот се одигрува главно во Скопје, во периодот на крајот од 40-те, па се’ до крајот на шеесеттите години од 20 век.
Приказната во романот ги следи животните патеки на три школски другарки – Катарина, Оливера и Маријана, но и на Весна, ќерката на Катарина. Таа приказна започнува и завршува со еден посебен миг – отпуштањето на Катарина од казнено-поправниот завод кадешто одлежувала петгодишна казна поради тешка сообраќајка.
Тој миг е повод за сведувањето на сметките – не само во животот на Катарина, туку и на нејзината ќерка и на нејзините две пријателки. Може да се каже дека секоја од нив го преиспитува својот живот барајќи го моментот кога во него се вовлекла „грешка“ која ќе биде причина за идните судири и недоразбирања.
350,00 ден -
Бејрутското здружение „Пеколен оган“
На опустошената улица со поглед на гробиштата во христијанската енклава во Бејрут, се среќаваме со еден ексцентричен млад човек по име Павлов, син на локалниот гробар.
Кога неговиот татко ќе се соочи со ненадејна и прерана смрт, на Павлов му приоѓа член на мистериозното друштво „Пеколен оган“ – антирелигиозна секта, која меѓу многуте бунтовни активности организира и таен погреб на отфрлените лица на кои им е оневозможен последниот обред. заради нивната религија или сексуалност.
„Ова е вистинско ремек-дело“, крикнува критичарот Лоренс Џозеф во освртот кон новиот роман на генијалниот Рави Хаж.
390,00 ден -
Приказни на тивок оган
„Расказите во збирката „Приказни на тивок оган“ на Светлана Камџијаш се создадени со длабока мисла, широка емоција и висока ерудиција, со буен стил и прецизна структура. Нив авторката успеала да ги напише со онаа тешко остварлива виртуозност која подразбира да се раскаже флуидно она што е најтешко за искажување. Способност која можеби најдобро може да се опише ако се обидеме да преобликуваме една констатација искажана за лик во еден од расказите во оваа книга: „Невидливото го правеше видливо“. За неа, за нејзината раскажувачка умешност и уметност, тоа би било: Невидливото и тешко искажливото го прави видливо, преку зборовите. Во тоа искажување на она што најчесто останува обвиено од молкот, Светлана Камџијаш тргнува од деталот и стигнува до сепроникнувачка целина, започнува со мигот и го опфаќа животот“.
Гоце Смилевски
250,00 ден -
Последните денови на Ханс
Не би сакал да стекнам репутација на нихилист, јас ги сакам власта и законите исто колку и моралот. Така често си размислувам, што би правел со себеси ако не се издигнев до небото, тогаш веројатно сè би било лишено од објективно значење. Но, ми беше предодредено да допрам една половина од светот и сè што ќе допрам да биде мое. Не сакам да мислите дека сум фаталист, напротив, јас преку својата волја и интелигенција бев предодреден за таа улога. Самиот постигнав сè. И тука нема никаква случајност, сепак не сакам да звучам како детерминист. Не, не сум ни тоа. Ниту емпирист, јас немав никакво искуство пред да ги поседувам сите тие добри работи, ниту рационалист, оти и денес не се водам од разумот, туку од возвишените чувства на срцето. Отворено застанав зад желбите за моќ и доминација без никаков проблем. Не сум опортунист, не сакам да бидам погрешно сфатен. Покрај своите интереси, јас се грижев и за интересите на светот. Ниту макијавелист, бидејќи на крајот бев крајно изманипулиран и предаден. Во својата најдлабока внатрешност, јас сум плашливец, слаб и повреден човек.
250,00 ден -
Послушен брод што плови
Си седиме на ладниот кујнски под.
Тој жив, јас мртва во неговите прегратки.
А не сакам да оди во затвор, да можеше да ме чуе ќе му кажев да се собере и да најде начин да ми го фрли телото некаде, во некој ендек, да изгледа како несреќа. Можеби ме убил некој крадец, ме силувал некој силувач, ме измачувала некоја ментално нестабилна личност, нешто, што било можело да ми се случи.
Но тој седи и плаче како мало дете.
Па, добро, ништо страшно, еднаш секако ќе се разделевме, некој мора да умре.
Што е важно каква е смртта.250,00 ден -
Пливање спротиводно
„Ненад Јолдески ги покажува своите вештини на опишување на урбаните и природните амбиенти и пејзажи, особено оние кои нескриено го сигнализираат присуството на Струга и струшкото крајбрежје. Тој ни нуди едноставна, но современа нарација која е интимно поврзана со неговото струшко-македонско ментално битие од каде што тој поаѓа во освојување на книжевниот свет и каде што се враќа за да му даде смисла на тој свој свет. Се враќа постојано назад, а всушност продолжува напред, преосмислувајќи ги парадигмите на враќањето врз параболата на јагулите. Раскажувајќи ја македонската сага врз предлошката на јагулите, на Охридското Езеро на Дрим. Река која не исчезнува“.
Катица Ќулавкова
250,00 ден -
Шепотот на Данте
„Расказите во „Шепотот на Данте“, осум на број, на чудесен начин го продолжуваат тематското ткаење на Митевска започната уште со првата нејзина збирка раскази „Додека Данте спие“ што имаше убав успех кај читателската публика. Нема сомнеж дека преку постапката на очудување, Митевска го слика нашето секојдневие, но секогаш видено од нејзин специфичен агол, максимално изневерено а со тоа суверено претворено во убава, сугестибилна проза. Во сите осум раскази, од „Бесмислица“ до последниот „Мојата среќа“, Митевска излегува од рамките на секојдневното и моќно го надоградува истото за кога ќе ни го презентира напишаното, да не изненади со ефектен крај смислен од оваа наша уникатна раскажувачка“.
Драги Михајловски
200,00 ден -
(Со)шиени раскази
„И во ‘(Со)шиени раскази’, како и во сите претходни дела на Оливера Ќорвезироска, се чувствува посебниот однос што таа го има кон/со јазикот. При гласното исчитување на расказите од циклусите „Оверлок“ и „Цик-цак бод“, читателите ќе забележат дека, дали заради начинот на кој се врзани еден со друг, или заради целата приказна што ја носат, или и заради едното и другото, зборовите имаат едно специфично синестезичко својство. Тие понекогаш блеснуваат со светлоста на пастелните тонови, понекогаш се матни, густо нанесени бои, другпат се драматично јарки, а секогаш како со игла го допираат срцето. И секогаш се борат за смислата на постоењето, а против бесмислата и недоразбирањето.“
Гоце Смилевски
350,00 ден -
Небо без ѕвезди
„Зошто небото е без ѕвезди? Како мравката прославува роденден? И кога буквите од книгата играат танго? Потрагата по одговори во овој чудесен свет од слики и звуци претставува радосна игра за сетилата и духот, вистински празник на мигот овде и сега. Оваа книга на Владимир Мартиновски нуди една неповторлива читателска авантура“.
Лидија Капушевска-Дракулевска
„Кој не знае да чека, џабе брза!“ – така започнува еден од 77 хаибуни за уметноста на дребноста, за оние работи што брзите луѓе не ги забележуваат, а бавните секогаш одново ги зачудуваат“.
Владимир Јанковски
250,00 ден -
Чејка и Чајка
А, јас?! Досега мислев дека ‘птицата Јас’ е црвеношијка, која често прелетува низ моите песни, осамена или во јато! Ама, ете, тоа ти била птицата калуѓерка! Со перца-антени на главата! Да прима сигнали од небото! Или, пак, поинаку, со перца-дршки на главата, за кои небото ја држи во секој момент, иако ѝ дозволува да лета како што сака!.. ‘Чејка’ сум ако слетам во Македонија или во Чешка!.. Ако, пак, слетам во Полска, Украина или Белорусија, пивкам под друго име – ‘чајка’!
250,00 ден -
Додека Данте спие
„Силвија Митевска е млада прозаистка која и припаѓа на најновата генерација македонски раскажувачи. Нејзиниот раскажувачки тон е полн свежина,умешност, возбуда, таа знае да раскажува, знае да ги слуша своите ликови и да ги води низ темните предели на раскажувањето, а резултатот на тоа одисеевско патување е проза која се чита во еден здив. Силвија Митевска е авторка за која ќе се слуша во иднина, се повеќе и повеќе“.
Лидија Димковска
„Ретко се случува при добивање ракопис на дебитант да се открие талент којшто веќе својата дарба ја здружил со не мала писателска умешност, односно – занает. Во дебитантската книга раскази на Митевска видливи се трагите на прозниот артизам, кој токму врз жанрот расказ поставува максимални барања пред авторот. Книгата Додека Данте спие е вистинска радост за македонската современа прозна продукција“.
Венко Андоновски
250,00 ден -
Дневна соба
„Дневна соба на Јана Лозаноска претставува возбудливо четиво за длабокиот процес на човековото внатрешно растење, за потребата од постојаното понирање во внатрешниот свет како начин на расоблекување на душата и нејзино ослободување од слоевите на стравовите, неискреноста но и удобноста на надворешниот свет како пречки кои го затемнуваат повторното раѓање, светењето на личниот, интимен и длабок човечки свет. Преку вкрстувањето на постапките на монологот и дијалогот и преку вештото ослонување на визуелните области на сликарството и фотографијата авторката ги креира, расне и оспособува своите четири лика во современи носители на оригинални примери за преиспитувањето и осознавањето во процесот на човековото будење. Ваквата книжевна постапка на Јана Лозаноска успешно нивелира во структуралната, содржинската, книжевно-јазичната и естетската хармонија на делото, а сето тоа заедно го отелотворува возбудливиот, слоевит и примамлив ракопис насловен Дневна соба“.
Софија Грандаковска
150,00 ден -
Ги најдов во длабокото
„Каде се децата?“ ме праша повторно, како да е неарна, како друго и да не умее да зборува, како сè наеднаш да заборавила и се деформирала во три очајнички збора што се претесни за нејзините отровни очекувања што сосема неправедно не и дадоа шанса на мојата кутија, и го наполнија грлото. Ја замолчив со украден бакнеж, бидејќи до бакнување не и беше дојдено, малку се закашла и и се прилоши, се избриша со нежните ковчиња на левата дланка и прашално ме погледна. Тогаш го реков ова: „Нола, децата не ги најдов, но погледни што најдов во длабокото“, и ја отворив кутијата полна со накит, блескави дијаманти и сафири, наредени на елегантни ѓердани како гласни прстени на опашката на ѕвечарката, златни алки и брошеви, измиени од погледи и надежи, сосема заборавени во непознатото, отпишани како соништа, парички што купуваат денови за нови насмевки. Низ солзи ме погледна, со студени прамни ветер во косата разлетана врз рамена и одвај молкум се насмеа. Со својата насмевка.
„Читајќи ги фантазмогоричните прози во збирката Ги најдов во длабокото, читателот цело време има чувство дека плови во длабоки води: во непрегледните длабочини на ликовите од расказите, но и во сопствените длабочини“.
Владимир Мартиновски
250,00 ден -
Исповедни финеси
…Десет дена гестикулиравме, пантомимиравме и ономатопеиравме во вода и на суво. И многу се бакнувавме. За Финците знаев дека скијаат, дека им е студено и носат големи ќулафки, дека имаат илјадници езера, дека сауните им се фински и се возат со ирваски запреги со санки. Лати велеше дека сето тоа би го дала за вакво море. Успеав да кажам дека сето море е во нејзините очи…
…Вие (идни покојници) можете да живеете валкано колку што сакате, можете да штедите вода (и сапун) за своето капење а да се возите во тазе испрано порше, можете да ручате со неизмиени раце и по големата нужда, но знајте дека од последното капење нема да се спасите. А во помнењето на оние по Вас – каква иронија – секогаш ќе останете нечисти.
„Со „Исповедни финеси“ Влатко Галевски формулира едно апсолутно исклучително и исто толку потребно стојалиште на обновен респект за автентичноста на нашиот сопствен живот. Длабоко сум убеден дека книгава што ја држите во рацете спаѓа во онаа хуманистички инспирирана и естетски афирмирана литература од рангот на Саројан, Селинџер, Ефраим Кишон, а којашто одигра витална улога во самопочитување на цели генерации“.
Ферид Мухиќ
250,00 ден -
Атена со пенис
Реченицата на која Виктор никогаш не успеа да и ја открие длабоката езотерична симболика, ама беше убеден дека зад неа се крие севкупната смисла на постоењето, речница што ја изговараа сите водители и гости од естрадата, гласеше: на мојот албум се поместени толку и толку хитови. Виктор знаеше, сите што ја бараа суштината на постоењето во старите езотерични учења, во религиозните книги, во окултистичките ритуали, во науката како квантната физика, на пример, сите тие бараа на погрешно место. Нешто бескрајно тајно и непроценливо важно се криеше во мистиката на тој зен, на таа мантра што гласеше: на албумот се поместени толку и толку хитови.
Како ли изгледа чувството кога ќе ја запознаеш жената на својот живот после низа ретардирани настани кои ти го искомплицирале животот до границите на хаосот, за судбината потоа да те земе од таа жена и да те упати во затвор за несторен престап, ама пред да те понесе кон темницата на твојата иднина ставајќи ти лисици на раце да ти каже цинично дека онаа што ја сретна, всушност е лезбејка, а лезбејките по некоја чудна логика се жени кои сакаат жени, како ли навистина излгледа тоа проклето чувство? Тоа чувство изгледаше исто како Виктор. Виктор не беше пријатна глетка за гледање.
250,00 ден -
Кругови
„Она што го одликува кусиот роман „Кругови“ е што на мал број страници се прикажува еден свет на секојдневјето скопско, современо, денешно, што не е само одраз на сегашниот живот на главната јунакиња, туку и средба со некои вечни дилеми, што веројатно го мачат посензитивниот и поумен човек, секогаш. Притоа, би истакнал една специфична карактеристика на Иванова што мене многу ми се допадна. Тоа е користењето на јазикот. Имено, таа не спаѓа во оние писатели кои би копале во некои архаизми или дијалектизми, но нејзиниот јазик е многу сочен. Тоа е едноставно затоа што има внатрешна поткрепа, дејствува многу индивидуално и лично, од една страна, и препознатливо, од друга страна. Некој поупорен критичар би нашол во прозата на Иванова елементи на филмско сценарио, визуелни елементи во секој случај, затоа што она што доаѓа како плод на визуелното искуство, а тоа е монтажата, дијалозите, атмосферата, има многу визуелни наслојки. Но, токму тоа му дава на „Кругови“ една современа постмодерна структура, што сигурно ја вклучува Иванова во редот на најљубопитните истражувачи во новата македонска проза“.
Александар Прокопиев
170,00 ден -
Холограм
Ова се тивки дневници на копнежот и страста, но и на страдањето на поединецот, разочарувањето и среќата. Еден мал необичен свет на случки, свет кој зборува за обичните работи. Некои се опишани како експлицитни сцени од филм, а некои како неоткриен театар, кој сепак е виден.
150,00 ден -
Битлси
Норвешките автори во последниве години наидуваат на одличен прием кај македонските читатели. Современата норвешка литература е крајно возбудлива, а меѓу имињата кои оставија длабок впечаток секако е Ларс Соби Кристенсен, кој со неговата книга „Полубратот” ја воодушеви читателската јавност. Навраќајќи се кон неговата богата библиографија, сметавме дека вредна за превод е наградуваната книга со индикативен наслов „Битлси“, за која сме сигурни дека ќе има уште поголем интерес.
Се работи за роман од 1984 година кој се закити со многу книжевни признанија и награди, и кој не’ навраќа во едно време кога во светот постоеше само еден Бог, кој се викаше Битлси. Низ поглавјата насловени според песните на култниот британски бенд, Кристенсен ни раскажува возбудлива приказна за растењето, преиспитувањето и созревањето на четири млади момчиња од Осло, во едно време кога многу работи изгледаа невино и наивно, но сепак, доволно предизвикувачки за да ги сменат настаните од корен.
690,00 ден -
Отпорот е залуден
Многу истраги ни имаат укажувано за „сивата зона“ меѓу организираниот криминал и светот на финансиите, составен од податливи банкари, бескрупулозни брокери, корумпирани политичари, втора генерација криминалци со дипломи по економски науки, топло дочекани во најраскошните и најнеочекувани средини. Но тешко е да се замислат во секојдневниот живот.
Валтер Сити ги ползува ресурсите на книжевноста за да ни понуди живописен приказ на Томазо: момче со проблеми во минатото, несуден математичар и финансиски жонглер. Околу него се врти свет каде што парите владеат и изобличуваат, каде што „сопственоста е единствената вредносна мера“, телото е валута, а насилството е деловна предност. Запознаваме една умна спонзоруша и ангажирана писателка, ведар криминалец од римските предградија и меѓународен мафијаш што своето раководство го толкува како мисија. Свет каде што валканите и чистите пари се врзуваат во нераскинлив јазол, додека разликата меѓу доброто и злото се чини неизвесна и нестварна.
Во своето наративно истражување на коренитите промени на совремието, Валтер Сити во „Отпорот е залуден“ го навестува задгробниот живот на демократијата: пекол што бара луцидно да се погледне и доживее пред (можеби и радикално) да се отфрли.
380,00 ден -
Крајот
„Приказна за еден фотограф, кој… Не: приказна за еден маж, кој… Не: приказна за една љубов, која… Или приказна за повеќе љубови кои меѓусебно… Или приказна за една држава која… Ех, да оставиме. Овој роман ни дава сè што може да ни даде еден роман: вистина, искреност, атмосфера, фабула… Сеедно дали читателот ќе го смета Андраш Сабад за манијак, или пак смртно ќе се вљуби во него, секако ќе почувствува дека само така вреди да се живее, како него: со таков оган“.
Иштван Кемењ
450,00 ден -
Во камен
„Во камен“ е роман за проституцијата во еден голем, неименуван град во Германија, која започнува во 80-те години, во ерата на поделеноста на земјата, а продолжува сè до денешно време. Маер мошне храбро гради експерименталнa приказна со речиси халуцинантни техники на тек на свеста, постојано менувајќи ја перспективата на нараторите и изневерувајќи го читателот. Раскажувањето тече во секвенци низ кои времето специфично се менува и настаните функционираат на ниво на слики, претстави и гласови, кои доминираат над ликовите и класичното раскажување. „Во камен“ е роман кој се нурнува во „хипер реалност“ полна со чудни гласови и ужасни настани, а која всушност е само една морничаво прецизна претстава на неолибералниот капитализам.
420,00 ден -
Првобитните нешта
Во својот прв роман „Првобитните нешта“, Бруно Виејра Амарал се навраќа во замисленото маало Амелија, кое се наоѓа на јужниот брег на реката Тежо, во Вале да Амореира, во регионот Сетубал, каде што самиот тој пораснал, и од каде што секојдневно го гледал градот Лисабон, токму отаде брегот од другата страна на Тежо. Имено, делото комуницира со биографијата на Амарал, но, самото по себе не е автобиографско.
Во нарацијата на романот, авторот го напушта тоа маало пред речиси десед години и тоа заминување е своевидна победа со која се оддалечил од трошните и сиви згради на сиромаштијата и општествената изолација и исклученост. Но, по низа животни порази, развод, невработеност, очај, револт, болка, сега се враќа на истото место, живее со мајка му и се соочува со свет кој, не само што не го препознава туку и не постои повеќе онаков каков што го оставил.
Самото негово враќање во родното место, речиси одисејски, го означува и започнува со неговиот конфликт со минатото, но, конечно, елегичниот крај му ги отвора портите на ослободувањето од бремето на меморијата, каде што тој ги препознава вистинските првобитни, некогашни, први нешта.
350,00 ден -
Малите прсти
Дејствието на романот „Малите прсти“ на Филип Флоријан, окарактеризиран како дело со оригинален нов јазик, се случува во еден малечок град во Романија, во кој е откриена масовна гробница покрај една римска тврдина. Прашањето кое сите си го поставуваат е дали се работи за жртви на средновековието или за безимени мртви од времето на комунизмот? Младиот археолог Петруш решава да ги преземе работите во свои раце и да ја расветли мистеријата која сите ги измачува.
Во кратки црти, во овој возбудлив роман од двесте страници авторот успеал на едно место да ги спакува вистинската историја, верскиот аџилак, водењето на кривична постапка, рецептот за печење на гулаби, и секако, љубовната приказна. Антологиски!
299,00 ден -
Тивок хаос
„Тивок хаос“ (2005) е роман на италијанскиот автор Сандро Веронези, со кој ја освои најпрестижната италијанска книжевна награда „Стрега“. Истоимениот филм, базиран на романот, во режија на Антонио Грималди и со Нани Морети во главната улога, излезе во 2008 година.
„Не сме сами, само сме осамени“, ќе изјави самиот Веронези. Главниот јунак на романот ја живее својата осаменост пред училиштето на ќерка си. По неочекуваната смрт на свршеницата, „мора да си го обнови животот пред местото каде што луѓето одат да учат“, додава авторот. Романот е прекрасно напишан, меланхоличен и духовит, и ги преиспитува и подрива очекувањата на читателите за тоа како изгледа жалоста. Сандро Веронези од секој детаљ прави уметност, создавајќи мозаик од хумор, надеж и длабока проникливост.
450,00 ден -
Аквариум
Во овој роман сите се сираци. Девојчето посвоено кон крајот на четириесеттите (Ромче посвоено од Евреи што го преживеале Холокаустот), нејзините воспитувачи, родителите, нејзиното дете и сопругот, сите роднини и познајници: сите без исклучок недостатокот на љубов го сметаат за единствена прифатлива состојба што можат да ја доживеат.
Луѓето си го живеат својот живот во една трошна галерија на една зграда со излупени ѕидови и мириси на варила, тука се борат за живот, на дофат на бедата и оддалечени светлосни години од животот што го замислуваат како нормален. Сепак, задушените емоции понекогаш избиваат и на тие точки се менува нивниот живот. Тој потиштувачки, тесен, но истовремено и проѕирен свет го преставува аквариумот.
Кристина Тот има одлично чувство за пропорции, ги комбинира натурализмот, иронијата и црниот хумор, прочистувајќи нè преку „катарзата на секојдневието“, соочувајќи нè со периодот на нашиот живот кој многу тешко го прифаќаме и којшто толку длабоко навлегува во нашата колективна потсвест.
299,00 ден -
Календарот на Маите
„Календарот на Маите“ е роман за љубовта, но и за староста, за минливоста на времето. За насловот, авторот бил инспириран од романот „Под вулканот“ од англискиот автор Малколм Лаури, кој зборува за елиптичноста и релативноста на времето и во него впишаните животни судбини. Календарот е симбол на двојственостa што времето во својата минливост, во своето течение и во новото започнување, секогаш ја подразбира.
Во верзијата на Фериќ тоа е приказна која жанровски покрива разнолико подрачје, тоа е семејна сага, љубовен, еротски, општествен роман, роман за убавината и за ужасот, за сѐ она што на овој или оној начин го дефинира животот на човекот. Или да се „заузди“ смртта, што е еден од лајтмотивите на Фериќ.
590,00 ден -
Болеста на Монтано
Литературата може да биде заразна, но исто така може да биде и единствено средство за спас. Барем такво е искуството на Хосе, „недоверливиот наратор“ на наградуваниот роман на Енрике Вила-Матас, човек и писател кој е толку опседнат со книгите на одредени славни автори, што не може да пишува или да каже збор без да се повикува на нивните дела или на нивните животи, и чијашто болка се претвора во вистинска болест од книжевноста, во неможност да го разликува вистинскиот живот од фикцијата.
Обидувајќи се да пишува и зборува за својот живот полн со загуба и болка, Хосе го води читателот на едно чудно патување низ повеќе градови во Европа, од Нант, Барселона, Лисабон, Прага и Будимпешта, па сè до Азорските острови и Валпараисо во Чиле.
Ова сложено постмодерно дело, кое во себе содржи траги од пикарски роман, интимен дневник, мемоар, филозофска скица, Вила-Матас го гради како еден вид на лавиринт во кој се среќаваат автори како Сервантес, Борхес, Кафка, Музил, Зебалд и Магрис. Напишан со извонредна вештина и ерудиција, овој роман го потврдува мислењето на современата критика дека Енрике Вила-Матас е еден од најзначајните шпански автори на денешнината.
390,00 ден -
Имитатор
„Имитатор“ е приказна за Пран Нат, момче од Индија чијашто невообичаено бела кожа се смета за знак на неговото благородно потекло. Неговиот блажен детски живот одеднаш се нарушува кога ќе се открие кои се неговите вистински родители, така што од благородник Пран преку ноќ станува скитник, кој ги открива сите мрачни страни на Британската империја на почетокот од XX век. Патувајќи низ кралствата во Пенџаб, па во Бомбај, Лондон, Оксфорд и најпосле во Африка, Пран Нат неколку пати го менува својот идентитет, на крајот станувајќи совршен Англичанец и перспективен антрополог по име Џонатан Бриџмен. Иронично, во текот на неговата антрополошка експедиција, тој открива и што значи да се биде белец помеѓу дивите племиња во Африка.
Напишан во стилот на класичните авантуристички романи, но поставен низ современа постмодерна перспектива, „Имитатор“ е едно од оние ненаметливи големи дела кои третираат важни прашања од современиот живот (поврзани со политиката, моќта, расата, сексуалноста, домот и љубовта), а сепак му овозможуваат на читателот да доживее и исклучително книжевно задоволство.
450,00 ден -
Болка од камен
„Овој кус роман наликува по малку на камен: цврст, навидум мазен, а сепак полн со пукнатини и тајни. Стилот, иако е едноставен и поетичен, сепак е собран, соголен, токму како ѕидовите од гранит на куќите во Сардинија. Раскажувањето се извива како спирала и малку по малку, како случајно, ја открива средишната тема на романот, но и вистината за главниот лик, којшто постојано е во потрага по најважната работа на светот. Но оваа најважна работа, ја нема. Па оттука френетичната желба да се испише поинаква биографија на еден живот, каде што љубовта и страста стануваат центарот на светот“.
Le Monde
“Болка од камен” доживеа триумфален успех во Италија со преку 50.000 продадени примероци, а подеднаков интерес предизвика и во Франција и Германија.
Преведен е на триесет јазици.
250,00 ден -
Одбивам
„Има добри причини за тоа што Пер Петешон стана интернационална литературна ѕвезда. Убав и тажен, сочувствителен и незапирлив текст, кој го потврдува статусот на Петешон на еден од најдобрите современи раскажувачи. Во сигурната и голема убавина на јазикот се наоѓа завет за смирување, кој очајот и тагата во животот на главните личности ги прави уште потешко подносливи за нас како читатели.“.
Тругве Рисер Гундерсен, DAGBLADET
„Петешон отвора рани и покажува како човек е осуден да избира, цело време, и колку болно може да биде тоа. Но исто така покажува и колку едноставно тоа може да даде слобода и нови можности. Тоа го прави на еден непретенциозен, емпатичен, но и силен начин“.
Маргун Викингстад, DAG OG TID
„Исклучително добро компонирано дело со сигурен стил. Најголемата сила на Петешон како писател е способноста да им даде литературна форма и глас на вообичаените човечки искуства. Место да се закопува во психологијата на исклучоците, тој го опишува емотивниот живот на обичниот човек на еден природен и уверлив начин“.
Фроде Хелмих Педерсен, BERGENS TIDENDE
350,00 ден -
До последниот здив
Ло има безбедно детство, ја пазат и ја чуваат, но сè се менува кога ќе наполни шест години и ќе запознае нов пријател. Лукаш има тринаесет години, а семејството на Ло е загрижено за неговото пријателство со толку младо девојче. Двајцата се принудени да се среќаваат во тајност и спијат еден до друг до езерото секое лето. За нејзиниот петнаесетти роденден, Лукаш ќе ја однесе Ло во забавниот парк „Тиволи“ во Копенхаген. Со сетила затапени од танцување, од пиење и од разни светла, таа заспива рано. Кога ќе се разбуди, сфаќа дека засекогаш им се сменети животите и пријателството.
„Ова е еден од поинтензивно напишаните романи, кој провоцира на размислување. Одамна немам сретнато таков“.
Свенска дагбладет
„Овој роман за преминување во светот на возрасните ги содржи сите вообичаени состојки – сексот, смртта, изгубеното детство – но посебен е поради страсната и испреплетена нарација, која е богата и јасна“.
Стефани Крос, Дејли мејл
390,00 ден -
Малечката Лили
Главната хероина на овој возбудлив роман на Оршоја Крафиат е триесетгодишната Лиа. Нејзината приказна се одвива по линиите на нејзините две бурни врски: љубовта кон некогашната професорка од гимназија, Мари, ја открива преку огледалото на својата врска со подоцнежната шефица – некогаш маѓепсувачката, но на моменти и бескрајно грубата и нечувствителна Лили.
Дали Лиа ќе успее да излезе од магичниот круг, поради кој е способна да размислува само во категориите на душевната хиерархија, замислувајќи каква било врска само во зависност од неа?
Дали ќе научи да каже „не” и дали конечно ќе се прифати себеси?
299,00 ден -
Ништожни мали животи
Кој би помислил дека избричените срамни брегчиња на жените можат да ги намалат фрустрациите во едно мало гратче за време на комунизмот, но во диктатура луѓето го преживуваат секојдневието токму благодарение на ваквите малечки, дофатливи радости.
Такви се и јунаците на Шандор Жигмонд Пап, кои со својата грешност, беспомошност и своите инфантилни мечти се деца на некогашниот диктатор. Живеат во една „куќичка за кукли“ на улицата Трудбеничка, покриени под стакленото ѕвоно на Чаушеску. Нивниот живот е љубов, парада, предавство и страв, и само влакно разделува сè од ништо – реченица кажана во погрешен момент, случајна несреќа или промена на расположението на агентот на тајната полиција.
Романот со вознемирувачки, но и со утешлив хумор го опишува светот на Романија пред и по транзицијата. Неговите јунаци, преку кои немилосрдно гази историјата, преставуваат фигури од крв и месо, во кои, без исклучок, до крајот на приказната ги препознаваме нашите роднини и пријатели.
350,00 ден -
Мод и Од
„Мод и Од. Роман за сообраќајот е оригинален и необичен роман за влијанието на автомобилскиот сообраќај врз нашите животи. Романот содржи прецизни есеистички делови во врска со нафтата, донацијата на органи, сообраќајното надгледување, малите движења кои се дел од поголемите. Инженерите конструираат пат, лекарите конструираат тело, ова се последиците на автомобилскиот сообраќај. Големиот број теми го предизвикуваат читателот да мисли”.
Од номинацијата за наградата „Браге“ за 2011 година
„Еден од најчудните норвешки романи оваа година. Но исто така и еден од апсолутно најдобрите… неговото ниво на амбиција и зашеметувачка проза скоро да ја засрамува останатата норвешка фикција. Номинацијата за наградата Браге е победа на самата награда”.
Dagbladet
„Мод и Од би требало да биде задолжително четиво за секого кој планира да седне зад управувачот… Баке пишува неверојатно убаво за болното и гротескното”.
Dagsavisen
150,00 ден -
Посетата на дворскиот лекар
Дејството во романот на Енквист е сместено во 1760-тите, период кога Просветителството го доживува својот врв. Младиот дански крал, Кристијан Седми, е недоквакан. Неговата кралица, англиската принцеза Каролин Матилде, е заљубена во неговиот најдоверлив советник, дворскиот лекар Струнзе. Гулдберг, ладнокрвен религиозен фанатик, е решен да ги поништи просветителските идеи што Струнзе ги воведува во Данска. Тој што ќе издржи до крајот во нивната горчлива идеолошка битка, ќе го контролира не само кралот, туку и државата.
Прељуба, лудило, забодување ножеви во грб и благородничка крв… Енквист брилијантно претставува една драматична ера во данската историја, испреплетувајќи многу историски личности, како Волтер, Дидро, Катерина Велика и Џорџ Трети, во приказна за немилосрдна политичка амбиција и личното предавство.
350,00 ден -
Мачешки писма
Во романот „Мачешки писма“ главни ликови се мачките, кои бараат одговор на прашањата: Која е смислата на животот? Дали човекот кога го поставува ова прашање, може да биде среќен и спокоен? Дали мачката што го поставува ова прашање може и натаму да биде мачка?
Судбините на човекот и на мачките се тесно поврзани. Дали среде големата и бурна пресвртница во историјата на човештвото, стравувањата, тагата, радоста, надежта, еден грст откорнати и прогонети луѓе заедно со нивните мачки се вистинското огледало на човекот којшто е способен да размислува?
Сите што ќе го прочитаат романов, повеќе нема да ги гледаат мачките со исти очи, и секоја мачка што ќе го прочита романот повеќе нема да ги гледа луѓето со исти очи. Пријателите на мачките во романот ќе најдат интересни и убави анализи за себе. Оваа книга во вистинска смисла е огледало на љубителите на мачки. Сите наши опсесии, комплекси, радости, амбиции се толку добро и неодоливо раскажани.
350,00 ден -
Колекционер на љубовни приказни
Дали е потребно да минеме голем дел од нашиот живот, за во есента на годините да се сетиме дека всушност љубовта е најважното нешто што го исполнува нашиот живот со смисла. А, пријателствата, патувањата и неоткриените нови светови… Што се случи? Каде исчезна смислата? Која е смислата?
Една поранешна циркуска артистка плаќа со остатокот од своите дни за да ја собере колекцијата од приказни за мажот, со кого две години претходно биле заедно два дни, седумнаесет часа, четириесет и три минути и неколку немерливи секунди. Минува низ пустини, плови среде санти мраз, се губи во неоткриени племиња по теченијата на Нигер и Амазон, но успева да ги собере сите дваесет и осум приказни за високиот подгрбавен волшебник со портокалова кошула и среќноочаен поглед.
Но, ова не е само обична книга за љубовта, туку книга за смислата, за вечното патување. За ситуациите, кога сме на работ помеѓу љубовта и разделбата, помеѓу вообичаеното и авантуристичкото, помеѓу животот и смртта. Своевидна сложувалка во која што можеш да се откриеш себеси, своите пријатели и мечти. И затоа, не случајно, поднасловот на книгата гласи „префинет роман“, затоа што пред читателот е еден роман со ретка, специфична чувствителност, еден роман за суштината на нежноста, за единствената константа на љубовта – разделбата, за тајниот квалитет на страста, која постојано се менува и трае…
Или, пред нас е едно дело апсолутно ослободено од жанрови постулати, за кое бугарските критичари велат дека е „дело слатко до зашеметување, опијувачко до заборав“.
250,00 ден -
Бугати се појавува
„Бугати се појавува“ го зема егзистенцијалното во визир, и ја бара смислата на животот по една целосно бесмислена смрт и наоѓа слики со голема продорност.
Деа Лоер поврзува два настана, кои во основа навистина се случиле: еден млад маж за време на карневалот во 2008 година во Локарно е тепан, газен и на крајот убиен од една група млади луѓе. Но колку подетално се реконструира злоделото од сложувалката од искази на сведоците, толку поконфузно и понејасно станува што (и зошто) навистина се случило. Да се најде виновникот или виновниците и покрај јасните докази е потешко одошто се мисли на почетокот, и затоа причините за да се разбере ова злодело можат само делумно да се откријат.
Еден пријател на семејството на жртвата бара друг начин: тој се присетува на една автомобилска хаварија, која од пред 75 години се наоѓа на дното на Лаго Маџоре: Бугати Брескија 22. Така барем се вели. Сите дотогашни обиди да се подигне автомобилот не биле крунисани со успех. И сега нурнувањето во длабочините езерото и на сопствениот понор станува авантура со неизвесен исход.
299,00 ден -
Трезнење
Занимавајќи се со животите на малите луѓе, во малата средина, расказите од збирката „Трезнење“ на различен начин ја преоблекуваат реалната наметка на современиот свет – независно дали ги конфронтираат своите јунаци со смислата на вработувањето, со планирањето на второто дете, со закупот на гробното место или, пак, со прељубата. Така и суптилно доведуваат до т.н. „внатрешно отрезнување“ на поединецот.
Јазикот на Јурај Шебеста, без оглед на тоа за што зборува, претставува перманентна пародија на денешниот „newspeak“. Апсурдните метафори врз кои почива смислата на оваа проза продираат подеднакво и во внатрешните и во надворешните ѕидови на нејзините јунаци.
Користејќи го онеобичувањето, т.е. очудувањето на традиционалните форми на раскажувањето, како и бекетовскиот апсурд, истражувајќи го ритамот на секојдневието – на брачните, на вонбрачните или на професионалните приказни – авторот им дава ним впечатлива арома на актуелна сатира.
190,00 ден -
Полубратот
„Полубратот“ е приказна за двајца браќа – Фред и Барнум – кои се борат да станат исполнети поединци додека растат во ексцентрично семејство во Осло. Романот ги следи низ сите етапи на животот. Тоа е наратив со богата, жива историска основа во кој се испреплетени и неколку паралелни приказни. Овој прекрасен роман е ценет и од критичарите и од читателите. Романот има добиено многу награди, меѓу кои и наградите на „Нордискиот совет“, наградата „Браге“ и „Наградата на книжарите“. Според него е снимена и многу популарна тв серија.
„Полубратот е од оној вид на големи амбициозни панорамски романи за кои мислиме дека само Американците ги пишуваат во последно време. Тој е делумно Билдунгс роман – опишувајќи го развојот на еден писател, еден вид Улис за Осло… Големо, вредно четиво.“
Daily Telegraph
590,00 ден