-
-
-
-
-
Загубени во слободата
280,00 денДвајца мажи, две сосема различни судбини. Еден монах кој молчи, и еден човек кој зборува за да преживее. Една пандемија што го замолчува светот. И едно прашање што го преиспитува постоењето: што е слободата?
Во романот „Загубени во слободата“, еден од најзначајните современи бугарски писатели – Владимир Зарев – отвора два паралелни света: денешниот, обземен од страв, изолација и кревки човечки релации, и средновековниот, во кој тивкото монашко повлекување станува духовна побуна против злото.
Меѓу нив – едно огледало. А во него – човекот, разделен меѓу моќта и вербата, телото и духот, зборот и тишината.
Роман за невидливите сили што управуваат со нашите животи – вируси, богови, богаташи – и за тоа како човекот, дури и затворен, може да го пронајде она што е највредно: сопствената слобода.
399,00 ден -
Додека ја преминуваш реката
210,00 денШто се случува кога педесет и тригодишен писател во виорот на животот ќе сретне дваесет и двегодишна студентка по вајарство, која го “оживува” повторно? Романот Додека ја преминуваш реката мајсторски ја истражува суптилната рамнотежа помеѓу страста и табуата, минливоста на љубовта и вечните илузии.
Инспириран од познатиот роман Љубовникот на Маргерит Дирас, Фериќ пишува од перспективата на љубовникот, во едно поинакво време и простор. Неговиот текст пулсира со поетичност, страсна ирационалност и смелост што го предизвикува лицемерието на светот.
Ова не е само роман за љубовта – ова е огледало на човечката природа, каде возвишеното и вулгарното, нежноста и желбата се спојуваат во една електризирачка приказна што ќе ја паметите. Дива, нежна и трансгресивна приказна за љубовта што ги руши границите.
299,00 ден -
Смртта на девојчето со кибритчињата
222,00 ден„Смртта на девојчето со кибритчињата“ е првиот роман на Зоран Фериќ, автор познат по својот уникатен спој на црн хумор, гротеска и фасцинантни човечки судбини. Наизглед едноставната криминалистичка приказна за убиството на локалната проститутка и потрагата по убиецот се претвора во виор од необични настани и бизарни ликови – од ексцентрични чудаци до наизглед обични мештани кои ги кријат своите тајни.
Малиот островски свет на Фериќ не е само кулиса – тој е огледало на нашето секојдневие, гротескна преслика на реалноста која истовремено нè забавува и нè тера на размислување. Со доза фантазмагорична имагинација, романот ги истражува границите помеѓу нормалното и апсурдното, додека црниот хумор нè спасува од тежината на тој свет.
Ако сте подготвени за приказна која ќе ве насмее, ќе ве шокира, но и ќе ве натера да погледнете подлабоко под површината на човечката природа, овој роман ќе биде вашето незаборавно книжевно патување.
370,00 ден -
Кој го уби Едгар Алан По
299,00 денОва е роман лавиринт во кој се испреплетени минатото и сегашноста во мистериозна атмосфера како излезена од досега необјавен ракопис на Кафка. Се работи за приказна во која главниот јунак, писателот Феликс Рејнолдс, додека е во потрага по својот изгубен брат, открива делови од неговиот трауматичен и необичен живот. На тој пат Феликс чувствува потреба да сподели дел од она што го измачува, наместо да продолжи да го закопува во себе, затоа бара помош од психијатарот Груми Блум, кај кого честопати навраќа и, легнат на неговиот кауч, низ бројни сесии се отвора себеси. Психијатарот работи во замок кој доминира над градот каде што живее Феликс и се чини дека со замокот и со нивната земја владеат мистериозни луѓе во црно, познати како кафкависти.
„Во романот ‘Кој го уби Едгар Алан По‘ постои жесток испреплетен судир помеѓу имагинацијата, интелигенцијата, реалноста, филозофијата, природното и она што можеби личи на природно, како и она што луѓето го нарекуваат лудило, но всушност е само постојано бегање од животот и борба со смртта.“
Анета Тасова
450,00 ден -
Среќните луѓе не слават родендени
200,00 денСреќата денес е преценета работа. Денес полесно се доаѓа до среќа отколку во мое време. Секој втор локал е за игри на среќа, останатите се за брзи кредити за оние што немале среќа во игрите на среќа. Да, точно, има толку многу продавници каде што може да се купи среќа, цели зони каде што бесплатно или за мали пари може да се остварат најскриените желби. Ти се мочам јас на таквата среќа!
Јас се враќам од една таква зона, стари, од една таква продавница. Се враќам среќен, но за среќа тоа сум само јас, еден крајно добродушен и скромен човек. Во право си, среќата не е за секого. Замисли што ќе се случи кога сите ќе поверуваат во таа соба и кога сите ќе отидат брзајќи во зоната. Сите тие потенцијални императори, големи инквизитори, фирери од сите провениенции… И оние најлошите, таканаречените спасители на човештвото!
Во право си. Среќата не е за секого.
320,00 ден -
И други приказни
189,00 денКако што сугерира и самиот наслов ПРИКАЗНАТА е централната тема, покрај тоа што е основна книжевна форма во ова дело. „И други приказни“ го потврдува раскажувачкото мајсторство на Господинов и му открива на читателот еден неодолив и заводлив сплет од хумор, тага и најскриени емоции.
„Господинов сака во своите раскази, како Рабле, да го спои тривијалното со возвишеното, баналното со исклучителното, шегата со ерудицијата, историјата со секојдневието“.
Page, Париз
„Со Георги Господинов се нурнувате во имагинарен свет каде што секоја буква се однесува на жена, секој збор осцилира помеѓу тагата и смислата за хумор…“
Le Nouvel Observateur
„Западната метафикција се среќава со источноевропската метафизика“.
World Literature Today
„Приказни кои изгледаат како деца од мешани бракови – со необично и незаборавно лице.“
Мирела Иванова, Капитал
270,00 ден -
Грбот на мажот
199,00 денОдлична збирка која содржи дваесет и четири раскази за животот во сенката на „големиот“ Енвер, созревањето во посткомунистичката транзиција, за тегобноста на егзилот, но и надежите во „новиот“ живот, раскази исполнети со сентимент, шарм и духовитост.
„Не телефонски повици. Не албански. Не средби. Особено со Албанци. Ги избегнувавме сите, како да се срамевме, иако немавме ништо погрешено, иако тие немаа направено ништо срамно. Но, ни се чинеше дека ќе нѐ помешаат со тие кои дошле случајно и за парче леб. Ние не. Ние се подготвивме. Ние почнавме да учиме италијански. Го следевме РАИ. Радиото и телевизиските емисии. Не бевме дојдени само за леб, како тие. Дојдовме за парковите, музеите, за „пјаците“ и за италијанскиот, јазикот што го пишувавме скришум, но никогаш не го зборувавме толку гласно колку што посакувавме. Секако дека еден ден ќе седевме и со нив. Но, сакавме да си дадеме време. За да се прилагодиме. Ти не. Тебе те поттикнавме да се зближиш со децата што играа во паркот до нашиот дом. Кажи го само името. Само името. Алберт! Алберто. Ти порачавме. Толку. Тоа беше сѐ. Имавме слушнато дека во Грција емигрантите морале да ги менуваат имињата. Илир станал Илиа. Кај нас не. Те учевме да кажеш дека се викаш Алберто. Со „о“. Алберто, не Алберт. „Нека игра со децата“, рече жена ми. „Го учи јазикот. Не заборавај! Не албански. Слушај, зборувај. Зборувај, слушај. Но не на албански. За нас можеби не, но за него ова место ќе биде татковина“, велеше жена ми.
399,00 ден -
Ѓорѓиќ се враќа
200,00 ден„По десет години живот во Босна, Марко Ѓорѓиќ е веројатно уште поизгубен отколку кога беше тинејџер во Фужине. Ако бил чефур во Фужине, во Босна не е само Јанез, туку е и Србин. Откако се преселил од Високо во Бјељина, каде дел од неговото семејство побегнало за време на војната, тој станал имигрант, пребегнат Србин. А потоа се враќа во Фужине и може само да дознае дека е „вонземјанин“. Овде и секаде. Затоа што во овој крајно поделен и разграничен свет не е можно да биде ништо друго. И додека човек не ја потисне желбата да припаѓа, или додека не се помири со својата неприпадност, со својата „туѓост“, тешко ќе го најде својот мир. Марко Ѓорѓиќ дефинитивно се’ уште не се помирил со тоа. Но, можеби некогаш, којзнае“.
Горан Војновиќ во интервјуто за „Букла“
399,00 ден -
Зашеметен
100,00 ден„Зашеметен е мајсторско дело што не ја крие Ахиловата пета: Тоа е естетско суверен, но и ранлив портрет на човекот на прагот од епохата“. Мајк Фесман, Зидојче цајтунг
„Берфус пишува роман за едно време во кое извесноста се рони, а иритациите растат“. Карин Гросман, Зексише цајтунг
„Само романите што многу ризикуваат се вистински литературни доживувања. А Зашеметен Е литературно доживување“. Филип Тајсон, НЦЦ
250,00 ден -
Далеку од Ирска
290,00 ден„Далеку од Ирска“ е избор од расказите на Вилијам Тревор кои ги обединува тоа што дејството е сместено надвор од родната земја на авторот, но во кои Тревор го истражува познатиот терен: малите таги и радости што го сочинуваат нашето секојдневие. Во расказите во оваа книга можеме да го засведочиме елегантниот и луциден стил на овој автор.
„Тревор е мајстор на кратката фикција. Неговата внимателно напишана, лирска проза, истовремено иронична и елегична, е невозможно да ја испуштите од раката. Неговите приказни се длабоки, емотивни и незаборавни.“
Паблишерс Викли
490,00 ден -
Писмо за Глорија
200,00 денЗошто да не се фрли и тој главечки во убедувањето дека може да се развие и едно неексклузивно разбирање за припаѓањето, да се погледне од другата страна на дурбинот, да се размислува за севдоменост, а неговиот дом да биде секаде каде што ќе го насети присуството на Глорија? „Да се вдоми.“ Што ако „се вдоми“ е противречен глагол, чии суптилни синоними се „се самопровинцијализира“, „старее“, „умира“? Домот ризикува да стане комфор, а комфорот секогаш значи смрт. Тоа е бруталната вистина, веројатно: или ќе го пронајдеш својот егзил, или ќе тонеш во дом – во зачмаена провинција. Домот значи припаѓање. Но, во крајна линија, и Ружди се прашува – можеби самата идеја за припаѓање е стапица? А и Бифо го користи истиот збор за да го опише идентитетот: стапица. Глорија, Глорија… по средбата со неа во она бистро спроти болницата, тој се согласува и со едниот и со другиот.
350,00 ден -
Боите на разделбата
250,00 ден„Боите на разделбата“ е збирка од девет раскази за разделбите што тешко нѐ погодуваат, за разделбите што нѐ ослободуваат, за успешните и за разочарувачките љубови, за довербата и предавството.
Ова се приказни за луѓе во различни фази од животот, за нивните стравови и надежи.
Девет раскази, девет извонредни камерни игри во кои Шлинк ни прикажува како луѓето се повредуваат, со или без намера, приказни што изненадуваат, вознемируваат, но и приказни што носат радост.
Приказни напишани со јасен и смирен јазик, во коишто се спакувани цели животи.
350,00 ден -
Естом
200,00 ден„Романот „Естом“ е книга во која Николина Андова Шопова продолжува да истражува некои од темите кои се карактеристични за нејзиното творештво: необичните човекови судбини, судбините на чудаци кои се разликуваат од околината во која живеат, верувањето во ирационалното и неискажливото како важен елемент на човековиот живот, чувството дека човековиот живот се состои од мигови кои не можат целосно и до крај да се објаснат. Таков „чудак“ кој живее според сопствени правила е и главниот лик во романот „Естом“ – пантомимичарот Олег. Врвен во она што го прави, целосно посветен на својата уметност и умешност, Олег наликува на оние уметници кај кои нивниот уметнички сензибилитет целосно се поклопува со нивниот живот и судбина. Живеејќи според поетиката на отсуството, на невидливото, на силината на световите што самиот ги создава, а се помоќни од каква било „реалност“, тој успева својот живот целосно да го поистовети со својата уметност“.
Владимир Јанковски
299,00 ден -
Пештера
200,00 ден„Под Владимир закрцка кожната фотелја. Царот на светот откако со тикот го спушти гардот – како што, впрочем, и му приличи, односно, може да си дозволи само вистински суверен – иташе да го освои, да го придобие. Тоа што му ласкаше наметливо, а сепак со достоинствен, како исповеднички тон – заклучи Владимир – не може да биде ништо друго освен израз на потребата од него во организацијата. Но, наеднаш го преплави немир. Не знаеше зошто, ама силно го растрепери стравување старчето да не згреши, да не каже нешто што ќе го остави без алтернатива. В срце го жегна кога низ глава му помина и сосем неприкладната мисла дека треба да разгледа опција и за безглаво бегство…“
„Иако напати добива одлика на жанровска (трилер и детективска) фабула, благодарение на сугестивните ликови и увидот во нивниот внатрешен свет, романот напати добива и одлики на психолошки роман, а особен белег на нарацијата и’ даваат многубројните дијалози меѓу ликовите, кои најчесто расправаат и дебатираат за улогата религијата, филозофијата и уметноста во денешниот свет, така што романот со својата флуидност и разновидност вешто им се отима на сите обиди за строго разграничување во жанровска смисла. Во романот е особено маркантен интертекстуалниот елемент, во кој во преден план се ставени судбините на протагонистите исправени пред крупни одлуки, а меѓу многубројните интертекстуални назнаки и алузии доминираат библиските. Оттука, би можеле да констатираме дека романот на Ристески во многу елементи е нестандарден и оригинален роман во современата македонска литература“.
Владимир Мартиновски
299,00 ден -
Вечерен автобус
200,00 денВојдан седна на клупата и го крена погледот угоре кон ѕвезденото небо. Седењето беше неудобно и поради тоа гледањето кон небото беше испрекинато. На клупата фалеа штици, а на едниот крај беше шлапната една леплива розова мастика.
Порано тој ги познаваше сите соѕвездија што ја красеа северната хемисфера. Се обидуваше да се присети на тоа заборавено знаење, бидејќи сакаше да ги покаже соѕвездијата и да раскаже некоја прикаска за нив на човечката силуета што се туткаше веднаш до него на клупата.
„Сигурен сум дека постоеше соѕвездие по име Квачка, група ѕвезди набиени една до друга како во кош… беа некаде на онаа половина од небото“, рече Војдан и покажа нагоре со прстот, иако не можеше баш точно да го пронајде соѕвездието. Обидот да раскажува за ѕвездите не му беше баш успешен.
Околу три часот наутро, кога свежиот летен ветрец сосем го излади градот и околното ридје, некаде кон југ или исток силно се озари некое небесно тело. Точката ја разбиваше мастиловата боја на небото и изгледаше како новогодишна ѕвезда; како да беше вешто пресликана од некоја стара честитка што пристигнала во поштенското сандаче, таму над нив; можеби на задната страна од картончето пишуваше „Среќна Нова 1990!“. Барем за миг, тоа е ѕвезда што трепери врз вистинското ноќно небо, одземена од нејзиниот симулакрум осипан со сребрени светки што ги имаше на повеќето празнични разгледници.
„Најверојатно тоа е исток“, вели Војдан, а потоа размислува колку е залудно да се тврди дека тоа е која било страна на светот. Колку е излишно постојано да се бара одредница за сите нешта. Копнеж по систем.
299,00 ден -
Тупаници
200,00 денРаскажани со штедлив и моќен глас што потсетува на Хемингвеј, Селинџер и Остер, трите приказни на Гроси го истражуваат обредот на премин од детски во возрасни години со кој секој од нас се соочил – и што значи да се биде човек во овие модерни времиња.
„Тупаници“, „Коњи“ и „Мајмун“ се три моќни приказни за полнолетството на момчињата кои се соочуваат со реалноста и се борат да останат живи во машкиот свет. Во „Тупаници“, тинејџ боксер-аматер за прв пат влегува во рингот и се наоѓа во судир со Животот во сета негова мускулеста сила; во „Коњи“, двајцата браќа на прагот од зрелоста учат да ја играат машката игра на својствен, болен начин; а во „Мајмунот“, еден млад човек сфаќа дека за да останеме здрави и да преживееме на овој свет, треба да ги жртвуваме нашите детски соништа.
299,00 ден -
Најосаменото место
200,00 денКога станува збор за романот како жанр, читателот, по правило, во помала или поголема мера, не е рамнодушен кон постапките на главните ликови, нивните мисли, цели и мотиви, и најчесто им сочувствува на протагонистите во делото, и колку повеќе го копка нивната судбина, толку повеќе самиот читател се внесува во приказната и на ликовите им посакува среќна завршница. Меѓутоа, постојат отстапки од споменатото „правило“, особено кога читателот и самиот не е сигурен во мотивите и моралот на постапките на главниот лик.
Романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков е токму таков, во кој главниот лик е јас-наратор, чие чудно (но не и чудесно) доживување,во времето помеѓу посетата на еден навидум неинтересен културен настан, предвременото заминување од него и несакањето веднаш да се врати дома, кај сопругата, просто го тера, макар и накусо, да се посомнева во нејзината верност. И иако речиси веднаш ги растерува сите недоумици, припишувајќи ѝ го своето доживување на случајноста, и се враќа сосема ослободен од секаков сомнеж, започнува да се однесува чудно, и спротивно на тврдењето дека е самоуверена и сталожена личност.
Неговите постапки и размислувања, на почетокот суптилно, а како што одминува времето, многу тензично и вознемирувачки, укажуваат на тоа дека се работи за неверодостоен, манипулативен, а во некои покуси моменти, дури и психопатски наратор, кој и покрај сѐ, успева да разбуди сострадание кај читателот, особено кога раскажува за своето детство, за односите со родителите и убавите нешта, но и траумите што ги доживува, играта со зборовите и создавањето нови, чудни, макар и минливи опсесии, бизарно смешното и буквално сфаќање на некои изрази и идиоми.
290,00 ден -
Нешто ќе се случи, ќе видиш
210,00 ден„Грчкиот Фокнер… една од најтрогателните хроники на економската криза што излезе од Грција“.
La Repubblica
„Иконому ја редефинира вредноста и архетипското значење на грчкиот еп… со неколку зборови тој ја отсликува тешкотијата да се живее овде и сега“.
Panorama
„Дијалогот на Иконому блеска со автентичност, додека неговиот наратив премостува едноставен и често груб јазик со моменти на чиста лирика, како искра што поттикнува емоции“.
Conteiner Magazine
„Декамерон на кризата“.
Left Magazine
350,00 ден -
Еврејска работа
150,00 ден„Еврејска работа“ е дебитантско дело на Миколај Гринберг, во кое тој ги преработува приказните на полските Евреи во кратки, трогателни раскази, нудејќи панорама на еврејското искуство во современа Полска. Иако приказните се фикционализирани, секоја од нив содржи прстен на вистината.
Книгата е составена од кратки монолози, во кои карактерите се Евреи, Христијани, атеисти, од сите средини и сфери на животот. Секоја од приказните е трогателна и интензивно лична, претворена во кристална проза. Во овој клучен момент за еврејскиот живот во Полска и во целиот западен свет, со будењето на старите духови на антисемитизмот кои повторно се појавуваат во јавната дебата, и каде слободата на говорот е под закана, се издвојува чистиот и разумен глас на Гринберг.
Неговото дело ги разоткрива длабоките корени на системскиот антисемитизам, притоа нагласувајќи колку секојдневието станало отпорно на истиот, што не е едноставно за анализа. Книгата доби одлични критики и влезе во потесниот избор за престижната книжевна награда „Нике“ во Полска.
250,00 ден -
Засолниште во времето
315,00 ден„Непрекинато произведуваме минато. Ние сме фабрики за минато. Живи машини за минато, што друго. Јадеме и произведуваме минато. Дури и смртта не е решение. Човекот си отишол, а минатото му останало.Каде оди после сето тоа лично минато? Го купува ли некој, го собира ли, го исфрла ли? Или ќе се тркала како стар весник, потфрлан од ветрот по улицата. Каде одат сите оние започнати и недовршени приказни што уште крвават, сите оставени љубовници, „оставени“ – зборот не е случаен, касапски збор.
Дали минатото се разградува или останува практично непроменливо како најлонските ќеси, труејќи бавно и длабоко сѐ наоколу. Не треба ли да има некаде и фабрики за рециклирање на минатото? Може ли воопшто да се направи нешто друго од минатото, освен минато? Може ли на обратен начин да се рециклира во некаква иднина, макар и вторична употреба? Ете ти прашања“.
450,00 ден -
Чудовиштето
273,00 ден„Чудовиштето“ е роман за љубовта, за невозможната, безнадежна, но чиста и искрена љубов меѓу стариот писател и убавата млада новинарка. Нивните животи се испреплетуваат, но и се заробуваат во синџирите на моралната кауза. Роман за мудроста и големото прашање, дали е доволна за разумот на разумниот да се исправи пред моралните закони во него. Злото е привлечно, неговата појава секогаш е само навидум случајна, а всушност строго испланирана и контролирана.
По преводот на романот „Пропаст“ и одличниот прием кај македонските читатели, „Чудовиштето“ е нов предизвик за сите рафинирани љубители на квалитетната литература.
„За книжевните критичари, романот „Чудовиштето“ е лебедовата песна на Владимир Зарев. Ништо не останува засекогаш, вели Зарев на почетокот од книгата, па ни љубовта, останува само споменот за неа, нејзината сенка, нејзиниот здив. Колку е човекот мал и ништожен кога согорува во својот копнеж да се одложи крајот, смртта да се смилостиви да го остави уште малку да се насладува на љубовта. Но дали таа негова желба не е крајно себична и горка?! Зарем е малку еден човечки живот за да се љуби и да се биде љубен?! Булгаковски е крајот на „Чудовиштето“, искупувањето доаѓа преку љубовта, таа е чистата есенција на постоењето, без неа ниту злото ниту омразата не би можеле да преживеат бидејќи на кантарот ќе си тежат самите на себе, ќе немаат противтежа“.
д-р Ана Витанова – Рингачева
390,00 ден -
Еден сив мартовски ден
100,00 ден„Еден сив мартовски ден“ е класичен психолошки роман, со интроспекции и ретроспекции, богат со детали од секојдневниот градски живот. Дејството на романот се одигрува главно во Скопје, во периодот на крајот од 40-те, па се’ до крајот на шеесеттите години од 20 век.
Приказната во романот ги следи животните патеки на три школски другарки – Катарина, Оливера и Маријана, но и на Весна, ќерката на Катарина. Таа приказна започнува и завршува со еден посебен миг – отпуштањето на Катарина од казнено-поправниот завод кадешто одлежувала петгодишна казна поради тешка сообраќајка.
Тој миг е повод за сведувањето на сметките – не само во животот на Катарина, туку и на нејзината ќерка и на нејзините две пријателки. Може да се каже дека секоја од нив го преиспитува својот живот барајќи го моментот кога во него се вовлекла „грешка“ која ќе биде причина за идните судири и недоразбирања.
350,00 ден -
Бејрутското здружение „Пеколен оган“
200,00 денНа опустошената улица со поглед на гробиштата во христијанската енклава во Бејрут, се среќаваме со еден ексцентричен млад човек по име Павлов, син на локалниот гробар.
Кога неговиот татко ќе се соочи со ненадејна и прерана смрт, на Павлов му приоѓа член на мистериозното друштво „Пеколен оган“ – антирелигиозна секта, која меѓу многуте бунтовни активности организира и таен погреб на отфрлените лица на кои им е оневозможен последниот обред. заради нивната религија или сексуалност.
„Ова е вистинско ремек-дело“, крикнува критичарот Лоренс Џозеф во освртот кон новиот роман на генијалниот Рави Хаж.
390,00 ден -
Ши
200,00 денРекоа за „Ши“:
„Ова дело е доказ дека кога на едно место ќе се сретнат брилијантен ум, ерудитско знаење, остроумен хумор и талент за пишување, не мора по секоја цена да излезе добар роман“.
Коља Мрак„Толку често сум цитиран во романов, што во еден момент помислив дека јас сум го напишал“.
Валтер Бенјамин„Мислам дека гавранот е земен од кај мене“.
Едгар Алан По„Ми се допадна местото во книгата каде што авторот вели дека ги сака моите кратки раскази, но не би се согласил со него за моите филмови – тие се исто така многу добри“.
Вуди Ален„Никогаш не сум носел чадор, а не пак, да сум удрил некого по глава. Но, тоа што сум претставен така многу зборува за личноста на авторот и за социјално-психолошката состојба во која го создал ова недело“.
Ернест Бекер„Донеси шише ракија кога ќе идеш наваму, Гане нѐ отру со смутија“.
Петре„Зошто не пробаш од ова да направиш филм?“
Дејвид Мемет„Нe мачи се, нема будала што ќе ти го режира!“
Квентин Тарантино„Јас би пробал, и така немам свежа идеја што би ја искористил за мој последен филм“.
Мартин Скорсезе„Ве читам и се смеам“.
Смртта299,00 ден -
Во главата слушам песна
100,00 ден„Кратките раскази (кратки кратки раскази, микрораскази или микрофикција, како што би можеле да се наречат) во збирката Во главата слушам песна (лирски рефрени) – внимателно структурирани, уметнички ефективни и емотивно топли – издвојуваат значајни лични моменти од животот на авторката и откриваат аспекти и односи кои обично се затскриени или чии импликации не се видливи сè додека самите раскази не ги откријат нивните потенцијални значења… тие не само што раскажуваат приказна, туку претставуваат и размислување за можните значења на настанот опишан во приказната, каде што доаѓа до израз и емпатијата на авторката и способноста да ја преземе на себе, а со тоа и да ја сфати, перцепцијата на другите…“
Калина Малеска
200,00 ден -
Приказни на тивок оган
100,00 ден„Расказите во збирката „Приказни на тивок оган“ на Светлана Камџијаш се создадени со длабока мисла, широка емоција и висока ерудиција, со буен стил и прецизна структура. Нив авторката успеала да ги напише со онаа тешко остварлива виртуозност која подразбира да се раскаже флуидно она што е најтешко за искажување. Способност која можеби најдобро може да се опише ако се обидеме да преобликуваме една констатација искажана за лик во еден од расказите во оваа книга: „Невидливото го правеше видливо“. За неа, за нејзината раскажувачка умешност и уметност, тоа би било: Невидливото и тешко искажливото го прави видливо, преку зборовите. Во тоа искажување на она што најчесто останува обвиено од молкот, Светлана Камџијаш тргнува од деталот и стигнува до сепроникнувачка целина, започнува со мигот и го опфаќа животот“.
Гоце Смилевски
250,00 ден -
Молчи со отворена уста
200,00 денТатко ми воздивна, а потоа со прашален поглед изусти:
„Што да правиме сега со документиве?“
„Може ли да ги задржам кај мене? Можеби ќе ми се најдат некогаш, ако решам повторно да пишувам. Важно е дека сега знаеме нешто повеќе од претходно.“
„Што со тоа?“, повеќе за себе прокоментира татко ми.
„Ништо особено. Ја знаеме вистината. Не целосно, делумно. Но, барем малку ќе нè успокои… евентуално да ни ги олесни живејачката и умирачката“, му одговорив насмевнувајќи се.270,00 ден -
Неми филмови
100,00 денСосема случајно, ја сретнав Марија на аголот од една улица во стариот дел од градот, блиску до куќата на мајка ѝ. Со себе носеше книги. Ми кажа дека сега пристигнала дома, но само за кратко и дека сепак ќе се врати кон крајот на летото (повторно истото тегобно навестување дека времето поминува). Беше облечена во единствениот жолт фустан, а патоказите во форма на мали црни точки на нејзиниот мек, бел грб ме одведоа до еден друг јуни, кога ги испитуваше измачените лица на пазарџиите и филозофираше со наивноста на убаво намирисана и чиста девојка. Се сетив како нејзиниот грб беше осветлен од портокалевите сијалици залепени над креветот од мојата соба, кој беше утешно голем за двајцата во неиздржливите приквечерини на претходното лето. Тогаш, влегувајќи во неа, почувствував како во мојата душа се насобрале илјадниците книги од мојот живот, со своите тврди, црни, зелени и црвени корици, со измачените ‘рбети и шилести агли и натежнале како нешто неискажано, нешто што не успеав да ѝ го кажам на мојата мајка во детството, на мојот татко малку подоцна, а најпосле ниту нејзе.
200,00 ден -
Вергина
100,00 ден„Понекогаш замислувам дека ова е некој мал мексикански град, каде што луѓето се тепаат со тупаници за да предизвикаат дожд“.
Одличен дебитантски роман на Јана Узунова.
Несекојдневно и провокативно!
250,00 ден -
Последните денови на Ханс
100,00 денНе би сакал да стекнам репутација на нихилист, јас ги сакам власта и законите исто колку и моралот. Така често си размислувам, што би правел со себеси ако не се издигнев до небото, тогаш веројатно сè би било лишено од објективно значење. Но, ми беше предодредено да допрам една половина од светот и сè што ќе допрам да биде мое. Не сакам да мислите дека сум фаталист, напротив, јас преку својата волја и интелигенција бев предодреден за таа улога. Самиот постигнав сè. И тука нема никаква случајност, сепак не сакам да звучам како детерминист. Не, не сум ни тоа. Ниту емпирист, јас немав никакво искуство пред да ги поседувам сите тие добри работи, ниту рационалист, оти и денес не се водам од разумот, туку од возвишените чувства на срцето. Отворено застанав зад желбите за моќ и доминација без никаков проблем. Не сум опортунист, не сакам да бидам погрешно сфатен. Покрај своите интереси, јас се грижев и за интересите на светот. Ниту макијавелист, бидејќи на крајот бев крајно изманипулиран и предаден. Во својата најдлабока внатрешност, јас сум плашливец, слаб и повреден човек.
250,00 ден -
Пластични раскази
100,00 ден„Ова се раскази за еден забеган, изопачен свет, раскази на кои не можаме да им се лутиме за нивната бруталност и тератологија, за нивниот веризам и шок-сликите на телото, затоа што тие говорат за еден – таков свет. Наш свет. Кога само малку овие раскази би се спуштиле од зоната на надреалното, тие би можеле да бидат претставници на еден нео-реализам; нема човек кој би се осмелил да тврди дека реалниот свет во кој живееме е помалку брутален од оној свет во расказите на Илов. Само, во неговите раскази тој е питорескен. Импресионистички до крв, до црвената боја на крвта. Тоа се раскази кои покажуваат дека и под пластиката што станува метафора за нашиот свет – има крв. И дека и таа пластика може да прокрвави. Дека има душа!“
Венко Андоновски
250,00 ден -
Послушен брод што плови
100,00 денСи седиме на ладниот кујнски под.
Тој жив, јас мртва во неговите прегратки.
А не сакам да оди во затвор, да можеше да ме чуе ќе му кажев да се собере и да најде начин да ми го фрли телото некаде, во некој ендек, да изгледа како несреќа. Можеби ме убил некој крадец, ме силувал некој силувач, ме измачувала некоја ментално нестабилна личност, нешто, што било можело да ми се случи.
Но тој седи и плаче како мало дете.
Па, добро, ништо страшно, еднаш секако ќе се разделевме, некој мора да умре.
Што е важно каква е смртта.250,00 ден -
Пливање спротиводно
100,00 ден„Ненад Јолдески ги покажува своите вештини на опишување на урбаните и природните амбиенти и пејзажи, особено оние кои нескриено го сигнализираат присуството на Струга и струшкото крајбрежје. Тој ни нуди едноставна, но современа нарација која е интимно поврзана со неговото струшко-македонско ментално битие од каде што тој поаѓа во освојување на книжевниот свет и каде што се враќа за да му даде смисла на тој свој свет. Се враќа постојано назад, а всушност продолжува напред, преосмислувајќи ги парадигмите на враќањето врз параболата на јагулите. Раскажувајќи ја македонската сага врз предлошката на јагулите, на Охридското Езеро на Дрим. Река која не исчезнува“.
Катица Ќулавкова
250,00 ден -
Шепотот на Данте
100,00 ден„Расказите во „Шепотот на Данте“, осум на број, на чудесен начин го продолжуваат тематското ткаење на Митевска започната уште со првата нејзина збирка раскази „Додека Данте спие“ што имаше убав успех кај читателската публика. Нема сомнеж дека преку постапката на очудување, Митевска го слика нашето секојдневие, но секогаш видено од нејзин специфичен агол, максимално изневерено а со тоа суверено претворено во убава, сугестибилна проза. Во сите осум раскази, од „Бесмислица“ до последниот „Мојата среќа“, Митевска излегува од рамките на секојдневното и моќно го надоградува истото за кога ќе ни го презентира напишаното, да не изненади со ефектен крај смислен од оваа наша уникатна раскажувачка“.
Драги Михајловски
200,00 ден -
Три дена во Париз
100,00 ден„Збирката раскази сведочи дека Крстески „има око“, односно поседува сликарски талент, што е очигледно од неговите изложби, а во книгата и од оптичкиот квалитет на неговите секојдневни глетки. Ова е прва раскажувачка книга на Крстески, но по нејзиното прочитување, недвојбениот впечаток е дека авторот додека ја создавал имал голема глад за пишување. Јунаците на неговите раскази умеат да ги видат и да ги опишат видливите, но и потскриените нијанси на надворешното и внатрешното живеење. Неговата проза има животен ритам. Книгата раскази „Три дена во Париз“ на Емил Крстески ќе ги привлече читателите кои се духовити, човечни и противници на приватните и општествените репресии. Уживајте!“
Александар Прокопиев
250,00 ден -
(Со)шиени раскази
200,00 ден„И во ‘(Со)шиени раскази’, како и во сите претходни дела на Оливера Ќорвезироска, се чувствува посебниот однос што таа го има кон/со јазикот. При гласното исчитување на расказите од циклусите „Оверлок“ и „Цик-цак бод“, читателите ќе забележат дека, дали заради начинот на кој се врзани еден со друг, или заради целата приказна што ја носат, или и заради едното и другото, зборовите имаат едно специфично синестезичко својство. Тие понекогаш блеснуваат со светлоста на пастелните тонови, понекогаш се матни, густо нанесени бои, другпат се драматично јарки, а секогаш како со игла го допираат срцето. И секогаш се борат за смислата на постоењето, а против бесмислата и недоразбирањето.“
Гоце Смилевски
350,00 ден

КРЕАТИВНА ЕВРОПА







































