Колекционер

Од (автор)Џон Фаулс

450,00 ден

„Особено вешт прв роман со оригинална замисла и прониклива анализа на една опсесија. Се работи за грабнување – налудничавиот чиновник ја заробува студентката по сликарство која му претставува фиксација, по што следува монструозна игра на разум и лудило, мегдан на умови без допирни точки“.

КЕНЕТ ОЛСОП, Дејли мејл

„Ова неверојатно достигнување може да се чита како трилер… или како проучување на морбидна психологија.”

ФРАНСИС АЈЛС, Гардијан

„Уште поважен од генијалниот приказ на една психопатска опсесија е оној на состојбата на приврзаност…”

ЏУЛИЈАН ЏЕБ, Сандеј тајмс

Распродадено

ШИФРА: 25
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2008

Број на страници

314

Превод/Препев

превод од англиски: Калина Јанева

Џон Фаулс (1926-2005) е британски автор, кој веќе со првиот роман, „Колекционер“ (1963), се закити со бројни меѓународни признанија. Веднаш бил забележан како особено иновативен писател со неверојатна фантазија кој пишува силно сугестивни и описни дела кои комбинираат психолошки истражувања – главно за сексот и љубовта – со интерес за социјалниот и философски контекст на човечкото однесување.

По збирката философски афоризми „Аристос“ (1964), следуваат неговите најпознати остварувања, „Волшебникот“ (1966), за битката меѓу младиот главен лик и таинствениот владетел на еден грчки остров и неговите следбеници; и „Жената на францускиот поручник“ (1969), повеќеслоен викторијански роман со три краја. Автор е и на збирката раскази „Стаклено ѕвоно“ (1974), романите „Даниел Мартин“ (1977), „Мантиса“ (1982), „Црвец“ (1985) и други.

Некои од неговите дела, меѓу кои „Колекционер“, „Волшебникот“ и „Жената на францускиот поручник“, доживеале свое остварување и на филмското платно.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.