Прикажани 1–40 од 206 книги

  • Боите на разделбата

    „Боите на разделбата“ е збирка од девет раскази за разделбите што тешко нѐ погодуваат, за разделбите што нѐ ослободуваат, за успешните и за разочарувачките љубови, за довербата и предавството.

    Ова се приказни за луѓе во различни фази од животот, за нивните стравови и надежи.

    Девет раскази, девет извонредни камерни игри во кои Шлинк ни прикажува како луѓето се повредуваат, со или без намера, приказни што изненадуваат, вознемируваат, но и приказни што носат радост.

    Приказни напишани со јасен и смирен јазик, во коишто се спакувани цели животи.

    350,00 ден
  • Естом

    „Романот „Естом“ е книга во која Николина Андова Шопова продолжува да истражува некои од темите кои се карактеристични за нејзиното творештво: необичните човекови судбини, судбините на чудаци кои се разликуваат од околината во која живеат, верувањето во ирационалното и неискажливото како важен елемент на човековиот живот, чувството дека човековиот живот се состои од мигови кои не можат целосно и до крај да се објаснат. Таков „чудак“ кој живее според сопствени правила е и главниот лик во романот „Естом“ – пантомимичарот Олег. Врвен во она што го прави, целосно посветен на својата уметност и умешност, Олег наликува на оние уметници кај кои нивниот уметнички сензибилитет целосно се поклопува со нивниот живот и судбина.  Живеејќи според поетиката на отсуството, на невидливото, на силината на световите што самиот ги создава, а се помоќни од каква било „реалност“, тој успева својот живот целосно да го поистовети со својата уметност“.

    Владимир Јанковски

    299,00 ден
  • Двојна експозиција

    „Расказите во „Двојна експозиција“ се непретенциозни во пристапот, барем навидум во насока на кроткоста и обичноста на неговото писмо сфатени како врвен комплимент од блажеконески тип, без оглед на тоа дека нарацијата всушност често крие комплексни и повеќеслојни нијанси. Анѓелков со манир на зрел и искусен писател успева да ја вметне својата поента во израз доволно концизен за да се потврди како квалитет на краткиот расказ, но не претерано збиен, туку во прецизна мера натопен со описи и дигресии кои се освежувачки и додаваат текстура на напишаното без притоа да ја обременат основната наративна нишка. Тоа само го потврдува она што критиката го одбележа уште од почеток на неговата кариера, дека овој автор пишува „зрела проза, суверена во концептот, опстојна во реализацијата, со мерка натопенета во автобиографско и спонтано исушена од патос, од предозираност, од пренапишаност.

    Во фокусот на секоја од приказните лежи едно централно животно прашање, типично за возраста и биолошко-социолошката фаза на ликовите кои се портретираат. Нивниот спектар се движи од оние општоважечки мотиви, па сè до ултимативната дилема што останува по смртта. Немам двојба дека темите кои Анѓелков ги третира ја имаат примамлива моќ да ја заскокоткаат публиката и да не ја остават индиферентна, бидејќи иако не секогаш видливо на прв поглед, расказите на Анѓелков се ангажирани и отвораат актуелни и суштински прашања, како додатна вредност на новата македонска проза. Верувам дека тие ќе ги поттикнат читателите на длабокомислечки и себеспознајни моменти, што впрочем е ултимативната цел на добрата литература. Покрај естетското задоволство таа треба да понуди нова перспектива, да поттикне критичка мисла и, да го парафразирам Френсис Скот Фицџералд, да ни понуди утеха дека нашите копнежи се универзални, дека ние луѓето не сме осамени и изолирани едни од други, туку дека припаѓаме – на група истомисленици, добронамерници, сострадалници, вљубеници…“

    Ана Мартиноска

    299,00 ден
  • Фауна

    „Сместен некаде на студениот Север, овој елегантен и изненадувачки роман сочинет од поврзани приказни ги следи ликовите околу изолираното, чудовишно село на студените, Шиверинг Хајтс, каде што комуницираат чудни и футуристички биолошки форми на живот. Меѓу најчудните од овие форми на живот се луѓето, иако читателите ќе откријат и други. Писмото на Вадне е сурово, еротично и наликува на сон. Таа ќе ве одведе длабоко во магливата, опседната шума и ќе ве привлече до срж“.

    Chicago Review of Books

    „Раскошните слики и бистрата атмосфера создаваат вртоглава слика за светот по човековото постоењето. Овој мрачен, сензуален роман го повикува читателот да ја замисли природата како напредува во токсичните последици од доминацијата на човекот и претставува суштински додаток во новата серија на книжевната еко-фикција“.

    Publishers Weekly

    „Авторката од Квебек, Кристијан Вадне, умешно се надоврзува на делата на авторите на еко-хорор/научната фантастика за да создаде надреален, но научно издржан пост-апокалиптичен свет на постојан биолошки тек и еволуција“. The Star

    „Со посветеност на јазикот, на ритамот, на сликите, Вадне внесува митски, дури и библиски квалитет во реалноста на глобалното затоплување“.

    Locus

    „Продуховена визија за последните времиња што нè потсетува дека од старото ќе се роди ново време, подеднакво диво и живо како и примитивните почетоци на претходното“.

    La Presse

    Или, доколку ги сакате Кроненберг, Кафка и Велс, тогаш Фауна е роман за вас, бидејќи го прикажува хипнотичкиот дарвинов кошмар до кој ќе не доведат нашата негрижа и негирање во годините што претстојат.

    299,00 ден
  • Пештера

    „Под Владимир закрцка кожната фотелја. Царот на светот откако со тикот го спушти гардот – како што, впрочем, и му приличи, односно, може да си дозволи само вистински суверен – иташе да го освои, да го придобие. Тоа што му ласкаше наметливо, а сепак со достоинствен, како исповеднички тон – заклучи Владимир – не може да биде ништо друго освен израз на потребата од него во организацијата. Но, наеднаш го преплави немир. Не знаеше зошто, ама силно го растрепери стравување старчето да не згреши, да не каже нешто што ќе го остави без алтернатива. В срце го жегна кога низ глава му помина и сосем неприкладната мисла дека треба да разгледа опција и за безглаво бегство…“

    „Иако напати добива одлика на жанровска (трилер и детективска) фабула, благодарение на сугестивните ликови и увидот во нивниот внатрешен свет, романот напати добива и одлики на психолошки роман, а особен белег на нарацијата и’ даваат многубројните дијалози меѓу ликовите, кои најчесто расправаат и дебатираат за улогата религијата, филозофијата и уметноста во денешниот свет, така што романот со својата флуидност и разновидност вешто им се отима на сите обиди за строго разграничување во жанровска смисла. Во романот е особено маркантен интертекстуалниот елемент, во кој во преден план се ставени судбините на протагонистите исправени пред крупни одлуки, а меѓу многубројните интертекстуални назнаки и алузии доминираат библиските. Оттука, би можеле да констатираме дека романот на Ристески во многу елементи е нестандарден и оригинален роман во современата македонска литература“.

    Владимир Мартиновски

    299,00 ден
  • Вечерен автобус

    Војдан седна на клупата и го крена погледот угоре кон ѕвезденото небо. Седењето беше неудобно и поради тоа гледањето кон небото беше испрекинато. На клупата фалеа штици, а на едниот крај беше шлапната една леплива розова мастика.

    Порано тој ги познаваше сите соѕвездија што ја красеа северната хемисфера. Се обидуваше да се присети на тоа заборавено знаење, бидејќи сакаше да ги покаже соѕвездијата и да раскаже некоја прикаска за нив на човечката силуета што се туткаше веднаш до него на клупата.

    „Сигурен сум дека постоеше соѕвездие по име Квачка, група ѕвезди набиени една до друга како во кош… беа некаде на онаа половина од небото“, рече Војдан и покажа нагоре со прстот, иако не можеше баш точно да го пронајде соѕвездието. Обидот да раскажува за ѕвездите не му беше баш успешен.

    Околу три часот наутро, кога свежиот летен ветрец сосем го излади градот и околното ридје, некаде кон југ или исток силно се озари некое небесно тело. Точката ја разбиваше мастиловата боја на небото и изгледаше како новогодишна ѕвезда; како да беше вешто пресликана од некоја стара честитка што пристигнала во поштенското сандаче, таму над нив; можеби на задната страна од картончето пишуваше „Среќна Нова 1990!“. Барем за миг, тоа е ѕвезда што трепери врз вистинското ноќно небо, одземена од нејзиниот симулакрум осипан со сребрени светки што ги имаше на повеќето празнични разгледници.

    „Најверојатно тоа е исток“, вели Војдан, а потоа размислува колку е залудно да се тврди дека тоа е која било страна на светот. Колку е излишно постојано да се бара одредница за сите нешта. Копнеж по систем.

    299,00 ден
  • Тупаници

    Раскажани со штеделив и моќен глас што потсетува на Хемингвеј, Селинџер и Остер, трите приказни на Гроси го истражуваат обредот на премин од детски во возрасни години со кој секој од нас се соочил – и што значи да се биде човек во овие модерни времиња.

    „Тупаници“, „Коњи“ и „Мајмун“ се три моќни приказни за полнолетството на момчињата кои се соочуваат со реалноста и се борат да останат живи во машкиот свет. Во „Тупаници“, тинејџ боксер-аматер за прв пат влегува во рингот и се наоѓа во судир со Животот во сета негова мускулеста сила; во „Коњи“, двајцата браќа на прагот од зрелоста учат да ја играат машката игра на својствен, болен начин; а во „Мајмунот“, еден млад човек сфаќа дека за да останеме здрави и да преживееме на овој свет, треба да ги жртвуваме нашите детски соништа.

    #CreativeEurope4Books

    299,00 ден
  • Колибри

    Меѓународната сензација број 1 од мајсторот на европската литература, Сандро Веронези – добитник на италијанската Premio Strega – е сага за едно фирентинско семејство од 1960-тите до денес. Марко Карера е јунакот во оваа семејна приказна, тој е „колибри“, човек со речиси натприродна способност да остане мирен во хаосот на светот кој постојано се менува. Иако неговиот живот е преполн со емоционални предизвици, Марко продолжува со благороден стоицизам кој го побива интензитетот на живеењето.

    Како прекрасно и привлечно патување низ времето раскажано во голем број наративни стилови, „Колибри“ е приказна за страдањето, среќата, загубата, љубовта и надежта – за човекот кој го отелотворува тивкиот хероизам што го дефинира секојдневниот живот на безброј обични луѓе. Потенцирајќи ја потребата да се гледа во иднината со надеж и да се живее со интензитет до самиот крај, ремек-делото на Сандро Веронези – читливо, богато со знаења и исполнето со интересни пресврти и откритија – е портрет на човековото постоење, перипетиите и каприците кои нè поттикнуваат и на крајот нè дефинираат.

    450,00 ден
  • Најосаменото место

    Кога станува збор за романот како жанр, читателот, по правило, во помала или поголема мера, не е рамнодушен кон постапките на главните ликови, нивните мисли, цели и мотиви, и најчесто им сочувствува на протагонистите во делото, и колку повеќе го копка нивната судбина, толку повеќе самиот читател се внесува во приказната и на ликовите им посакува среќна завршница. Меѓутоа, постојат отстапки од споменатото „правило“, особено кога читателот и самиот не е сигурен во мотивите и моралот на постапките на главниот лик.

    Романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков е токму таков, во кој главниот лик е јас-наратор, чие чудно (но не и чудесно) доживување,во времето помеѓу посетата на еден навидум неинтересен културен настан, предвременото заминување од него и несакањето веднаш да се врати дома, кај сопругата, просто го тера, макар и накусо, да се посомнева во нејзината верност. И иако речиси веднаш ги растерува сите недоумици, припишувајќи ѝ го своето доживување на случајноста, и се враќа сосема ослободен од секаков сомнеж, започнува да се однесува чудно, и спротивно на тврдењето дека е самоуверена и сталожена личност.

    Неговите постапки и размислувања, на почетокот суптилно, а како што одминува времето, многу тензично и вознемирувачки, укажуваат на тоа дека се работи за неверодостоен, манипулативен, а во некои покуси моменти, дури и психопатски наратор, кој и покрај сѐ, успева да разбуди сострадание кај читателот, особено кога раскажува за своето детство, за односите со родителите и убавите нешта, но и траумите што ги доживува, играта со зборовите и создавањето нови, чудни, макар и минливи опсесии, бизарно смешното и буквално сфаќање на некои изрази и идиоми.

    290,00 ден
  • Нешто ќе се случи, ќе видиш

    „Грчкиот Фокнер… една од најтрогателните хроники на економската криза што излезе од Грција“.

    La Repubblica

    „Иконому ја редефинира вредноста и архетипското значење на грчкиот еп… со неколку зборови тој ја отсликува тешкотијата да се живее овде и сега“.

    Panorama

    „Дијалогот на Иконому блеска со автентичност, додека неговиот наратив премостува едноставен и често груб јазик со моменти на чиста лирика, како искра што поттикнува емоции“.

    Conteiner Magazine

    „Декамерон на кризата“.

    Left Magazine

    #CreativeEurope4Books

    350,00 ден
  • Ноќите кога заспивавме во Помпеја

    „Давор Стојановски напишал сјаен роман! Возбудлива и непредвидлива приказна, прецизна нарација со брилијантно чувство за ритам и драматургија, со одлично изградена атмосфера и ликови, со вешто вклопени контемплативни прелевања (некои од нив антологиски парчиња). Му посакувам (и предвидувам) голем успех. Топла препорака“.

    Николина Андова Шопова

    Ноќите кога заспивавме во Помпеја е извонредно возбудлив роман поделен во три дела, во кои од различна перспектива се објаснува приказната. Уште по првата прочитана страница читателот добива чувство на возбуда и заинтересираност, што не попушта до последната. Романот се чита во еден здив, а потоа уште долго време останува во потсвеста“.

    Срѓан Ивановиќ, Плусинфо

    290,00 ден
  • Скопје во високата зона

    „Скопје во високата зона“ се состои од раскази кои, низ четири циклуси, сосредоточени на различни визии што временски и просторно се шират во и околу Скопје, истражуваат различни потенцијални начини на постоење и доживување на искуствата, како можност за трансформирање на постоечките перспективи и светогледи.

    Разнородни по структурата и наративните методи, расказите содржат утописки, дистописки елементи, реинтерпретација на постоечки бајки, лични доживувања, како и слики на специфични моменти од животот.

    250,00 ден
  • Еврејска работа

    „Еврејска работа“ е дебитантско дело на Миколај Гринберг, во кое тој ги преработува приказните на полските Евреи во кратки, трогателни раскази, нудејќи панорама на еврејското искуство во современа Полска. Иако приказните се фикционализирани, секоја од нив содржи прстен на вистината.

    Книгата е составена од кратки монолози, во кои карактерите се Евреи, Христијани, атеисти, од сите средини и сфери на животот. Секоја од приказните е трогателна и интензивно лична, претворена во кристална проза. Во овој клучен момент за еврејскиот живот во Полска и во целиот западен свет, со будењето на старите духови на антисемитизмот кои повторно се појавуваат во јавната дебата, и каде слободата на говорот е под закана, се издвојува чистиот и разумен глас на Гринберг.

    Неговото дело ги разоткрива длабоките корени на системскиот антисемитизам, притоа нагласувајќи колку секојдневието станало отпорно на истиот, што не е едноставно за анализа. Книгата доби одлични критики и влезе во потесниот избор за престижната книжевна награда „Нике“ во Полска.

    #CreativeEurope4Books

    250,00 ден
  • Засолниште во времето

    „Непрекинато произведуваме минато. Ние сме фабрики за минато. Живи машини за минато, што друго. Јадеме и произведуваме минато. Дури и смртта не е решение. Човекот си отишол, а минатото му останало.Каде оди после сето тоа лично минато? Го купува ли некој, го собира ли, го исфрла ли? Или ќе се тркала како стар весник, потфрлан од ветрот по улицата. Каде одат сите оние започнати и недовршени приказни што уште крвават, сите оставени љубовници, „оставени“ – зборот не е случаен, касапски збор.

    Дали минатото се разградува или останува практично непроменливо како најлонските ќеси, труејќи бавно и длабоко сѐ наоколу. Не треба ли да има некаде и фабрики за рециклирање на минатото? Може ли воопшто да се направи нешто друго од минатото, освен минато? Може ли на обратен начин да се рециклира во некаква иднина, макар и вторична употреба? Ете ти прашања“.

    #CreativeEurope4Books

    450,00 ден
  • Чудовиштето

    „Чудовиштето“ е роман за љубовта, за невозможната, безнадежна, но чиста и искрена љубов меѓу стариот писател и убавата млада новинарка. Нивните животи се испреплетуваат, но и се заробуваат во синџирите на моралната кауза. Роман за мудроста и големото прашање, дали е доволна за разумот на разумниот да се исправи пред моралните закони во него. Злото е привлечно, неговата појава секогаш е само навидум случајна, а всушност строго испланирана и контролирана.

    По преводот на романот „Пропаст“ и одличниот прием кај македонските читатели, „Чудовиштето“ е нов предизвик за сите рафинирани љубители на квалитетната литература.

     

    „За книжевните критичари, романот „Чудовиштето“ е лебедовата песна на Владимир Зарев. Ништо не останува засекогаш, вели Зарев на почетокот од книгата, па ни љубовта, останува само споменот за неа, нејзината сенка, нејзиниот здив. Колку е човекот мал и ништожен кога согорува во својот копнеж да се одложи крајот, смртта да се смилостиви да го остави уште малку да се насладува на љубовта. Но дали таа негова желба не е крајно себична и горка?! Зарем е малку еден човечки живот за да се љуби и да се биде љубен?! Булгаковски е крајот на „Чудовиштето“, искупувањето доаѓа преку љубовта, таа е чистата есенција на постоењето, без неа ниту злото ниту омразата не би можеле да преживеат бидејќи на кантарот ќе си тежат самите на себе, ќе немаат противтежа“.

    д-р Ана Витанова – Рингачева

    390,00 ден
  • Еден сив мартовски ден

    „Еден сив мартовски ден“ е класичен психолошки роман, со интроспекции и ретроспекции, богат со детали од секојдневниот градски живот. Дејството на романот се одигрува главно во Скопје, во периодот на крајот од 40-те, па се’ до крајот на шеесеттите години од 20 век.

    Приказната во романот ги следи животните патеки на три школски другарки – Катарина, Оливера и Маријана, но и на Весна, ќерката на Катарина. Таа приказна започнува и завршува со еден посебен миг – отпуштањето на Катарина од казнено-поправниот завод кадешто одлежувала петгодишна казна поради тешка сообраќајка.

    Тој миг е повод за сведувањето на сметките – не само во животот на Катарина, туку и на нејзината ќерка и на нејзините две пријателки. Може да се каже дека секоја од нив го преиспитува својот живот барајќи го моментот кога во него се вовлекла „грешка“ која ќе биде причина за идните судири и недоразбирања.

    350,00 ден
  • Млечни заби

    Збирката раскази „Млечни заби“ е книжевно млечно запче на Хана Корнети.

    Иако збирката содржи и истоимен расказ, насловот на некој начин ги опфаќа темите на десетте раскази – слатките и неслатки маки при растењето како што се бледеењето на детството, кревката вечност на пријателствата, безначајните соништа и поучните кошмари, смртта на блиските, своеволието на книжевните ликови и првите симпатии.

    Секој чин е дел од неговиот создавач, па така и оваа книга е отцепено делче од Хана.

    290,00 ден
  • Жените Гаврилови

    Преработено и проширено новo издание на култниот роман на Кица Колбе од 2008 година.

    Игрите со јазикот се ненаметливи, доаѓаат некако природно, како самиот читател да трага по зборовите на своите предци и оддеднаш се наоѓа пред портата на некој странски јазик. Секој барем еднаш се соочил со тешкотијата да засака некој нов јазик како свој. Таа љубов – да се вдомиш во јазикот на нечија туѓа култура- е привлечна, но и тешка. За ова пишува и авторката на „Жените Гаврилови“. Нејзината приказна е на оската Македонија-Германија меѓу двете култури и двата (или повеќе) дома. Тука е отворено и прашањето за гастербајтерите, за мигрантите, за луѓето кои среќата ја бараат на друго место и за оние кои во таа потрага често се губат себеси.

    Колбе не пишува прв пат на оваа тема, таа егзилот го третираше и во своите претходни дела – автобиографскиот роман „Егејци“ и романот „Снегот во Казбланка“. И таму преѓа беа личните приказни на главните јунаци, што во „Жените Гаврилови“ продолжува како природно ткање на еден голем ќилим. Шарата се раѓа сама од себе, од внатрешниот порив на ткајачката, на уметницата , на жената.

    420,00 ден
  • Бејрутското здружение „Пеколен оган“

    На опустошената улица со поглед на гробиштата во христијанската енклава во Бејрут, се среќаваме со еден ексцентричен млад човек по име Павлов, син на локалниот гробар.

    Кога неговиот татко ќе се соочи со ненадејна и прерана смрт, на Павлов му приоѓа член на мистериозното друштво „Пеколен оган“ – антирелигиозна секта, која меѓу многуте бунтовни активности организира и таен погреб на отфрлените лица на кои им е оневозможен последниот обред. заради нивната религија или сексуалност.

    „Ова е вистинско ремек-дело“, крикнува критичарот Лоренс Џозеф во освртот кон новиот роман на генијалниот Рави Хаж.

    390,00 ден
  • Денот на црвот

    Денот на црвот е роман што од ред во ред, од страница во страница постојано изненадува. Ракописот на Јованоска изобилува со свежи компарации никаде досега сретнати, ненаметлива духовитост, понекогаш и со одмерена доза сарказам. И без исклучок: проникливост и интелигентност! Сето ова во комбинација со неспорниот талент и безмалку зачудувачки зрелата раскажувачка вештина, му овозможува на нејзиното дело висок дострел“.

    Јагода Михајловска Георгиева

    *Книгата ја доби наградата „Роман на годината“ 2021 на Фондацијата „Славко Јаневски“

    290,00 ден
  • Кога светлината згаснува

    Од годините на егзил, преку годината на падот на Берлинскиот ѕид па сѐ до новиот милениум, се протега историјата на едно германско семејство раскажана во романот „Кога светлината згаснува“. Приказната нѐ води од Мексико преку Сибир сѐ до новооснованата ГДР, прикажувајќи ни ги големите достигнувања, но и падови на 20. век. Така настанува една широка панорама, еден голем роман за Германија, кој раскажан толку човечно и на моменти смешно, ни овозможува да ја доживееме историјата како семејна историја.

    Во средиштето на овој роман се прикажани три генерации: бабата и дедото, комунисти по убедување, кои се враќаат од мексиканскиот егзил дома во ГДР, за таму да придонесат во градењето на новата република. Нивниот син, кој како млад маж побегнал во Москва и подоцна бил транспортиран во сибирски логор, го започнува патувањето од другиот крај на светот, од Урал. Се враќа во малограѓанското опкружување со својата руска сопруга, и верува дека може да ја промени оваа нова република. На внукот по извесно време му станува претесна избраната татковина на родителите и бабата и дедото – и токму на деведесеттиот роденден на патријархот, заминува на запад.

    Блескавата моќ на политичката утопија изгледа како да се замрачува до генерација до генерација: Тоа е времето кога светлината згаснува.

    390,00 ден
  • Ши

    Рекоа за „Ши“:

    „Ова дело е доказ дека кога на едно место ќе се сретнат брилијантен ум, ерудитско знаење, остроумен хумор и талент за пишување, не мора по секоја цена да излезе добар роман“.
    Коља Мрак

    „Толку често сум цитиран во романов, што во еден момент помислив дека јас сум го напишал“.
    Валтер Бенјамин

    „Мислам дека гавранот е земен од кај мене“.
    Едгар Алан По

    „Ми се допадна местото во книгата каде што авторот вели дека ги сака моите кратки раскази, но не би се согласил со него за моите филмови – тие се исто така многу добри“.
    Вуди Ален

    „Никогаш не сум носел чадор, а не пак, да сум удрил некого по глава. Но, тоа што сум претставен така многу зборува за личноста на авторот и за социјално-психолошката состојба во која го создал ова недело“.
    Ернест Бекер

    „Донеси шише ракија кога ќе идеш наваму, Гане нѐ отру со смутија“.
    Петре

    „Зошто не пробаш од ова да направиш филм?“
    Дејвид Мемет

    „Нe мачи се, нема будала што ќе ти го режира!“
    Квентин Тарантино

    „Јас би пробал, и така немам свежа идеја што би ја искористил за мој последен филм“.
    Мартин Скорсезе

    „Ве читам и се смеам“.
    Смртта

    299,00 ден
  • Витезот и византијката

    „Се радувам за професорот. Изгледа навистина најде во неа достоен соговорник. Таа толку го инспирира, што сигурно се почувствувал млад. Впрочем, младоста не е прашање на телото, туку на духот, како што знаел и Ниче. Што велите“, се насмеа Јоханес.

    „На кого мислиш“, го праша расеаниот Витез.

    „Ах, Даниел! Не се прави дека не знаеш за кого зборуваме! За Византијката!“

    390,00 ден
  • На враќање

    „Пишувањето роман бара трпение и посветеност, а пишувањето добар роман бара и талент за привлечно и деликатно раскажување на приказната. Нема сомнение дека Фросина го има и едното и другото во овој нов, возбудлив спој на конкретното и универзалното, на судбинското и рационалното, на патувањето и враќањето во домот“.

    Елизабета Баковска

    350,00 ден
  • Лето во кое те нема

    „Во однос на универзалните книжевни текови, Андоновски со своите романи го носи големиот свет во македонскиот јазик, промислувајќи го естетски релевантно и актуелно. Она што од една страна е врзаност на авторот со поднебјето, од друга страна се претвора во сензитивна мембрана преку која продираат големите нешта во малата книжевност. Андоновски зафаќа теми кои одамна (или никогаш) не се пишувани кај нас. Другоста, траумите, сексуалноста, престапите, осамите… како ореоли на луѓето од секојдневието. Просторот на делата на Андоновски најчесто не е или само делумно е наш, неговите романи речиси секогаш се населуваат или се поврзуваат со далечното, неодреденото… со морето и синиот бескрај и во оваа негова карактеристика се препознава отскокнување од локалното, но само во поетолошко-филозофска смисла. На тој начин, најнашето станува најсветско или обратното – најсветското станува најнаше. Токму во овој спој на нештата е неговата вистинска вредност и посебност во домашната книжевност“.

    Оливера Ќорвезироска

    280,00 ден
  • Во главата слушам песна

    „Кратките раскази (кратки кратки раскази, микрораскази или микрофикција, како што би можеле да се наречат) во збирката Во главата слушам песна (лирски рефрени) – внимателно структурирани, уметнички ефективни и емотивно топли – издвојуваат значајни лични моменти од животот на авторката и откриваат аспекти и односи кои обично се затскриени или чии импликации не се видливи сè додека самите раскази не ги откријат нивните потенцијални значења… тие не само што раскажуваат приказна, туку претставуваат и размислување за можните значења на настанот опишан во приказната, каде што доаѓа до израз и емпатијата на авторката и способноста да ја преземе на себе, а со тоа и да ја сфати, перцепцијата на другите…“

    Калина Малеска

    150,00 ден200,00 ден
  • Скопски дамари

    „Сето она што го раскажува Иванов во своите приказни за Скопје, како ретко кој македонски писател, создава своевидна мапа на градот, карта од која извира животна сила составена од нерви и крвни садови за силна пулсација на урбаното битие, која содржи и разни пукнатини и шуплини пред кои не смее да се затворат очите и кои треба да се забележат и прераскажат. Така Скопје на суптилен начин станува засебен лик во оваа збирка раскази, град-личност кој секогаш е подготвен да ја покаже својата сила, „небаре сениште кое тешко ја поднесува дневната светлина“, но тој е и „брод со драгоцен товар“ на кој секогаш ќе му се навраќаме во нашите книжевни творби. Со почит кон Скопје, и особено кон Благоја Иванов, Ви посакувам пријатно патување низ скопските книжевни дамари, засолнати од заборавот на ова посебно место, во оваа драгоцена книга“.

    Игор Анѓелков

    250,00 ден
  • Скопје: Изгубените чевли на градот

    Како кога заспиваш дете: се обидуваш да се извлечеш тивко и бесшумно од постелата, да се искрадеш на прсти и да излезеш од собата без да го разбудиш. Tоа, сепак, се буди, го забележува твоето ситно предавство и со плачлива наредба те повикува назад во креветот. Немаш избор и се враќаш, со лутина што не ја покажуваш поради плановите што се одложуваат на неодредено, сè додека малечкото не го обземе малку поцврст сон. Но, истовремено, чувствуваш некаква благост и топлина слушајќи го рамномерното, сега веќе поспокојно дишење на детето што не дозволува да биде напуштено, барем додека е будно. На речиси ист или барем сличен начин, некои луѓе никогаш не си заминуваат од Скопје.

    150,00 ден
  • Шрапнел

    Да се замине или да се остане? Таа вели дека во последниве месеци не може да заспие поради една мисла која долго ја мачи.

    Почина татко ми. Поминавме низ голгота во која главната улога ја имаше пеколното државно здравство. Тешко е кога ќе изгубиш родител.

    „Прави го она што е најдобро за тебе во животот и ич да не ти е гајле што мислат другите. Знам дека не е лесно, но тоа е единствениот пат!“

    Можеби е време за нов роман? Да, време… ми треба време… да украдам време… да го напишам, допишам… да го наредам мозаикот од сите распрснати камчиња… време за книгата преку која ќе ги истражам суптилните релации меѓу историјата, личното сеќавање, односот со најблиските и општествените околности кои влијаат врз емотивното и приватното, нешта кои ме прогонуваат и засега не ми даваат мир за помирување со состојбата.

    299,00 ден
  • Приказни на тивок оган

    „Расказите во збирката „Приказни на тивок оган“ на Светлана Камџијаш се создадени со длабока мисла, широка емоција и висока ерудиција, со буен стил и прецизна структура. Нив авторката успеала да ги напише со онаа тешко остварлива виртуозност која подразбира да се раскаже флуидно она што е најтешко за искажување. Способност која можеби најдобро може да се опише ако се обидеме да преобликуваме една констатација искажана за лик во еден од расказите во оваа книга: „Невидливото го правеше видливо“. За неа, за нејзината раскажувачка умешност и уметност, тоа би било: Невидливото и тешко искажливото го прави видливо, преку зборовите. Во тоа искажување на она што најчесто останува обвиено од молкот, Светлана Камџијаш тргнува од деталот и стигнува до сепроникнувачка целина, започнува со мигот и го опфаќа животот“.

    Гоце Смилевски

    200,00 ден250,00 ден
  • Молчи со отворена уста

    Татко ми воздивна, а потоа со прашален поглед изусти:
    „Што да правиме сега со документиве?“
    „Може ли да ги задржам кај мене? Можеби ќе ми се најдат некогаш, ако решам повторно да пишувам. Важно е дека сега знаеме нешто повеќе од претходно.“
    „Што со тоа?“, повеќе за себе прокоментира татко ми.
    „Ништо особено. Ја знаеме вистината. Не целосно, делумно. Но, барем малку ќе нè успокои… евентуално да ни ги олесни живејачката и умирачката“, му одговорив насмевнувајќи се.

    270,00 ден
  • Неми филмови

    Сосема случајно, ја сретнав Марија на аголот од една улица во стариот дел од градот, блиску до куќата на мајка ѝ. Со себе носеше книги. Ми кажа дека сега пристигнала дома, но само за кратко и дека сепак ќе се врати кон крајот на летото (повторно истото тегобно навестување дека времето поминува). Беше облечена во единствениот жолт фустан, а патоказите во форма на мали црни точки на нејзиниот мек, бел грб ме одведоа до еден друг јуни, кога ги испитуваше измачените лица на пазарџиите и филозофираше со наивноста на убаво намирисана и чиста девојка. Се сетив како нејзиниот грб беше осветлен од портокалевите сијалици залепени над креветот од мојата соба, кој беше утешно голем за двајцата во неиздржливите приквечерини на претходното лето. Тогаш, влегувајќи во неа, почувствував како во мојата душа се насобрале илјадниците книги од мојот живот, со своите тврди, црни, зелени и црвени корици, со измачените ‘рбети и шилести агли и натежнале како нешто неискажано, нешто што не успеав да ѝ го кажам на мојата мајка во детството, на мојот татко малку подоцна, а најпосле ниту нејзе.

    200,00 ден
  • Аб’т

    Кондураџискиот занает со години затворен во малото сопче во подрумот, скришно излегуваше оттаму кога најмалку мислевме на него. Најчесто како збор. Сред обичен разговор, кој било од нас ќе кажеше гленк, луб, обртаљ, цвик, пенче. Или како нагласен мерак за чевли на сите нас. Секој што ќе нѐ загледаше, можеше да види дека сите секогаш имавме беспрекорни обувки. Занаетот затворен во малото сопче во подрумот, секогаш кога купувавме обувки излегуваше од заточеништво и доаѓаше со нас по продавници. А сите, мама, Час, Вера и јас, и онака бевме опседнати и строго се владеевме според кондураџискиот хороскоп што го беше создал татко ми како сопствен поглед на светот и на поделбата на луѓето во него: на оние кои кинат чевли и на оние кои не кинат; на оние на коишто долго им траат чевли и на оние на кои брзо им се износуваат. „Тоа зависи од денот на раѓањето“, велеше татко ми. „Родените во првата половина од кој било месец, не кинат чевли. Сите родени во втората половина од месецот, чевел не можат да свртат“.

    370,00 ден
  • Вергина

    „Понекогаш замислувам дека ова е некој мал мексикански град, каде што луѓето се тепаат со тупаници за да предизвикаат дожд“.

    Одличен дебитантски роман на Јана Узунова.

    Несекојдневно и провокативно!

    250,00 ден
  • Кога заминав од Карл Либкнехт

    „Еве ја новата книга на Лидија Димковска, фасцинантна како и сѐ напишано од неа. Најсилниот глас на современата македонска литература, подеднакво моќен и во поезијата и во прозата, овој пат и на теренот на расказот. И тоа каков расказ. Какви раскази! Збирката „Кога заминав од „Карл Либкнехт“ е смислена како 27 исповеди на луѓе од различни страни на светот чиј живот на некој начин бил поврзан со името на Карл Либкнехт, поточно за адресата врзана со неговото име. Секој од расказите е мини-новела, роман, па и материјал за филм со сите нишани. Јасна слика, атмосфера што лесно може да се почуствива. Звуци, мириси, бои што од приказните лесно се префрлуваат на читателот. Тоа е мајсторството на Димковска, тоа е магијата на нејзиното писмо. Секоја приказна е микросвет сам за себе, а сепак сите заедно се една поголема, компакнта целина. На макро план јасна и ангажирана вивисекција на актуелните случувања во Европа и светот. Миграциски и идентитетски кризи, азилантски приказни, преселби, напуштања, бегања. Поимот дом, (не)вдоменост, дводомност и/или повеќедомност, припаѓање на една и повеќе култури, јазици и преминувањето на многу, многу граници. Еден од ликовите во расказите „Кога заминав од Карл Либкнехт“ вели: „Знам повеќе јазици, ама само на еден знам да раѓам литература“. Ако реченицата од ликот му ја препишеме на оној што го создал, односно на писателот, тогаш за македонскиот јазик нема поголемо признание и радост, бидејќи е пишуван и ширен од автор како Лидија Димковска“.

    Александра Јуруковска

     

    *Во 2018 год. пет раскази од книгава како целина го добија Специјалното признание „Европско културно наследство“ во рамките на конкурсот за расказ „Европски приказни“ наменет за добитниците на „Наградата за литература на Европската Унија“.

    350,00 ден
  • Последните денови на Ханс

    Не би сакал да стекнам репутација на нихилист, јас ги сакам власта и законите исто колку и моралот. Така често си размислувам, што би правел со себеси ако не се издигнев до небото, тогаш веројатно сè би било лишено од објективно значење. Но, ми беше предодредено да допрам една половина од светот и сè што ќе допрам да биде мое. Не сакам да мислите дека сум фаталист, напротив, јас преку својата волја и интелигенција бев предодреден за таа улога. Самиот постигнав сè. И тука нема никаква случајност, сепак не сакам да звучам како детерминист. Не, не сум ни тоа. Ниту емпирист, јас немав никакво искуство пред да ги поседувам сите тие добри работи, ниту рационалист, оти и денес не се водам од разумот, туку од возвишените чувства на срцето. Отворено застанав зад желбите за моќ и доминација без никаков проблем. Не сум опортунист, не сакам да бидам погрешно сфатен. Покрај своите интереси, јас се грижев и за интересите на светот. Ниту макијавелист, бидејќи на крајот бев крајно изманипулиран и предаден. Во својата најдлабока внатрешност, јас сум плашливец, слаб и повреден човек.

    150,00 ден250,00 ден
  • Пластични раскази

    „Ова се раскази за еден забеган, изопачен свет, раскази на кои не можаме да им се лутиме за нивната бруталност и тератологија, за нивниот веризам и шок-сликите на телото, затоа што тие говорат за еден – таков свет. Наш свет. Кога само малку овие раскази би се спуштиле од зоната на надреалното, тие би можеле да бидат претставници на еден нео-реализам; нема човек кој би се осмелил да тврди дека реалниот свет во кој живееме е помалку брутален од оној свет во расказите на Илов. Само, во неговите раскази тој е питорескен. Импресионистички до крв, до црвената боја на крвта. Тоа се раскази кои покажуваат дека и под пластиката што станува метафора за нашиот свет – има крв. И дека и таа пластика може да прокрвави. Дека има душа!“

    Венко Андоновски

    200,00 ден250,00 ден
  • Послушен брод што плови

    Си седиме на ладниот кујнски под.
    Тој жив, јас мртва во неговите прегратки.
    А не сакам да оди во затвор, да можеше да ме чуе ќе му кажев да се собере и да најде начин да ми го фрли телото некаде, во некој ендек, да изгледа како несреќа. Можеби ме убил некој крадец, ме силувал некој силувач, ме измачувала некоја ментално нестабилна личност, нешто, што било можело да ми се случи.
    Но тој седи и плаче како мало дете.
    Па, добро, ништо страшно, еднаш секако ќе се разделевме, некој мора да умре.
    Што е важно каква е смртта.

    150,00 ден250,00 ден
  • Пливање спротиводно

    „Ненад Јолдески ги покажува своите вештини на опишување на урбаните и природните амбиенти и пејзажи, особено оние кои нескриено го сигнализираат присуството на Струга и струшкото крајбрежје. Тој ни нуди едноставна, но современа нарација која е интимно поврзана со неговото струшко-македонско ментално битие од каде што тој поаѓа во освојување на книжевниот свет и каде што се враќа за да му даде смисла на тој свој свет. Се враќа постојано назад, а всушност продолжува напред, преосмислувајќи ги парадигмите на враќањето врз параболата на јагулите. Раскажувајќи ја македонската сага врз предлошката на јагулите, на Охридското Езеро на Дрим. Река која не исчезнува“.

    Катица Ќулавкова

    200,00 ден250,00 ден
  • Утеха за голите

    „Дали постојат конечни одговори? Дали е можно помирување на оној свет ако тоа не сме го сториле на овој? Дали може да се обвини некој за објектот на неговата страст? Тоа се само дел прашањата, кои Стојановски ги отвора и ги разгледува во своето ново дело. Романот „Утеха за голите“ ги допира и темите на вечноста и бесмртноста, допира неколку горливи етички прашања, ја допира и темата на среќата и радоста во новиот век, се впушта во потрага по утехата во најмрачните периоди на живеењето.

    Со неговиот веќе препознатлив стил и одлична реченица, Давор Стојановски раскажува приказна која ќе го заинтригира читателот притоа нудејќи му задоволство далеку од евтините трилери и провидните deus ex machina решенија на современите романи, а сепак да не биде оптоварен со тешка синтакса и безредно нафрлани заплети. Авторот и овојпат раскажува приказна којашто е мрачна и бизарна, без притоа да ја изгуби својата хуманистичка нота во сиот хаос на современото живеење“.

    Душко Крстевски

    280,00 ден