-
Зашеметен
100,00 ден„Зашеметен е мајсторско дело што не ја крие Ахиловата пета: Тоа е естетско суверен, но и ранлив портрет на човекот на прагот од епохата“. Мајк Фесман, Зидојче цајтунг
„Берфус пишува роман за едно време во кое извесноста се рони, а иритациите растат“. Карин Гросман, Зексише цајтунг
„Само романите што многу ризикуваат се вистински литературни доживувања. А Зашеметен Е литературно доживување“. Филип Тајсон, НЦЦ
250,00 ден -
Далеку од Ирска
290,00 ден„Далеку од Ирска“ е избор од расказите на Вилијам Тревор кои ги обединува тоа што дејството е сместено надвор од родната земја на авторот, но во кои Тревор го истражува познатиот терен: малите таги и радости што го сочинуваат нашето секојдневие. Во расказите во оваа книга можеме да го засведочиме елегантниот и луциден стил на овој автор.
„Тревор е мајстор на кратката фикција. Неговата внимателно напишана, лирска проза, истовремено иронична и елегична, е невозможно да ја испуштите од раката. Неговите приказни се длабоки, емотивни и незаборавни.“
Паблишерс Викли
490,00 ден -
Писмо за Глорија
210,00 денЗошто да не се фрли и тој главечки во убедувањето дека може да се развие и едно неексклузивно разбирање за припаѓањето, да се погледне од другата страна на дурбинот, да се размислува за севдоменост, а неговиот дом да биде секаде каде што ќе го насети присуството на Глорија? „Да се вдоми.“ Што ако „се вдоми“ е противречен глагол, чии суптилни синоними се „се самопровинцијализира“, „старее“, „умира“? Домот ризикува да стане комфор, а комфорот секогаш значи смрт. Тоа е бруталната вистина, веројатно: или ќе го пронајдеш својот егзил, или ќе тонеш во дом – во зачмаена провинција. Домот значи припаѓање. Но, во крајна линија, и Ружди се прашува – можеби самата идеја за припаѓање е стапица? А и Бифо го користи истиот збор за да го опише идентитетот: стапица. Глорија, Глорија… по средбата со неа во она бистро спроти болницата, тој се согласува и со едниот и со другиот.
350,00 ден -
Луѓето, а не градот
190,00 ден„Луѓето, а не градот“ е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ хронотопот град Скопје во текот на неколку децении. Со тоа, на читателите им се дава фунционален објектив низ кој ги следат трансформациите на урбаниот простор, како и на начинот на живот, менталитетот, навиките, гледиштата на скопските жители од различни маала на градот. Всушност, книгата е еден вид на „Музеј на сеќавањата“, како што се вели и во самиот текст, на скопски маала кои постоеле и веќе ги нема, кои постоеле и сè уште постојат, кои постоеле под едни имиња, а потоа се интегрирале со други населби и имињата останале само во сеќавањата на нивните жители“.
Калина Малеска
„Мемоари на урбофилија, полифонична хроника, архива на носталгијата, документарна проза, скопски сведоштва, прозно кроки на Скопје, колаж од сеќавања… сите овие одредници укажуваат на тоа дека од многуте документарни предлошки е искомбинирано нешто што легитимно се препознава како постмодерна проза“.
Соња Стојменска-Елзесер
230,00 ден -
Естом
179,00 ден„Романот „Естом“ е книга во која Николина Андова Шопова продолжува да истражува некои од темите кои се карактеристични за нејзиното творештво: необичните човекови судбини, судбините на чудаци кои се разликуваат од околината во која живеат, верувањето во ирационалното и неискажливото како важен елемент на човековиот живот, чувството дека човековиот живот се состои од мигови кои не можат целосно и до крај да се објаснат. Таков „чудак“ кој живее според сопствени правила е и главниот лик во романот „Естом“ – пантомимичарот Олег. Врвен во она што го прави, целосно посветен на својата уметност и умешност, Олег наликува на оние уметници кај кои нивниот уметнички сензибилитет целосно се поклопува со нивниот живот и судбина. Живеејќи според поетиката на отсуството, на невидливото, на силината на световите што самиот ги создава, а се помоќни од каква било „реалност“, тој успева својот живот целосно да го поистовети со својата уметност“.
Владимир Јанковски
299,00 ден -
Двојна експозиција
250,00 ден„Расказите во „Двојна експозиција“ се непретенциозни во пристапот, барем навидум во насока на кроткоста и обичноста на неговото писмо сфатени како врвен комплимент од блажеконески тип, без оглед на тоа дека нарацијата всушност често крие комплексни и повеќеслојни нијанси. Анѓелков со манир на зрел и искусен писател успева да ја вметне својата поента во израз доволно концизен за да се потврди како квалитет на краткиот расказ, но не претерано збиен, туку во прецизна мера натопен со описи и дигресии кои се освежувачки и додаваат текстура на напишаното без притоа да ја обременат основната наративна нишка. Тоа само го потврдува она што критиката го одбележа уште од почеток на неговата кариера, дека овој автор пишува „зрела проза, суверена во концептот, опстојна во реализацијата, со мерка натопенета во автобиографско и спонтано исушена од патос, од предозираност, од пренапишаност.
Во фокусот на секоја од приказните лежи едно централно животно прашање, типично за возраста и биолошко-социолошката фаза на ликовите кои се портретираат. Нивниот спектар се движи од оние општоважечки мотиви, па сè до ултимативната дилема што останува по смртта. Немам двојба дека темите кои Анѓелков ги третира ја имаат примамлива моќ да ја заскокоткаат публиката и да не ја остават индиферентна, бидејќи иако не секогаш видливо на прв поглед, расказите на Анѓелков се ангажирани и отвораат актуелни и суштински прашања, како додатна вредност на новата македонска проза. Верувам дека тие ќе ги поттикнат читателите на длабокомислечки и себеспознајни моменти, што впрочем е ултимативната цел на добрата литература. Покрај естетското задоволство таа треба да понуди нова перспектива, да поттикне критичка мисла и, да го парафразирам Френсис Скот Фицџералд, да ни понуди утеха дека нашите копнежи се универзални, дека ние луѓето не сме осамени и изолирани едни од други, туку дека припаѓаме – на група истомисленици, добронамерници, сострадалници, вљубеници…“
Ана Мартиноска
299,00 ден -
Пештера
179,00 ден„Под Владимир закрцка кожната фотелја. Царот на светот откако со тикот го спушти гардот – како што, впрочем, и му приличи, односно, може да си дозволи само вистински суверен – иташе да го освои, да го придобие. Тоа што му ласкаше наметливо, а сепак со достоинствен, како исповеднички тон – заклучи Владимир – не може да биде ништо друго освен израз на потребата од него во организацијата. Но, наеднаш го преплави немир. Не знаеше зошто, ама силно го растрепери стравување старчето да не згреши, да не каже нешто што ќе го остави без алтернатива. В срце го жегна кога низ глава му помина и сосем неприкладната мисла дека треба да разгледа опција и за безглаво бегство…“
„Иако напати добива одлика на жанровска (трилер и детективска) фабула, благодарение на сугестивните ликови и увидот во нивниот внатрешен свет, романот напати добива и одлики на психолошки роман, а особен белег на нарацијата и’ даваат многубројните дијалози меѓу ликовите, кои најчесто расправаат и дебатираат за улогата религијата, филозофијата и уметноста во денешниот свет, така што романот со својата флуидност и разновидност вешто им се отима на сите обиди за строго разграничување во жанровска смисла. Во романот е особено маркантен интертекстуалниот елемент, во кој во преден план се ставени судбините на протагонистите исправени пред крупни одлуки, а меѓу многубројните интертекстуални назнаки и алузии доминираат библиските. Оттука, би можеле да констатираме дека романот на Ристески во многу елементи е нестандарден и оригинален роман во современата македонска литература“.
Владимир Мартиновски
299,00 ден -
Вечерен автобус
179,00 денВојдан седна на клупата и го крена погледот угоре кон ѕвезденото небо. Седењето беше неудобно и поради тоа гледањето кон небото беше испрекинато. На клупата фалеа штици, а на едниот крај беше шлапната една леплива розова мастика.
Порано тој ги познаваше сите соѕвездија што ја красеа северната хемисфера. Се обидуваше да се присети на тоа заборавено знаење, бидејќи сакаше да ги покаже соѕвездијата и да раскаже некоја прикаска за нив на човечката силуета што се туткаше веднаш до него на клупата.
„Сигурен сум дека постоеше соѕвездие по име Квачка, група ѕвезди набиени една до друга како во кош… беа некаде на онаа половина од небото“, рече Војдан и покажа нагоре со прстот, иако не можеше баш точно да го пронајде соѕвездието. Обидот да раскажува за ѕвездите не му беше баш успешен.
Околу три часот наутро, кога свежиот летен ветрец сосем го излади градот и околното ридје, некаде кон југ или исток силно се озари некое небесно тело. Точката ја разбиваше мастиловата боја на небото и изгледаше како новогодишна ѕвезда; како да беше вешто пресликана од некоја стара честитка што пристигнала во поштенското сандаче, таму над нив; можеби на задната страна од картончето пишуваше „Среќна Нова 1990!“. Барем за миг, тоа е ѕвезда што трепери врз вистинското ноќно небо, одземена од нејзиниот симулакрум осипан со сребрени светки што ги имаше на повеќето празнични разгледници.
„Најверојатно тоа е исток“, вели Војдан, а потоа размислува колку е залудно да се тврди дека тоа е која било страна на светот. Колку е излишно постојано да се бара одредница за сите нешта. Копнеж по систем.
299,00 ден -
Тупаници
200,00 денРаскажани со штедлив и моќен глас што потсетува на Хемингвеј, Селинџер и Остер, трите приказни на Гроси го истражуваат обредот на премин од детски во возрасни години со кој секој од нас се соочил – и што значи да се биде човек во овие модерни времиња.
„Тупаници“, „Коњи“ и „Мајмун“ се три моќни приказни за полнолетството на момчињата кои се соочуваат со реалноста и се борат да останат живи во машкиот свет. Во „Тупаници“, тинејџ боксер-аматер за прв пат влегува во рингот и се наоѓа во судир со Животот во сета негова мускулеста сила; во „Коњи“, двајцата браќа на прагот од зрелоста учат да ја играат машката игра на својствен, болен начин; а во „Мајмунот“, еден млад човек сфаќа дека за да останеме здрави и да преживееме на овој свет, треба да ги жртвуваме нашите детски соништа.
299,00 ден -
Најосаменото место
174,00 денКога станува збор за романот како жанр, читателот, по правило, во помала или поголема мера, не е рамнодушен кон постапките на главните ликови, нивните мисли, цели и мотиви, и најчесто им сочувствува на протагонистите во делото, и колку повеќе го копка нивната судбина, толку повеќе самиот читател се внесува во приказната и на ликовите им посакува среќна завршница. Меѓутоа, постојат отстапки од споменатото „правило“, особено кога читателот и самиот не е сигурен во мотивите и моралот на постапките на главниот лик.
Романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков е токму таков, во кој главниот лик е јас-наратор, чие чудно (но не и чудесно) доживување,во времето помеѓу посетата на еден навидум неинтересен културен настан, предвременото заминување од него и несакањето веднаш да се врати дома, кај сопругата, просто го тера, макар и накусо, да се посомнева во нејзината верност. И иако речиси веднаш ги растерува сите недоумици, припишувајќи ѝ го своето доживување на случајноста, и се враќа сосема ослободен од секаков сомнеж, започнува да се однесува чудно, и спротивно на тврдењето дека е самоуверена и сталожена личност.
Неговите постапки и размислувања, на почетокот суптилно, а како што одминува времето, многу тензично и вознемирувачки, укажуваат на тоа дека се работи за неверодостоен, манипулативен, а во некои покуси моменти, дури и психопатски наратор, кој и покрај сѐ, успева да разбуди сострадание кај читателот, особено кога раскажува за своето детство, за односите со родителите и убавите нешта, но и траумите што ги доживува, играта со зборовите и создавањето нови, чудни, макар и минливи опсесии, бизарно смешното и буквално сфаќање на некои изрази и идиоми.
290,00 ден -
Ноќите кога заспивавме во Помпеја
203,00 ден„Давор Стојановски напишал сјаен роман! Возбудлива и непредвидлива приказна, прецизна нарација со брилијантно чувство за ритам и драматургија, со одлично изградена атмосфера и ликови, со вешто вклопени контемплативни прелевања (некои од нив антологиски парчиња). Му посакувам (и предвидувам) голем успех. Топла препорака“.
Николина Андова Шопова
„Ноќите кога заспивавме во Помпеја е извонредно возбудлив роман поделен во три дела, во кои од различна перспектива се објаснува приказната. Уште по првата прочитана страница читателот добива чувство на возбуда и заинтересираност, што не попушта до последната. Романот се чита во еден здив, а потоа уште долго време останува во потсвеста“.
Срѓан Ивановиќ, Плусинфо
290,00 ден -
Еврејска работа
150,00 ден„Еврејска работа“ е дебитантско дело на Миколај Гринберг, во кое тој ги преработува приказните на полските Евреи во кратки, трогателни раскази, нудејќи панорама на еврејското искуство во современа Полска. Иако приказните се фикционализирани, секоја од нив содржи прстен на вистината.
Книгата е составена од кратки монолози, во кои карактерите се Евреи, Христијани, атеисти, од сите средини и сфери на животот. Секоја од приказните е трогателна и интензивно лична, претворена во кристална проза. Во овој клучен момент за еврејскиот живот во Полска и во целиот западен свет, со будењето на старите духови на антисемитизмот кои повторно се појавуваат во јавната дебата, и каде слободата на говорот е под закана, се издвојува чистиот и разумен глас на Гринберг.
Неговото дело ги разоткрива длабоките корени на системскиот антисемитизам, притоа нагласувајќи колку секојдневието станало отпорно на истиот, што не е едноставно за анализа. Книгата доби одлични критики и влезе во потесниот избор за престижната книжевна награда „Нике“ во Полска.
250,00 ден -
Еден сив мартовски ден
100,00 ден„Еден сив мартовски ден“ е класичен психолошки роман, со интроспекции и ретроспекции, богат со детали од секојдневниот градски живот. Дејството на романот се одигрува главно во Скопје, во периодот на крајот од 40-те, па се’ до крајот на шеесеттите години од 20 век.
Приказната во романот ги следи животните патеки на три школски другарки – Катарина, Оливера и Маријана, но и на Весна, ќерката на Катарина. Таа приказна започнува и завршува со еден посебен миг – отпуштањето на Катарина од казнено-поправниот завод кадешто одлежувала петгодишна казна поради тешка сообраќајка.
Тој миг е повод за сведувањето на сметките – не само во животот на Катарина, туку и на нејзината ќерка и на нејзините две пријателки. Може да се каже дека секоја од нив го преиспитува својот живот барајќи го моментот кога во него се вовлекла „грешка“ која ќе биде причина за идните судири и недоразбирања.
350,00 ден -
Млечни заби
232,00 денЗбирката раскази „Млечни заби“ е книжевно млечно запче на Хана Корнети.
Иако збирката содржи и истоимен расказ, насловот на некој начин ги опфаќа темите на десетте раскази – слатките и неслатки маки при растењето како што се бледеењето на детството, кревката вечност на пријателствата, безначајните соништа и поучните кошмари, смртта на блиските, своеволието на книжевните ликови и првите симпатии.
Секој чин е дел од неговиот создавач, па така и оваа книга е отцепено делче од Хана.
290,00 ден -
Жените Гаврилови
336,00 денПреработено и проширено новo издание на култниот роман на Кица Колбе од 2008 година.
Игрите со јазикот се ненаметливи, доаѓаат некако природно, како самиот читател да трага по зборовите на своите предци и оддеднаш се наоѓа пред портата на некој странски јазик. Секој барем еднаш се соочил со тешкотијата да засака некој нов јазик како свој. Таа љубов – да се вдомиш во јазикот на нечија туѓа култура- е привлечна, но и тешка. За ова пишува и авторката на „Жените Гаврилови“. Нејзината приказна е на оската Македонија-Германија меѓу двете култури и двата (или повеќе) дома. Тука е отворено и прашањето за гастербајтерите, за мигрантите, за луѓето кои среќата ја бараат на друго место и за оние кои во таа потрага често се губат себеси.
Колбе не пишува прв пат на оваа тема, таа егзилот го третираше и во своите претходни дела – автобиографскиот роман „Егејци“ и романот „Снегот во Казбланка“. И таму преѓа беа личните приказни на главните јунаци, што во „Жените Гаврилови“ продолжува како природно ткање на еден голем ќилим. Шарата се раѓа сама од себе, од внатрешниот порив на ткајачката, на уметницата , на жената.
420,00 ден -
Бејрутското здружение „Пеколен оган“
200,00 денНа опустошената улица со поглед на гробиштата во христијанската енклава во Бејрут, се среќаваме со еден ексцентричен млад човек по име Павлов, син на локалниот гробар.
Кога неговиот татко ќе се соочи со ненадејна и прерана смрт, на Павлов му приоѓа член на мистериозното друштво „Пеколен оган“ – антирелигиозна секта, која меѓу многуте бунтовни активности организира и таен погреб на отфрлените лица на кои им е оневозможен последниот обред. заради нивната религија или сексуалност.
„Ова е вистинско ремек-дело“, крикнува критичарот Лоренс Џозеф во освртот кон новиот роман на генијалниот Рави Хаж.
390,00 ден -
Денот на црвот
245,00 ден„Денот на црвот е роман што од ред во ред, од страница во страница постојано изненадува. Ракописот на Јованоска изобилува со свежи компарации никаде досега сретнати, ненаметлива духовитост, понекогаш и со одмерена доза сарказам. И без исклучок: проникливост и интелигентност! Сето ова во комбинација со неспорниот талент и безмалку зачудувачки зрелата раскажувачка вештина, му овозможува на нејзиното дело висок дострел“.
Јагода Михајловска Георгиева
*Книгата ја доби наградата „Роман на годината“ 2021 на Фондацијата „Славко Јаневски“
350,00 ден -
Филмотопија
150,00 денАнѓелков продолжува ревносно да ја следи филмската продукција кај нас и во светот, и низ рецензентски и есеистички осврти на публиката навремено ѝ нуди увид во случувањата во филмската уметност.
Низ неколку поглавја, во книгата се покриени филмовите од новата македонска продукција, новото европско кино, светската продукција, тука се и секогаш интересните фестивалски случувања кои авторот ги покрива со присуство и искуство на самото место, а во последното поглавје тој остава простор за класикот Алфред Хичкок.
Со оваа книга Анѓелков на одличен начин пополнува еден празен простор во македонското издаваштво, издавајќи книги посветени на филмот, изданија кои, за жал, во годините наназад, можат да се набројат на прсти.
299,00 ден -
Burri im
180,00 ден„Burri im” përmban 11 tregime të rrëfyera nga perspektiva e një gruaje, tregime të cilat flasin për jetën e tyre. Janë gra të cilat ne i takojmë dhe i shohim çdo ditë – amvise, artiste, afariste, profesoresha… Çdo tregim flet për marrëdhëniet e tyre me burrat dhe me fëmijët, me rrethin dhe me shoqërinë.
Por, gjithashtu, secila prej tyre është një kritikë në vete për patriarkatin, i cili është aq thellë i gdhendur në shoqërinë tonë. Secila prej tyre flet për disa gjëra të përditshme, të cilat në shikim të parë janë të zakonshme, dhe pikërisht për shkak të kësaj është edhe pasqyrimi i një realiteti të heshtur nëpër të cilin çdonjëri prej nesh kalon.
300,00 ден -
Животот на Прача Рузвелт/Невиност
100,00 денВо оваа книга имате можност да се запознаете со драмското творештво на славната германска писателка Деа Лоер. Нејзините драми се преведени на повеќе од 30 јазици и се поставуваат насекаде низ светот.
„Животот на Прача Рузвелт“ е драма која го опишува животот во Сао Паоло во кој сите се осамени, а сепак се грижат еден за друг. Сите ликови имаат животни соништа, но од утро до вечер се зафатени со обидите да преживеат во непредвидливата бразилска метропола. Лоер оваа драма ја напиша токму во Сао Паоло, кадешто културните стереотипи велат дека сите танцуваат, пеат и се смеат, и нема простор за депресија. Но германската авторка го преобразува ова клише во гротеска, во која животот е полн со неправди, а уништувањето демне зад секоја, макар и мала, човечка среќа.
„Невиност“, пак, е драма составена од приказни кои се случуваат на маргините на модерното општество, текст кој на прв поглед е длабоко песимистичен, но во исто време е напишан на толку весел и јасен начин. Воздржаниот оптимизам се чувствува во убавината на јазикот и желбата на ликовите да преживеат. Драмскиот текст истовремено зборува за крупните прашања на човештвото, но и за ситните секојдневни појави, за сè што ни го прави животот таков каков што е, со тивка надеж дека постои бегство, или барем некој вид на пат или цел. „Невиност“ според критичарите е најдобриот, најинтензивиот и најестетскиот текст на Лоер, поетска елегија на лингвистичката убавина и сила, проткаена со темна болка и саркастичен гнев.
250,00 ден -
Трилогија за непослушноста
100,00 денКнигата „Трилогија за непослушноста“ од Ивана Сајко ја сочинуваат три драми и еден краток драмски текст.
Драмскиот текст „Вовед до дисјункција“ е нарачан во 2010 година за проектот „Енциклопедија на неживеани животи“ на Маријано Пенсоти за фестивалот „Штајришер хербс“. На истиот фестивал во 2008 година премиерно е одиграна драмата „Rose is a rose is a rose is a rose“ во изведба на белгиската театарска група „Вундербаум“.
„Глетки со јаболкница“ е праизведен во 2009 година во „Штадтеатар Берн“ во режија на Дора Шнајдер, додека драмата „Тоа не сме ние, тоа е само стакло“ во режија на Роберт Тојфел е праизведена во 2013 година во „Шаушпиел Франкфурт“.
200,00 ден -
Страстите на Илија и други драми
100,00 денТрите драми на Дешев се избор од најдобрите негови драмски текстови во изминатите декади.
Во нив тој на најдобар можен начин ги разголува предностите и маните на бугарското општество.
299,00 ден -
Моите ноќни возови
200,00 денЕрик Фај во „Моите ноќни возови“ нè повикува на ноќно, уверливо патување со возови низ Европа и Азија (од Париз, Прага, Москва, до Владивосток, Монголија, Пекинг…) во времето пред падот на Берлинскиот ѕид и крајот на Варшавскиот пакт. Возот го продолжува својот пат меѓу два различни света, обликувани од анахроните императиви на иделогиите, непомирливоста на режимите, светските антагонизми. Тоа возовите го чинат секојдневно и секогаш со нови патници. Секој од нив минува од едно во друго доживување.
Ерик Фај настојува да биде уверлив записинчар на нивните судбини. Низ една ретка идеја, да ги поврзе асоцијативните импресии и размисли низ пругите во еден вид „среќна полноќна инсомнија“, авторот нè поведува низ свет со граници кои го изгубиле своето некогашно значење, низ простори на империи кои повеќе не постојат, низ идеологии кои непомирлво се држат на старите позиции, низ цивилизации коишто ги задржале знаците на некогашното постоење. Тој ги поврзува хрониките за белешките од долгите коридори на вагоните од возовите преполни со различни ликови, кои ја играат полноќната улога на своите народи.
250,00 ден -
Збунети компаси
100,00 денЗбирката поезија „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски се состои од пет циклуси песни кои градат многу занимливи меѓусебни врски, но и деликатни, дискретни, а суштински врски со претходното поетско творештво на Анчевски. Првиот циклус ги поставува поетичките начела и креда на поетот, а четирите циклуси што следат ги разработуваат истите во најразлични детали, ситуации и контексти. Завршниот циклус, пак, наместо да прави заклучоци и поетски „резимеа“ на изнесените начела, всушност, многу умешно и мудро, го враќа читателот на почетокот и бара нов прочит на книгата.
„Збунети компаси е отстојана збирка во најубава смисла на зборот. Раскошна лексика, прибирање на загубените зборови и чување во песна. Нема поубав начин од тоа за еден јазик. За едно пеење. Ибришими, коткања, забели… и едночудо други лексички длабења во слоевиот поетски јазик“.
Оливера Ќорвезироска
200,00 ден -
Гранична состојба
100,00 ден„Песните од новата стихозбирка на Лидија Димковска се директен одговор на горливите прашања кои ги поставува актуелниот миг, и кои се поврзани со егзистенцијалните тегобности, личното и колективното сеќавање, односот на историјата и сегашноста, мигрантството, засилувањето на ксенофобијата, исчезнувањето на хуманоста и солидарноста, неизвесностите на постоењето – сето она што ни го донесе почетокот на векот, или што ние му го донесовме на овој век, од кој истрошивме дваесет и една година. Тие се песни на храброст и непомирливост, на искреност и на бескомпромисност, квалитети кои отсекогаш биле карактеристики на поетиката на Димковска. Од друга страна, наспроти овие одлики-константи, тоа е поетика која низ годините, од првообјавата „Рожби“ пред скоро три децении, па сè до денес, постојано се метаморфозира и развива, и сега е дојдена до степен на потполна отвореност кон фактографското, кон наративното, кон промислување на суштествувањето низ поетското создавање. Согледана во таа развојна низа, „Гранична состојба“ претставува една од кулминативните точки во творечкиот опус на Димковска“.
Гоце Смилевски
*Стихозбирката е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП 2021 година
200,00 ден -
Вонземјанинот Лу-Ру-Су
125,00 денВонземјанинот Лу-Ру-Су не е обичен вонземјанин. Неговите авантури на планетата Земја ќе им се допаднат и на децата и на возрасните.
Ова е совршено забавна книга која крие многу тајни и вистини, надополнети со одличните цртежи на Наталија Лукомска.
250,00 ден -
Животот на смртта
315,00 ден„Серијата на создадени дела кои можеби најмногу соодветствуваат со заедничкото именување „текст-цртеж“ на Перо Георгиев, дивергира кон неколку епистемолошки категоризации. Графичкиот (цртачкиот) спектрум изобилува со мноштво на композитни пораки кои минуваат низ три клучни стилски преобразби: интимен свет, општествено опкружување и универзални вредности. Текстуалните предлози навидум конвергираат кон истите теми кои се обработуваат во цртежот, но тие поседуваат сопствена автономија на мислата, која вешто се преобразува низ екстензија на нови исцртани или илустрирани замисли. Она што ја прави оваа графема или прозна сликовност невообичаена и исклучителна е опсегот на теми и проблематики кои го окупираат интимниот свет на Георгиев, подготвеноста за воспоставување на општа дискурзивна полемика и своевидна артикулација во облик на социо-естетика“.
Натали Рајчиновска Павлеска, ликовен критичар и теоретичар
450,00 ден -
Кртот Ѕвездан
125,00 денПрекрасна поема на Николина Андова-Шопова, надградена со цртежите на Наталија Лукомска.
Вистинска уживанција за најмладите!
„Ноќта кртот Ѕвездан штом се роди
под земјата почна оро да се води.
Се пиеше, се пееше гласно до сабајле
и никој од полиција немаше гајле!“250,00 ден -
Арно ама
199,00 ден„Арно ама“ е збирка раскази во кои протагонистите се две братчиња, Дамјан и Марко, и нивните другарчиња од населбата во која живеат. Иако секој расказ е завршена целина, сепак, со оглед на тоа дека дејството се одвива хронолошки во текот на една година, книгата истовремено може да се чита и како роман. Специфичноста на овие раскази се нивните впечатливи ликови кои не се идеализирани, туку имаат карактеристики на реалните деца – се радуваат, љубопитни се, но некогаш и се нервираат, се лутат, се караат.
Делото третира прашања и проблеми со кои денешните деца навистина се соочуваат, како: убави но и стресни доживувања во градинките и училиштата, насилници во маалото, изгубени играчки и книги, префрлување во ново училиште и нова средина при селење, изнаоѓање пријатели, комуникација со дечиња од други националности, негрижа на некои луѓе за животната средина, ривалство меѓу братчиња и сестрички, осаменост и слично. Таквите проблемите со кои се соочуваат децата се прикажани низ реалистично раскажување, што повремено е испреплетено и со фантастични елементи, особено кога доминира детската имагинација.
Книгата е надополнета со одличните, сугестивни цртежи на Владимир Лукаш.
299,00 ден -
Сновење
100,00 ден„Во секоја „приказна“ има приказна – има делче од нечиј живот, што го препознаваме како наш. Токму тоа давање живот на познатите и многупати преслушувани музички дела е тоа што ги прави овие редови посебни. Во современата униформираност, површност, забрзаност и избрзаност, во трката со времето и заборавањето на себе, Шоптрајанова Петровска нè поттикнува да си дадеме малку време за себе, да си погледнеме во срцата, да си го чуеме сопственото срце и да се препознаеме во величественоста на музиката за која пишува“.
Славица Бабамова
„Ракописот на Лада Шоптрајанова Петровска е пребогат и како книжевен и како музички поттекст. Како материјал, како краткотрајно задоволство напоено со знаење и компетенција. Повлекува врски и со филмот (конкретно во записите за Пучини и Моцарт), со ликовната уметност (Алма Малер – Густав Малер – Оскар Кокошка – Климт)… Шоптрајанова Петровска музичките дела ги ситуира во широко сензибилни контексти и тоа директно резултира со ЧИТЛИВОСТ, висока приемчивост на текстот“.
Оливера Ќорвезироска
200,00 ден -
Однадвор и однатре
100,00 ден„Никола Бувје (1929-1998), патописец. Го пропатува Ориентот, Цејлон, Балканскиот Полуостров, Јапонија, а потоа Ирска, и ни остави дузина книги. Како книжевен номад, Бувје спозна „мигови на неподносливи празнини“.
„Однадвор и однатре“ е единствена збирка поезија од Никола Бувје, објавена за првпат во 1982 година, шест години пред неговото заминување од овој свет. Поезијата е, поточно кажано, прашање на повлекување и на запирање…“
Емануел РЕМБЕР
200,00 ден -
Ти, моја безмилосна една!
100,00 ден„Кога еднаш поезијата ќе те бакне в чело, кога еднаш ќе те фати магијата, кога ќе ја вкусиш сладоста во стихот, пуштање веќе нема, нема враќање, нема раскрстување. Ако поетесата Љупка Антеска во својата книга „Отвори ги очите“ ѝ се обрати на поезијата со наредба или молба: „Поезијо, остави ме!“, Цветанка Колева помирливо, прифатливо, како мајка ѝ вели „Ти, моја, безмилосна една!“. Тој близок, личен однос не произлегува само од арспоетиката, туку повеќезначно се обраќа и сама на себе, но и на секој доволно љубопитен и храбар да влезе во овој поетски свет. Колева е стамено изграден поетски глас, кој не наликува на ниту еден друг глас на поетската сцена, и тоа прави да е вистинско освежување и радост за сладокусците кои се желни да истражуваат и да се радуваат како деца кога ќе пронајдат вакво богатство“.
Снежана Стојчевска
200,00 ден -
Средни години
100,00 денАлеш Мустар со пораките и уметничката вредност на својата оригинална автопоетика, со оваа збирка претставува неповторлив глас во словенечката поезија.
Жири за наградата „Вероника“
Поетскиот глас е разбирлив, непосреден и емотивно обележан, а уште една одлика на авторот е високата мера (само)иронија, црн хумор, па и цинизам од една, како и остра општествена критичност од друга страна.
Кристина Слуга, „Букла“
На „Средните години“ на Алеш Мустар нема што да им се забележи. Кон тоа најмногу придонесуваат комуникативната дикција, неприсилената поетска градба и крајно луцидната иронија на неговата поезија.
Мартина Потиск, „Содобност“
200,00 ден -
Голтка восхит од солзите на вечноста
100,00 ден„Можеби некој во поезијата на Русјаков ќе препознае далечен одек од она што некогаш се нарекуваше „граѓанска“ или „ангажирана поезија“. Сеедно. Но, таа не го содржи во себе нивниот идеолошки идеализам, витализам и поента или децидна порака за хуманизам и етика. Таа, според нас, е најблиска до битничката позеија, која повеќе децении беше хит на Западот, а и денес не пресушила. Битничката поезија значеше бунт против истрошената и брутална капиталистичка цивилизација, која за најголема вредност го прогласи капиталот, а за најголема филозофија, филозофијата на материјалниот профит”.
Ефтим Клетников
200,00 ден -
Клупа меѓу светови
100,00 денВтората поетска збирка „Клупа меѓу светови“ на Горана Митровиќ во која поетскиот субјект, тој „осамен нудист на брегот на изложените чувства“ со автентичен, бескомпромисен и човечки глас изјавува: ја знам единицата мерка за сопствената сила/ на крајот сум или на почетокот?!/најчиста бев кога изгубив сè/правиме плетенка од нашите судбини/во кругот сум/песни претворени во некролози/градот ми беше пружена дланка па сепак, брзав дома за да се осамам/убав е нашиот кревет кога не сме во него и др. заслужува да се прочита во целост за да се открие контекстот и суштината не само на посочените стихови туку и на секоја песна пооделно. Во свет во кој или животот и смртта нè лажат или се самозалажуваме, песните на Горана Митровиќ се песни „со кои се учи вистината“.
Лидија Димковска
200,00 ден -
Од брегот на реката Ганг
150,00 денПо „Ведите и Упанишадите – сликата на светот“ и „Филозофијата Веданта“, авторката ни ги раскажува своите лични искуства од престојот во едно мало село на југот на Индија, во нејзината трета објава за источната филозофија.
300,00 ден -
Облици на моќ во современата книжевност
100,00 денНаведените книжевни мислители сметаат дека литературата има своја структура независна од општествено-политичката реалност, дека читањето поезија или приватните меѓучовечки односи не се израз на политички став. Зошто ваквите гледишта се толку влијателни и широко распространети?
Причината, барем делумно, се должи на тенденцијата за идеализирање на литературата; на неиздржаниот став дека може да постојат трајни вредности што не зависат ниту од времето во кое авторот творел ниту од местото каде што живеел; на стравот дека ако се признае дека книжевноста зависи од општествените околности, тогаш треба да се прифати дека не важат таканаречените „објективни“ критериуми за процена на едно дело книжевно.
250,00 ден -
Филмски град
150,00 ден„Игор Анѓелков е еден од ретките поинакви проследувачи на филмот кај нас, со осврти во кои вградувајќи ги сето свое знаење и љубов кон Седмата уметност, речиси секогаш вклучува и еден вид книжевен дискурс збогатен со парчиња од интимното животно искуство. Токму во ваквиот микс на книжевното и филмското писмо, Анѓелков си го изгради својот препознатлив творечки ракопис со сѐ појасно и повидливо место на нашата културна сцена. Двете нишки во неговото писмо не си одземаат ништо едната на другата, напротив, постојано си додаваат, затоа што никогаш немаат натпреварувачки однос. Примарниот интерес секогаш е јасен и прецизен, а поддршката од секундарниот е само продлабочување на аспектот, препознатлив личен авторски белег. Нивните позиции се менуваат од наслов во наслов на Анѓелков, во зависност од тоа дали издава публицистичка, есеистичка, критичка книга или белетристичка (раскази, романи). Хибридниот интерес на Анѓелков спонтано се движел и кон хибридизација на стилот, делумно и на жанрот на негово писмо. Затоа сето ова изгледа толку автентично. Кога писателот сака филм, а филмаџијата книжевност, настануваат книги како „Филмски град“ – сериозна филмска студија со фина книжевна сенка на стручните, компетентни реченици“.
Оливера Ќорвезироска
299,00 ден -
Еден текст и една жена
100,00 ден„Некој рекол дека денес е полесно да најдете добри писатели отколку добри читатели. Најновата книга на Оливера Ќорвезироска е одличен показ дека е возможно да се спојат добар читател и добар писател во една личност. Снајперски прецизните поенти и согледби, втемелени врз проникливите читања на рецентни книжевни дела со кои писателката развила читателски љубовни врски се најавени уште со насловот на книгата. Благодарение на Оливера Ќорвезироска, секој толкуван книжевен текст во оваа книга добива живи и луцидни „љубовно-критички“ интерпретации низ призмата на „една жена“. Иако станува збор за критичко-есеистичка книга, Ќорвезироска успеала да напише „Книга со срце“. Љубовта кон Текстот е двојно кодирана: како кон Текстот за кој се пишува, така и кон Текстот што притоа се испишува. Оваа книга е истовремено силен демант на честата теза за „смртта на книжевната критика“ во нашиот книжевен контекст“.
Владимир Мартиновски
„Во состојба на замирање на книжевната критика која претставува прекршено огледало за книжевните дела и нивни апсолутен евалватор и канонизатор, еве авторка која и покрај сопственото раскажувачко творештво несебично им се посветува и на своите современици. Кога ги читаме критичките текстови на Оливера Ќорвезироска полни со издржани ставови, со свест и одговорност за критичко вреднување, со поставување на делата во вистински книжевен и културен контекст, текстови напишани на чист и убав јазик, посакуваме да ги прочитаме и делата за кои зборува, но, исто така, денес речиси секој автор/авторка посакува за неговото/нејзиното дело да се произнесе токму Оливера Ќорвезироска“.
Лидија Димковска
„Оливера Ќорвезироска нема никакви предрасуди кон книжевните дела, што е вистинска реткост: имено, за неа од примарно значење не е дали некој автор е дебитант или е веќе етаблирано име во македонската книжевност за да реши да пишува за некое негово/нејзино дело. Зашто, Оливера секогаш пишува за книга, а не за автор; таа ги бара, и ги пронаоѓа, книгите во кои открила книжевни вредности, не чекајќи тие претходно да станат познати во јавноста или признаени од критиката“.
Калина Малеска
300,00 ден -
Варијации на магичниот реализам
100,00 денКнигата се занимава со специфична и не толку позната тема кај нас која ја проследува појавата на магично-реалистичната нарација во светски и македонски рамки, нејзината концептуализација, варијабилност и типологизација. Поаѓајќи од историјатот на терминот магичен реализам, кој се појавува во раните дваесети години на минатиот век и паралелното и взаемно фигурирање на чудесното и реалното, се открива суштината на овој комплексен и суптилен феномен.
Авторката се труди да го разјасни концептот на магичниот реализам преку неговите допирни релации со други блиски поетики и области (особено оние кои го имплицираат присуството на чудесно) како надреализмот и фантастиката. Посебно внимание му се посветува на присуството на реализмот во магичниот реализам, кој е дефиниран како стремеж кон подобрување на реалистичната нарација…
„Варијации на магичнот реализам во светскиот и македонскиот роман“ од Фросина Пармаковска претставува успешен обид за доближување на концептот на магичнореалистичната нарација на македонската научна јавност. Посебен придонес претставува, предложената сопствена систематизација и типологизација, која говори за една прецизност, акрибичност и посветеност на материјата која се обработува.
д-р Јасмина Мојсиева-Гушева
200,00 ден

КРЕАТИВНА ЕВРОПА















































