-
Phobos
280,00 денThe novel Phobos is a unique example of a collage-like, non-linear and highly complex hybrid text that skillfully poses some of the most significant questions about humanity and the world: where we were, where we are and where we are going. Exceptionally creative and bold, this book offers a whole spectrum of stories that are fundamental, existential and relevant and at the same time endlessly witty and playful. To enter the world of Phobos is like setting off on a journey without a seatbelt, one you have no way of knowing where it will take you – the future is only one of the versions of the past and one has endless possibilities to be, to exist in one of the worlds stretching as far as the eye can see, or else in all of them, in some alternative time.
Frosina Parmakovska
400,00 ден -
Да ви кажам право
304,00 денОва е книга за луѓето какви што се: смешни и тажни, силни и кршливи, блиски и непознати. Низ речиси педесет раскази Огнена Никуљски со искреност, хумор и длабока човечност ги оживува приказните на жените, селаните, соседите, патниците и осамените души што го сочинуваат нашето секојдневие. Ова се раскази за љубовта и загубата, за неправдите и надежта, за спомените што нè обликуваат и за зборовите што нè спасуваат. Напишани со јазик богат со жив народен говор, тие се читаат како доверба искажана без задршка – право од душа.
Со оваа збирка, Огнена Никуљски ни дарува глас што е истовремено личен и заеднички, комичен и трагичен, а пред сè – длабоко човечен.
380,00 ден -
Коулун, заградениот град
304,00 ден„Коулун, заградениот град“ е моќен роман инспириран од вистинскиот Kowloon Walled City во Хонг Конг – легендарен град-лавиринт, симбол на хаосот, преживувањето и човечката издржливост. Во неговите темни ходници се испреплетуваат судбините на незаборавни ликови кои се борат со стравот, вината, љубовта и надежта.
Со густ, сликовит и динамичен стил, авторката создава свет во кој суровоста и нежноста постојат рамо до рамо, а секој простор и предмет носат симболично значење.
Ова е роман за опстанокот, моралниот избор и можноста да се зачува човечноста дури и таму каде што изгледа невозможна.
380,00 ден -
ПУСТИНСКО СРЦЕ (15 години во Авганистан)
585,00 денВо 2004 година една авторка од Скопје случајно заминува со ООН да организира избори во Кабул, без план и без поим за оружје, племиња и пустини. Останува речиси две децении во љубов со Авганистан.
Пустинско срце ги раскажува првите години на нејзиниот живот на паштунскиот југ, во една од најопасните области на светот. Помеѓу куршуми, црн хумор и бели пердувчиња, читателот патува со неа по непристапни клисури и скриени долини со древни урнатини, оди на шури со белобради старешини, под закрила е на платеници од африканските савани, понекогаш крие АК-47 под постелата, но секогаш сведочи за инспиративни предели и човечки приказни.
Пустинско срце не е книга за војна. Тоа е книга за луѓето кои опстојуваат среде неа: Авганите со нивната жилавост, чест и племенски обичаи, странците калени под екстремни околности, и една раскажувачка која открива дека пустината го крши мекото човечко срце за да подари ново, пустинско срце.
650,00 ден -
Поглед однатре
531,00 денВо оваа книга авторот го согледува Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје од неговата внатрешна страна.
Пишува за улогата на професорите во развојот на правото во времето од 1960 до 1990 година и за спомените што ги оставиле зад себе. Пишува и за уривањето на угледот на Правниот факултет во периодот на транзицијата од социјализам во капитализам. Го опишува и амбиентот во амфитеатрите и предавалните, ги нотира разговорите во ходниците и на Наставно-научниот совет и влегува во архивата на Факултетот.
Книгата е поука за одбрана на Факултетот од фалсификатите, непотизмот и незаконитото унапредување во повисоките научни звања.
590,00 ден -
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
Утеха за голите, 2 издание
231,00 ден„Дали постојат конечни одговори? Дали е можно помирување на оној свет ако тоа не сме го сториле на овој? Дали може да се обвини некој за објектот на неговата страст? Тоа се само дел прашањата, кои Стојановски ги отвора и ги разгледува во своето ново дело. Романот „Утеха за голите“ ги допира и темите на вечноста и бесмртноста, допира неколку горливи етички прашања, ја допира и темата на среќата и радоста во новиот век, се впушта во потрага по утехата во најмрачните периоди на живеењето.
Со неговиот веќе препознатлив стил и одлична реченица, Давор Стојановски раскажува приказна која ќе го заинтригира читателот притоа нудејќи му задоволство далеку од евтините трилери и провидните deus ex machina решенија на современите романи, а сепак да не биде оптоварен со тешка синтакса и безредно нафрлани заплети. Авторот и овојпат раскажува приказна којашто е мрачна и бизарна, без притоа да ја изгуби својата хуманистичка нота во сиот хаос на современото живеење“.
Душко Крстевски
330,00 ден -
The World I Chose
280,00 денShort, concise, masterfully written, The World I Chose is a brave testimony of а woman who passes through her personal transformations, as well as through the transformations of the world that we choose only after a choice was imposed on us, which may have inflicted harm and sorrow. The personal story of Leona, a middle-aged woman who leaves her husband, home, the life and status she has had, and starts from scratch in a cellar room in Skopje is interwoven with the social criticism of the educational reforms through the story of the Education Committee that Leona collaborates with. Authentically explored, and stylistically refined, Leona’s character is the character of a woman who transforms her vulnerability, loneliness, sudden poverty and profound uncertainty within the patriarchal environment into a new opportunity and resoluteness to choose, to choose herself, but also those she would love and feel as her own. Her identity changes with the force of her integrity and the introspective process of gaining self-awareness and rehabilitation of her own existence, as well as hopeful closeness with the new acquaintances and living conditions in which she finds herself. This novel is the so needed literary insight into the vulnerability and power of the human microcosmic situation in the macrocosm of the system. The World I Chose by Kalina Maleska is a novel that awakens, encourages and offers hope for a better world that everyone must decide to choose on their own.
(from the statement of the Committee of the “Slavko Janevski” Foundation)
400,00 ден -
Каде леташ, Јулија?
245,00 денШто да се каже за овие раскази, а во исто време соодветно да се претстават и тоа да не делува како преувеличување кое ќе постави превисоки очекувања? Одлепени, фантастични, хумористични, апсурдни и длабоко прецизни! Вака би можела да ги опишам десетте раскази од оваа збирка со наслов „Каде леташ, Јулија?“ на Хана Корнети. Со нејзиниот уникатен стил изграден преку колоквијален јазик, полн со хумор и длабинско проникнување, Хана нè става во друштво на неверојатни ликови низ незамисливи ситуации. Уште поневеројатно ни се чини што во ликовите од нејзините раскази како во огледало се гледаме самите или ги препознаваме луѓето околу нас. А во нив и специфичните мани, неодоливо добрите страни и целиот куп апсурдности, за кои обично сме слепи гледајќи со (нашето) голо око. Ова е збирка во која се лета на метла, се паѓа во клопка на октопотка, се добива лоша фризура и добар фризер, се тролаат телепродавања, се дочекуваат најдолгите седум секунди, се губи мачката на својот живот, настануваат грешки и изгреваат нови сонца. Милоста нема да ја добијат оние што не ја заслужуваат, но емпатијата е тука за сите!
Наташа Атанасова
350,00 ден -
Кротко-крајпатни синтези
400,00 денОва е едно несекојдневно, специјално издание, кое ги содржи првите три книги од Игор Анѓелков: збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013).
Во меѓувреме авторот стигна до бројката од 11 објавени книги, а читателите што ги засакаа неговите актуелни изданија од последниве години, со ова издание ќе имаат можност да се запознаат и со неговите преокупации на почетоците од книжевната кариера.
Затоа, доколку го сакате раскажувачкиот стил на Анѓелков, топла препорака за оваа неформална трилогија во специјално руво.
500,00 ден -
Конзервирани импресии
239,00 денКога надворешната реалност е вшмукана во раскошот од перцепции, доживувања и интроспекции, се добиваат „Конзервирани импресии“ за долга употреба. Всушност, без рок на траење и без начин на употреба. Но она што особено фасцинира е тоа што веднаш по отворањето на овие прекрасно интимни записи, тие стануваат и мои и твои и мои пред десет години и нивни по педесет години и наши сега… Има ли поголем дар од еден автор од парчињата себеогледала пуштени во светот во кои секој може да ѕирне, да (се) види, да (се) открие?
Фросина Пармаковска
299,00 ден -
Мачето Мице
160,00 ден„Мачето Мице“ од Татјана Гаврилова е книга за деца во која се раскажува за домашните авантури на љубопитното маче Мице. Тоа е посебно, единствено маче, полно со енергија, коешто најчесто прави бељи низ домот. За него ни раскажува Ема, девојче кое живее со семејството и која е сопственичка на мачето. Мице постојано го истражува светот околу него, всушност, домот во којшто живее, правејќи безброј палавштини и глупости, но истовремено учејќи вредни лекции за пријателството, храброста и важноста на семејството.
Книгата содржи десет раскази и секој расказ е нова авантура. Исполнета е со прекрасни, весели илустрации на Јана Борбала Панзов и ангажирани наративи кои се едноставни за следење, и ги привлекуваат децата и младите читатели.
200,00 ден -
Филмско око
150,00 денДесет години по „Филм.мкд“, авторот ни „подарува“ уште една книга со филмска есеистика, четврта по ред, грижејќи се за кревката публицистика во оваа област, чии изданија низ годиниве се бројат на прстите од раката.
Изданието започнува со третирањето на македонската кинематографија во овој период, следи поглед кон европската и американската кинематографија во изминатите неколку години, а потоа и делот за филмските фестивали. При крајот има два специјализирани темати во кои се застапени текстови за музиката и филмот, како и за филмските јубилеи. Централниот дел на книгата е посветен на австрискиот филмаџија Улрих Зајдл, кој беше лански лауреат на „КинеНова“ и кој на сцената, при примањето на наградата, прочита еден „манифест“ за состојбата во филмската уметност кој уште долго ќе биде релевантен и цитиран.
299,00 ден -
Нешто трето
198,00 ден„Расказите на Максим Ристески кријат комплексни светови и длабоки пораки за промените кои се случуваат во духовната стварност, а кои без сомнение ќе бидат предизвикувачки за македонската читателска јавност. Обликувани во јасен, богат и сликовит израз, со обмислени и динамични реченици и внимателно селектиран избор на зборови, расказите од оваа збирка на Ристески се потврда за стилската особеност и дарба на овој раскажувач, кој допрва треба да биде вистински препознаен од критиката и публиката“.
Ана Мартиноска
330,00 ден -
Простување
360,00 денПрвото нешто што го здогледа низ големите прозорци кога се разбуди беше езерото.Врнеше, а езерото се брануваше силно, како да вриеше.Темно и намуртено изгледаше. Си свари кафе како што понекогаш му правеше мајка му, во најмалото од трите ѓезвиња што ги најде во еден од плакарите.Немаше машина за кафе, како дома, во Берлин.Кафето го беше направил многу ретко, повеќе кафеава топла вода, ама и тоа беше доволно за денот да започне со неговиот вообичен ритуал. Седна крај големата маса, крај лаптопот и бележникот.Немаше во себе сеќавање на езерото во дожд.Впрочем, немаше ниту сеќавање на езерото при сончево време, како што беше вчера. За езерото ја имаше само таа слика на мрачна, разбранувана длабока вода, без дно.Сега, додека го слушаше шумолењето на дождот врз големите окна, му се чинеше дека тој ги мие невидливите лузни кои ги оставиле во оваа куќа неговите предци. Имаше силно чувство на сочувство не само со тагата на татко му во овие соби, туку и со страдањето на тие предци кои живееле во куќава, а тој пра-правнукот не знае ништо за нив. Тоа не му пречеше да си ги замисли, без имиња и без лица, само како низа во времето кое го паметеа овие бели ѕидови.
450,00 ден -
Леска Брезоска
228,00 денЕднаш преживеав страшен пад во река, а веќе следниот пат доброволно влегов под пазувите на водопадот, што биде нека биде и пропаднав длабоко со лицето вперено во стравот, еве сум, реков, дојдов, ако сакаш земи ме! Ама водата одби да ме земе, всушност, водопадот, па и реката, немаа никаква намера да ме земат мене, тие ги земаа сите, немаа ништо лично против мене и за момент се почувствував глупаво што дозволив таа помисла да ме излаже дека сум нешто посебно, зашто, да си посебен на крајот не ми значеше ништо, моите проблеми и понатаму си останаа мои. Соочувањето со тој страв ми помогна полесно да го разберам, сфатив дека стравот има своја гравитација за да те држи близу, додека тој, како најсветла ѕвезда, се ширеше и се загреваше, и во еден момент гравитацијата стануваше толку силна што те вшмукуваше во себе, а оттаму никој не се вратил (ист).
380,00 ден -
Недостиг
192,00 ден„Ми беа потребни десетина обиди целосно да се нурнам во тоа чувство, да сфатам како е да си мртов. Еден ден, откако веќе бев малку потпораснал, се сетив дека сепак во тоа време некако сум размислувал, што не би требало да биде најсилна страна на мртвите, по што бев принуден да го променам пристапот, а следниот нагласок го ставив на промените, односно на нивното отсуство. Смртта мора да е отсуство на промени зашто мртвите не се менуваат, произволно но уверено заклучив и веднаш потоа се зафатив да ги скаменувам миговите и ја пронаоѓав насекаде: во белото набабрено небо од кое дождот уште не заврнал, во самракот во кој сонцето се губеше и веќе никогаш не изгреваше, во усните на дедо ми пред да го изговори моето име, во попладневните дремки во кои сѐ замираше“.
320,00 ден -
Јод
200,00 денРоманот што започнува како потрага по личните приказни на сезонските работници во Сплит, Република Хрватска, неочекувано го менува правецот во вивисекција на човештвото и соочување со болката од исчезнатите морални вредности. Во ослабена физичка, и дискутабилна ментална состојба, протагонистката низ едно деноноќие се соочува со неморалното и срамно однесување на поединците за кои вели дека се производ на разнишаните општествени столбови и се директна закана за опстанокот на човекот како разумно суштество. Романот е критика на современото општество, а истовремено и моќен глас во копнежот по чесност, вистинољубивост и праведност. Дејството е базирано на вистински настани кои се случуваат во август 2023 и настани од последната декада во истиот град.
„Да бидам меѓу своите… Со баботењето во главата, крцкањето во ушите, затнатоста на носот и грлоболот − не сум ни своја! Но, мајчинскиот инстинкт ме придвижува. Со сета сила, сила сум за нив. И во едно сум убедена: знам каде ми е местото. Јас припаѓам овде, меѓу децата. Тука е моето сигурно место.
Други чувства и огнови ме гореа што се решавам сепак да пишувам за нив. Морам да го средам хаосот во мислите настанат под притисокот на главоболката и да не дозволам грозницата да ми го помрачи умот. Раката ми трепери. Отпивам од топлиот чај внимавајќи да не истурам врз тетратката. Прополката што ја шмукав не ми помогна многу. Воопшто.
Дали сум можеби јас сега, во оваа вечер, тој осамен и отуѓен човек, чудовиште со капацитет на насилник во обид да се спаси човечноста?! Ми доаѓаше да викнам по сите тие ноќни ѕверови, но премолчев. Дали само помислив, премолчев, или зборовите ми излетаа од устата? Не можам точно да одредам затоа што мислите ми станаа премногу гласни. Ми татне главата. Замижувам“.
270,00 ден -
Кој го уби Едгар Алан По
270,00 денОва е роман лавиринт во кој се испреплетени минатото и сегашноста во мистериозна атмосфера како излезена од досега необјавен ракопис на Кафка. Се работи за приказна во која главниот јунак, писателот Феликс Рејнолдс, додека е во потрага по својот изгубен брат, открива делови од неговиот трауматичен и необичен живот. На тој пат Феликс чувствува потреба да сподели дел од она што го измачува, наместо да продолжи да го закопува во себе, затоа бара помош од психијатарот Груми Блум, кај кого честопати навраќа и, легнат на неговиот кауч, низ бројни сесии се отвора себеси. Психијатарот работи во замок кој доминира над градот каде што живее Феликс и се чини дека со замокот и со нивната земја владеат мистериозни луѓе во црно, познати како кафкависти.
„Во романот ‘Кој го уби Едгар Алан По‘ постои жесток испреплетен судир помеѓу имагинацијата, интелигенцијата, реалноста, филозофијата, природното и она што можеби личи на природно, како и она што луѓето го нарекуваат лудило, но всушност е само постојано бегање од животот и борба со смртта.“
Анета Тасова
450,00 ден -
Црвените очи
200,00 денВо својот втор роман, Леруа ни пренесува дел од нејзиното искуство од разговорите на социјалните мрежи со човекот кој во книгата го носи името Денис. Таа одговара на неговата покана за пријателство, охрабрена што имаат неколку заеднички пријатели на Фејсбук.На почетокот, епистоларното пријателство се сведува на речиси симпатична размена на животните приказни. Но, стапицата над жртвата полека се затвора.350,00 ден -
Светот што го избрав
240,00 денРоманот ја раскажува приказната за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни програми, канцеларијата за состаноци, барот…
На почетокот од романот протагонистката, по дваесет години живот со своето семејство, се соочува со нова ситуација, без стан, без работа, без пари, со привремен ангажман. Новите околности и луѓето што ги запознава кај неа поттикнуваат сеќавања, интроспекција, анализа на своите и на туѓите постапки, изнаоѓање на причините зад нив.
*Книгата ја доби наградата „Роман на годината“ 2024 на Фондацијата „Славко Јаневски“
300,00 ден -
Илина и шумските тролови
336,00 денНаместо здодевен ден на село, Илина е вовлечена во една голема авантура: шумскиот трол Папрат ја бара нејзината помош за да ги спаси скаменетите пријатели од една лоша вештерка. Но ништо не е баш така како што изгледа во свет каде што гатачките не ја знаат иднината, враните никако да се најадат, на мачорите навидум сѐ им е јасно, а бои и мириси се собираат во теглички.
420,00 ден -
Се’ уште можам нешто да сторам
319,00 ден…јас никако не успевав да се ослободам од чувството дека исчезнувам. Кога почнував да зборувам, моите зборови наместо до ушите на присутните, се протнуваа низ еден, за нив недостапен тунел, излегувајќи токму на лисјата од дрвата пред нас, патуваа носени од ветрот преку грмушките што го обрабуваа тревникот во нашиот видик, сѐ до излезот на паркот, право во контејнерите на уличката.
Исто беше и со мојот лик, моето тело што се замрзнуваше и стануваше само рамка од неподвижна слика, толку несмасно потпрена на штиците од клупата, што сите околу мене се наведнуваа и ги искривуваа вратовите само за да ја избегнат додека се обидуваат меѓу себе да се гледаат. Тие избегнуваа да гледаат во мене, ме заобиколуваа како да бев јас некаква препрека.
А јас, без мојот глас и присуство и без само мојот образ, немоќно тонев во лулката која висеше на дебел синџир и осцилираше помеѓу ѕидот на конфузноста во кој сите тие денови си ја удирав главата и оној на бесот поради моето исчезнување што сега толку моќно ја обземаше секоја во мене присутна клетка.
399,00 ден -
Среќните луѓе не слават родендени
192,00 денСреќата денес е преценета работа. Денес полесно се доаѓа до среќа отколку во мое време. Секој втор локал е за игри на среќа, останатите се за брзи кредити за оние што немале среќа во игрите на среќа. Да, точно, има толку многу продавници каде што може да се купи среќа, цели зони каде што бесплатно или за мали пари може да се остварат најскриените желби. Ти се мочам јас на таквата среќа!
Јас се враќам од една таква зона, стари, од една таква продавница. Се враќам среќен, но за среќа тоа сум само јас, еден крајно добродушен и скромен човек. Во право си, среќата не е за секого. Замисли што ќе се случи кога сите ќе поверуваат во таа соба и кога сите ќе отидат брзајќи во зоната. Сите тие потенцијални императори, големи инквизитори, фирери од сите провениенции… И оние најлошите, таканаречените спасители на човештвото!
Во право си. Среќата не е за секого.
320,00 ден -
Зографски приказни
100,00 денБоенка за најмладите со тајните на Дичо Крстев Зографот.
Роден во село Тресонче во 1819, Димитар Крстев бил посинет од мајстор – резбар. Иако го научил тој занает, повеќе сакал да слика. Како и сите сликари во тоа време, учел од постари фрескописци сè додека не основал своја тајфа – група со која што патувал низ Балканот. Според преданијата, насликал речиси 2,000 икони и фрески. Починал 1871 година-ва во родното село, каде што е и погребан. Но, никој не знае како изгледал. Како што рекол во еден ракопис, неговиот лик најдобро се гледа од неговите дела. А тие дела се полни со тајни.
За жал, многу од неговите икони и фрески се оштетени од забот на времето и поради недоволна заштита, или пак се исчезнати поради кражби. Така, на пример, црквата Свети Петар и Павле во Тресонче за која што насликал над 40 икони е ограбена 2013-та година. Друга црква, во Маврово, каде што оставил и фрески и икони, била потопена при градење на хидроцентрала уште 1952-ра година.
Во автобиографијата што му се припишува, го оставил овој аманет:
„Вардете ми ги оние рабоќе шчо ‘и остаиф да ‘и красит црквите у нас и у другите земји, зашчо за да го дозноеме светот надвор од нас, требет првин самите себеси да се научиме“.
Се надеваме дека оваа мала боенка ќе помогне да не го заборавиме.
150,00 ден -
Маџун
384,00 ден„Користејќи различни средства и на поинаков начин, Урошевиќ во Маџун постигнува ефект што, во доживувањето на читателот, е сличен на оној во Продавницата со цимет од Бруно Шулц. Одеднаш, како да прозборуваат мртвите работи, како меѓу џагорот на луѓето да се препознава и џагорот на неживиот свет, а целиот универзум се вселува во душата и телото на едно момче. А во таа куќа, во таа човечка глава, како во приказната за Баш Челик, постои една врата што не смее да се отвори. Зад таа врата е она што не смее да се види, а не може да се избегне“.
Миљенко Јерговиќ
„Романот Маџун не е само роман за детството, туку е и роман на атмосфера, и роман со исклучително урбан сензибилитет, и роман сложувалка во духот на постмодернистичката парадигма, и роман загатка…“
Лидија Капушевска Дракулевска
„Романот Маџун, секако, може да се чита по аналогија и во компаративни односи со значајни дела од европската проза, почнувајќи, на пример, од првата книга на Лав Николаевич Толстој, во дадениот контекст со парадигматскиот наслов Детство, а потоа преку Ламаринениот барабан на Гинтер Грас до, на пример, Ужасот на празнината на нобеловецот Петер Хандке, и сосема природно, како по начинот на раскажување, така и по севкупната уметничка вредност, влегува во корпусот на дела на истата тема што ги претставуваше , во поголема или помала мера, прозата на одредени значајни јужнословенски автори, како и литературите на кои тие припаѓале“.
Михајло Пантиќ
480,00 ден -
Мина
200,00 ден„Покрај мотивските автобиографски поклопувања од една и автопоетичките промислувања од друга страна, она што останува како константа е дека во „Мина“ Игор Анѓелков повторно го потврдува она што во една прилика го означивме како непретенциозен стил кој „едновремено успева да биде и длабок, и ангажиран, и актуелен, и компактен во изразот, и искрен до коска“. Со здрава доза на фантазија свртувајќи се кон минатото, ама со акцент на она што ја детерминира сегашноста, препознавајќи ја својата сила во едноставноста на раскажувањето, Анѓелков одново нè заробува во имагинативна и емотивна, тематски комплексна и слоевита нарација.
Покрај навигирањето низ овие лавиринти низ туѓата приказна, она што за секој читател е веројатно најважно е дека оваа книга ќе ве упати на зрело преиспитување на сопственото семејно наследство кое, сакале да признаеме или не, ја одредува насоката на нашата, лична животна авантура и со тоа, нé потсетува на сопствената минливост. Од сите овие причини, и уште многу кои допрва ќе ги откриваме со секое следно препрочитување, сé појасно станува дека секое ново дело на Анѓелков веќе нема да се чита исклучиво само по себе, туку и како дел од еден поголем циклус на дела кои создаваат една голема книжевна приказна или дури и во контекст на комплетниот опус на авторот“.
Ана Мартиноска
299,00 ден -
Грбот на мажот
200,00 денОдлична збирка која содржи дваесет и четири раскази за животот во сенката на „големиот“ Енвер, созревањето во посткомунистичката транзиција, за тегобноста на егзилот, но и надежите во „новиот“ живот, раскази исполнети со сентимент, шарм и духовитост.
„Не телефонски повици. Не албански. Не средби. Особено со Албанци. Ги избегнувавме сите, како да се срамевме, иако немавме ништо погрешено, иако тие немаа направено ништо срамно. Но, ни се чинеше дека ќе нѐ помешаат со тие кои дошле случајно и за парче леб. Ние не. Ние се подготвивме. Ние почнавме да учиме италијански. Го следевме РАИ. Радиото и телевизиските емисии. Не бевме дојдени само за леб, како тие. Дојдовме за парковите, музеите, за „пјаците“ и за италијанскиот, јазикот што го пишувавме скришум, но никогаш не го зборувавме толку гласно колку што посакувавме. Секако дека еден ден ќе седевме и со нив. Но, сакавме да си дадеме време. За да се прилагодиме. Ти не. Тебе те поттикнавме да се зближиш со децата што играа во паркот до нашиот дом. Кажи го само името. Само името. Алберт! Алберто. Ти порачавме. Толку. Тоа беше сѐ. Имавме слушнато дека во Грција емигрантите морале да ги менуваат имињата. Илир станал Илиа. Кај нас не. Те учевме да кажеш дека се викаш Алберто. Со „о“. Алберто, не Алберт. „Нека игра со децата“, рече жена ми. „Го учи јазикот. Не заборавај! Не албански. Слушај, зборувај. Зборувај, слушај. Но не на албански. За нас можеби не, но за него ова место ќе биде татковина“, велеше жена ми.
399,00 ден -
Вонземјанки
336,00 ден„Раскази од латинскиот кварт“
„Расказите од книгата „Вонземјанки“ ни покажуваат колку е важен не само градот во кој се пишува, туку и градот за кој се пишува; Влада Урошевиќ во Париз ја наоѓа и логиката и отвореноста кон подрачјата каде логичките закони не важат, или, попрецизно – каде што важи една поинаква логика, логика на невозможното. Низ тоа претставување на една полицентрична стварност, составенa од повеќе планови, понекогаш комплементарни, другпат спротивставени едни на други, кои ни овозможуваат да погледнеме на дејствијата и ликовите од различни точки, честопати со ефект сроден на мултиплицираните перспективи од делата на Ешер, Влада Урошевиќ со своите дванаесет раскази од збирката „Вонземјанки“ успева да оствари маестрална проза“.
Гоце Смилевски
420,00 ден -
Ѓорѓиќ се враќа
290,00 ден„По десет години живот во Босна, Марко Ѓорѓиќ е веројатно уште поизгубен отколку кога беше тинејџер во Фужине. Ако бил чефур во Фужине, во Босна не е само Јанез, туку е и Србин. Откако се преселил од Високо во Бјељина, каде дел од неговото семејство побегнало за време на војната, тој станал имигрант, пребегнат Србин. А потоа се враќа во Фужине и може само да дознае дека е „вонземјанин“. Овде и секаде. Затоа што во овој крајно поделен и разграничен свет не е можно да биде ништо друго. И додека човек не ја потисне желбата да припаѓа, или додека не се помири со својата неприпадност, со својата „туѓост“, тешко ќе го најде својот мир. Марко Ѓорѓиќ дефинитивно се’ уште не се помирил со тоа. Но, можеби некогаш, којзнае“.
Горан Војновиќ во интервјуто за „Букла“
399,00 ден

КРЕАТИВНА ЕВРОПА
















































