Прикажани 241–280 од 285 книги

  • Душевен мир

    Романот „Душевен мир“ на класикот Ахмед Хамди Танпинар досега е преведен на 30 јазици ширум светот, и со право, бидејќи неговата универзалност не познава граници. Се работи за првиот роман во турската литература кој дискутира за проблемот на вестернизација на турското општество преку класната совест и непремостливите разлики во неговото суштинско ткиво.

    Во ова бравурозно дело авторот ги доловува деталите преку колаж од различни ситуации и незаборавни карактери, кои ги доловува до најмалиот психолошки детаљ. Конфликтот на Западот и Истокот, традиционалното и новото, индивидуалноста наспроти социјалната одговорност, ова се темите кои се прекршуваат во умот на главниот луик Мумтаз, кој мора со нив да излезе на крај, бидејќи тој е претставник на генерацијата помеѓу.

    Растејќи со траумите од војната, тој не може да најде соодветни одговори на прашањата од егзистенциална природа ниту во религијата, ниту во љубовта. Токму затоа Танпинар остава отворен крај за да можат читателите барем за момент да бидат вистинските одгатнувачи на фаталната вистина за животот, кој на овој или оној начин крие безброј тајни и искушенија низ кои треба да се помине.

    300,00 ден390,00 ден
  • Венеција

    Метафоричното писмо на Пиштало опишува импресионистичка атмосфера во која гестуалноста на глетката пулсира, жива е, оти е претставена преку сетилото на активната имагинација (Јунг), преку духовната способност на тоа огледало за епифании (Корбен). Поетски начулено за поројот микромистерии на секојдневието, писмото на „Венеција“ е архивска треска (Дерида), оти бара внимателно, симултано, трпеливо, стратифицирано читање.

    Како и секој палимпсест впрочем, полихронијата запечатена во овој густо ткаен текст ни носи и роман за интимното созревање (bildungsroman) и летопис на Млетачката Република, а едрата на страниците всушност постојано стремат на дионизиски аџилак кон – Медитеранот, интертекстуалното устие за историскиот тек на недобројни култури и од Истокот и од Западот.

    Небаре со раката на Хермес биле украдени идентитетските картички под музејските експонати, та потем помешани биле во шпил на нова романескна приказна, „Венеција“ на Владимир Пиштало низ лавиринтот на La Serenissima нè води на расеана, интуитивна прошетка вон јаловиот етер на академската, егоцентрична блазираност, кон самосвест за личноносните својства на уметничкиот дух.

    100,00 ден250,00 ден
  • Ф

    Романот „Ф”, најновото дело на исклучително талентираниот млад германски писател Даниел Келман, на мошне субверзивен и нетипичен начин раскажува класична семејна приказна за семејството Фридланд.

    Артур Фридланд, скептичен и неамбициозен писател, едно попладне ги води своите тројца синови на претставата на Големиот Линдеман, мајстор за хипноза, кој комплетно ќе ги промени животите на сите членови на семејството. По завршувањето на претставата, таткото ќе исчезне на 24 години. Неговите напуштени синови остануваат втурнати во вечна криза: Мартин е свештеник кој не верува во Господ, Иван е трговец со уметнички дела кој го потиснува својот сликарски талент, а неговиот близнак Ерик е бескрупулозен бизнисмен чијшто универзум се урива при финансиската криза од 2008 година, заканувајќи се да го уништи дури и физички.

    „Ф” е роман за играта на судбината и светото тројство на современиот човек – парите, уметноста и религијата – но раскажан крајно необично, во вид на мистерија која станува сè позаплеткана. Келман вешто си поигрува со реалното и надреалното, при тоа сликајќи длабоки психолошки портрети на своите ликови.

    250,00 ден390,00 ден
  • Одбраната и последните денови / Успението и падот на Икар Губелкијан

    Во новелите на Борислав Пекиќ на брилијантен начин се отсликани општествените и духовните трауми на современиот балкански човек. Напишани во седумдесеттите години од минатиот век, овие приказни совршено го доловуваат „духот на времето“ во кое се создадени, но несомнено остануваат актуелни и за нашиот денешен, современ живот.

    „Одбраната и последните денови“ е книгата според која култниот бенд на Новиот југословенски бран, белградските Идоли, го насловија својот легендарен првенец од 1982 година, во кој низ песните провејуваат делови од текстот на Пекиќ, фокусирајќи се пред се’ на психолошките моменти кај главниот лик. Се работи за необична новела за емигрантската судбина и следењето на трагите на поранешниот живот на Андрија Гавриловиќ, емигрант во Западна Германија во педесеттите години од XX век, кој се обидува барем по својата смрт да се врати во Југославија.

    „Успението и падот на Икар Губелкијан“, пак, е трогателна приказна за уметноста и горделивоста, во која на интересен начин се актуализира античката приказна за митскиот летач Икар. Како и во претходната новела, обидот за надминување на сопствената судбина неминовно го води главниот лик кон прашањата за смислата на животот, за моралот и човековата судбина во рамките на тоталитарниот општествен контекст.

    299,00 ден
  • Играта на де Ниро

    Играта на Де Ниро е потресен, драматичен и суптилно напишан роман за пријателството, војната, љубовта, смртта и за бегството од сопствената земја која полека исчезнува. За овој дебитантски роман канадскиот писател со либанско потекло, Рави Хаж, во 2008 година ја добива престижната меѓународна награда IMPAC Dublin.

    „Книга која плени со своите необични слики во кои се преплетуваат суровата реалност и естетското задоволство. Роман кој ги поседува сите квалитети што се очекуваат од современата книжевност која ги допира важните теми во нашиот денешен свет.“ Literary Review of Canada

    „Подеднакво енергична и поетична приказна во склад со бруталноста и нежноста на оваа незаборавна приказна за пријателството и војната, за љубовта и смртта“. Publishers Weekly

    250,00 ден390,00 ден
  • Си беше една жена која сакаше да го убие детето на сосетката

    Збирката раскази, со која Петрушевскаja за првпат му се претставува на македонскиот читател, претставува избор од можеби највиталната страна на нејзиниот писателски опус – загадочните и фантастични раскази. Тие се поделени во четири тематски целини според циклусите кои самата авторка ги уреди за руското издание. Љубопитниот читател ќе сретне мрачни и надреалистични вињети, раскажани во манирот на урбаниот фолклор, апокалиптични приказни за пропаста на социјално-политичкиот поредок, раскази кои ги истражуваат меѓучовечките односи под заканата од непознатото и после смртта, и вистински бајки за возрасни, како што самата писателка ги нарекува некои од своите прозни дела.

    Оваа книга на руската писателка е посветена на љубовта – поточно, таа е посветена на разните видови љубов, почнувајќи од речиси детската, безнадежна и вечна, и завршувајќи со умната и мудра љубов, љубовта која е подготвена на сè, која простува и која спасува. Судејќи по напишаното, писателката знае многу приказни, и еден дел од нив претставуваат бајки со среќен крај, додека други наликуваат на старите балади во кои бесмртна останува само љубовта. Уживајте!

    150,00 ден250,00 ден
  • Едноминутни новели

    Едноминутните новели во Унгарија се слават како литературна сензација, како нов вид кратка прозна форма. Новелите се толку типично еркењски што никој не се осмелува да ги пишува, од почит кон нивниот татко. Еркењ со децении го оформувал овој жанр со цел да го приспособи кон својата духовитост.

    Едноминутната новела настанува со исфрлање на сè што е неопходно за текстот, а функционира преку формулата „минимум исказ од страна на писателот и максимум имагинација на читателот.“ Во овие куси раскази обединети се елементи на анегдота, виц, бајка, легенда, мит, градски фолклор, новинарски жанрови. Авторот успева да создаде атмосфера во која се мешаат црниот хумор, апсурдот, параболата, политичката сатира.

    100,00 ден250,00 ден
  • Пиксел

    Секое од триесетте поглавја може да се чита како засебна приказна; приказни за љубовта, осаменоста, неуспешните обиди за комуникација и себепронаоѓање, зграпчени мигови кои откриваат решавачки моменти во нечиј живот, моменти кога неговата или нејзината судбина засекогаш е променета – или во кои се решава таа никогаш да не се промени. Овие приказни се како пиксели кои сочинуваат една поголема слика, сите карактери се појавуваат, исчезнуваат, па повторно стапуваат на сцена како танцувачи во кореографија која му е позната само на нараторот, и читателот кој константно го бара клучот и поврзаноста меѓу настаните и ликовите од приказна во приказна. Кратките средби, кратките погледи на улица можат да ги создадат истите конекции, како оние во крвните врски или љубовта меѓу родителите, децата, сопружниците или прељубниците. Поглавјата носат наслови кои евоцираат на делови од телото: приказна за окото, приказна за папокот, приказна за прстите; бележејќи дека нашето тело е она на кое е испишана приказната на нашиот живот; со скокотливи и љубовни допири или со шлаканици и гребаници.

    100,00 ден250,00 ден
  • Вимблдонскиот стадион

    Првенецот на Даниеле дел Џудиче, „Вимблдонскиот стадион“ (1983), е мешавина од стварност и фикција, а во неговото средиште се наоѓа интересен и значаен лик од италијанската книжевна историја на ХХ век, вљубеник во пишаниот збор, уредник, книжевен критичар, пријател на најзнаменитите автори од периодот, но човек кој никогаш не објавил ништо свое.

    Младиот неименуван раскажувач во романот поаѓа на патешествие – петнаесетина години по смртта на овој таинствен лик – со цел да ѝ влезе во трага на легендата за него и да го пронајде одговорот на клучното прашање: зошто не пишувал? Неговиот лик никогаш не е директно пренесен на хартија, туку е некаде во заднината, во спомените на оние што го познавале, во анегдотите од родниот град.

    Дел од одговорот можеби и самиот навестува во своите приватни списи, објавени постхумно, каде што некогаш забележал: „Сметам дека веќе не може да се пишуваат книги. Затоа не пишувам книги. Речиси сите книги се фусноти надуени во томови. Јас пишувам само фусноти“.

    100,00 ден190,00 ден
  • Малку

    „Малку“ е приказна за две 11-годишни момче и девојче со исто име, Дерда, чија судбина на крајот ќе ги спои, и покрај турбулентните животни приказни низ кои ќе поминат.

    По нивната прва, случајна средба на гробиштата, каде Дерда е присилена да прави нешто што не и се допаѓа, а Дерда наивно и приоѓа за да и ги измие рацете, нивните животни судбини се упатуваат во сосема различни насоки, при што онаа на девојчето Дерда од неа ќе направи препознатлива ориентална икона во перверзен контекст, а онаа на момчето од него ќе создаде убиец во име на идеалите на сите обесправени во овој бескомпромисен свет.

    Без влакна на јазикот, авторот Хакан Ѓундај раскажува провокативна приказна за насилството од А до Ш, за суровоста на животот, за интензитетот на љубовта, сето тоа низ сериозен јазик, кој на главните ликови на крајот им дозволува да ги скршат ѕидовите околу нив и конечно да се пронајдат себеси во Другиот.

    390,00 ден
  • Како да се упокои вампир

    Романот „Како да се упокои вампир“, базиран на личните искуства на Пекиќ од неговата петгодишна робија, е напишан во 1977 година, а објавен е како победник на анонимен конкурс за најдобро прозно дело. Веднаш по откривањето на идентитетот на авторот, романот е забранет и, иако доживува превод на многу странски јазици, на српски е реобјавен дури во деведесеттите години на 20 век.

    300,00 ден450,00 ден
  • Златен оков

    Несомнено, во Вашите раце држите драгоцена книга, која според многумина е најдобрата кинеска новела во 20. век, и секако, таа е еден од ретките преводи од кинески на македонски јазик.

    Провокацијата за превод на Џанг Ајлинг потекна од фактот дека таа, како што вели нашата ценета преведеувачка Сара Цветановска, “ги прекалува искуствата од својата рана младост, прустовски се сеќава и пресеќава, создава уметност од сеќавањата, и преку секогаш новиот книжевен израз, при новото (о)пишување, ги преобличува и самите сеќавања”, сето тоа заради нејиниот татко, кој иако високо школуван и повластен, завршува како опиумски зависник, се преженува и во една прилика, заради пркос кон помајката, ја држи Ајлинг затворена во нејзината соба со месеци, истоштувајќи ја речиси до смрт. Токму ваквите искуства од „Златен оков“ прават мало ремек-дело, а книжевноста на Ајлинг ја споредуваат со онаа на Вирџинија Вулф, Џорџ Елиот, Франц Кафка, Фланери О`Конор…“

     

    Златен оков претставува остар и безмилосен опис на жена во една Кина која се менува, морален и ментален распад вклештен во Шангај во раните години на 20. век. Без сомнение, ликот на Седменка е еден од најнезаборавните иконични карактери во модерната кинеска книжевност“.

    Kim Louie

    100,00 ден170,00 ден
  • Берлински тополи

    Тројца неверојатно различни браќа се собираат околу смртната постела на нивната мајка. Најстариот син Тор ја води семејната фарма, Маргидо поседува мало погребно биро, а Ерленд работи како декоратер на излози во Копенхаген. Тие долги години се немаат видено, и оваа средба за сите тројца станува судбоносна.

    „Берлински тополи” е роман за обидот да се поткопаат сопствените корени, само за да се открие дека тие се протегаат подлабоко отколку што се верувало, но и за тоа дека одненадеж може да се откријат корени за кои не се ни претпоставувало дека постојат.

    350,00 ден
  • Бања

    Романот на Тусен започнува во еден навидум мирен и обичен ден. И одеднаш, една стрелка од пикадо лета низ воздухот и се забодува во челото на придружничката на нараторот. Се понатаму е чист, детерминиран хаос исполнет со многу хумор.

    Има некоја чудна привлечност во стилот и во изразувањето на Тусен. Тие се прецизни, ритмични, течни, како да му се лизгаме низ раце. И на крај тука се настаните, или не-настаните, кои се случуваат во непосредна близина на главниот лик. До тенкост е опишано што се случува на дофатот од раката или од погледот на ликовите, кои се луѓе од обичниот живот – средна висока класа.

    Ги гледаме како се муваат, ги слушаме како зборуваат, како се прегрнуваат… ги гледаме кога ќе им се истопорат на гости двајца Полјаци. Одеднаш во рамниот и едноличен живот несреќата со стрелката од пикадо зема форма на распаметувачка катаклизма.

    Крајно луцидно и забавно четиво.

    100,00 ден190,00 ден
  • Лебарка

    „Рави Хаж раскажува брилијантна приказна за емигрантите во Западниот свет, кои живеат на маргините на големите градови, речиси невидливи и заборавени. Но секоја од нивните животни приказни е засебен роман, трогателен и преполн со човечност“.

    The Times

    „Прекрасен баланс на хумор, хуманост и интрига, заокружен со исклучителен книжевен стил. Со овој роман Рави Хаж докажува зошто е еден од најмаркантните и најнаградуваните млади автори во светот“.

    Guardian

    „Приказна за осаменост, убиство и љубовна интрига од исклучително талентираниот Хаж“.

    Daily Telegraph

    250,00 ден390,00 ден
  • Сто дена

    Дејството на „Сто дена“ се случува во Руанда во 1994 година, во период на граѓанска војна во која е извршен масакр на над половина милион луѓе. Главникот лик е Швајцарец кој оди во Руанда во политичка мисија и одеднаш се наоѓа во срцето на војната. Поминувајќи низ низа возбудливи и шокантни епизоди, главниот лик полека ја исцртува големата и сложена слика на Лукас Берфус за природата на насилството и за бесмисленото страдање.

    Ова е исклучително моќен и трогателен роман кој ги прикажува поразителните последици на современата Западна политика и се осврнува на човечките трагедии кои остануваат речиси потполно незабележани во бесчувствителниот и безмилосен свет во кој живееме.

    Заради храбрите теми и заради својот иновативен уметнички стил, „Сто дена“ беше во најтесната конкуренција за повеќе еминентни германски книжевни награди.

    100,00 ден330,00 ден
  • Летни лаги

    Лагата и вистината ги означуваат различните, понекогаш дури и спротивставени поимања на реалноста. Што е лага, а што вистина не е секогаш лесно да се одреди, посебно не, кога се доведува во прашање сопствениот начин на живот. Оној кој лаже, може да се убеди себеси и другиот во таа лага, само доколку и самиот верува во неа и се чувствува навреден, кога другиот ќе го нарече лажго.

    „Кој не умее да лаже, не знае што е вистина“, вели Заратрустра на Ниче.

    Бернхард Шлинк се соживува и воздржува во раскажувањето. Со својот трезвен и ненакитен јазик тој успева да не допре и да не внесе во своите раскази. Тој го познава својот занает.

    390,00 ден
  • Свеста на Ѕено

    Преку овој неверојатен роман стануваме сведоци како еден (не)успешен обид да се откажете од пушењето може да се претвори во едно од најмаркантните дела на светската литература.

    Сè започнува кога порочниот, опсесивен и невротичен Ѕено, по препорака на својот психијатар, почнува да ги пишува своите мемоари како еден вид психотерапија што треба да му го „олесни“ откажувањето од цигарите.

    Во низа елиптничи епизоди, исполнети со многу хумор, шокови и заблуди, пред очите на читателот пополека се создава ѓаволски смешен портрет на човекот кој се обидува да внесе малку нормалност и смисла во својот живот, сè до последната цигара…

    300,00 ден550,00 ден
  • Гол живот

    Пирандело ги пишува своите раскази за време на целиот живот. Самиот тој за насловот „Раскази за цела година“ вели дека „можеби звучи скромно, но навистина станува збор за амбициозен потфат.“

    Во 1922 г. почнал да работи според еден општ план којшто предвидувал серија од 25 тома, секој насловен според првиот расказ од соодветната збирка. Пирандело успеал да заврши само 14 тома, на кои постхумно се надоврзува објавниот „Еден ден“.

    Токму во расказите може да се најде неверојатно преплетување на теми, материјали, ситуации, перспективи, коишто се наоѓаат во основата на целокупното творештво на Пирандело. Овие раскази сочинуваат „многу мали огледала“ во кои се одразува неговата горчлива визија за животот. По една мака и еден расказ за секој ден.

    Овие раскази без редослед и без врамувања, нанижани еден по друг, брзо и директно ја претставуваат најреалната слика на фрагментарноста и на хаосот на постоењето, во која продира остриот поглед на Пирандело, ги истражува вртоглавите длабочини на психата и ја здробува лажната сигурност.

    Расказите намерно не се наредени по некој замислен редослед, туку сосема случајно се редат еден по друг, со цел да му се овозможи на читателот да се движи слободно меѓу нив без притоа да биде насочуван од авторот.

    390,00 ден
  • Вадисрце

    Последниот роман на Борис Вијан, напишан пред неговата смрт во 1959 година, е неговото најсериозно и најразиграно дело. Во низа бизарни и апсурдни епизоди, Вијан ја раскажува приказната за психијатарот Жакмор кој, во потрага по „жртва” за неговите психоаналитички сеанси, доаѓа во едно приморско изолирано село, во кое живеат чудни жители со уште почудни навики.

    Покрај низата неразбирливи настани, како панаѓури на кои се продаваат луѓе или брутални жртвувања на животни, психијатарот се соочува и со најчудната загатка: трансформацијата на апсолутната љубов во насилство.

    350,00 ден
  • Последниот свет

    Романот „Последниот свет“, прогласен од критиката за ремек дело и за еден од најзначајните романи на нашето време, е приказна за потрагата на еден млад човек по прогонетиот поет Публиј Овидиј Насон и неговото изгубено дело.

    Помеѓу насилството на бирократијата, страдањата на поетот и вечноста на уметноста, Рансмаер создава визионерски пејзаж, преобразен простор во кој се спојуваат античкиот и современиот свет.

    „Последниот свет“ го внесува читателот во универзум управуван од моќта на митологијата, во свет на распаѓање што се наоѓа на еден чекор од апокалипса.

    100,00 ден350,00 ден
  • Жули или разврат

    „Воглавно, устата на жената, начинот на кој се однесува при бакнување ни дава една прилично јасна слика за она што ќе биде нејзината вагина. Таа е само помалку мистериозна реплика што се однесува до внатрешноста и до дното, ама исто толку моќна што се однесува до ненаситноста. Суви усни и тврдоглав јазик најавуваат тесна и „тешка” вагина. Големите плунковни игри, грчевите и гризовите кои го подувуваат грлото однапред ги обликуваат бескрајно навлажнетите убавини на еден хистеричен орган. Жули ѝ припаѓаше на вторава категорија. Сакаше да бацува, да ја навали својата бледа глава, да ги затвори очите, да ми го голтне лицето, и да бара повеќе со мали удари со јазикот.”

    100,00 ден250,00 ден
  • Колекционер

    „Особено вешт прв роман со оригинална замисла и прониклива анализа на една опсесија. Се работи за грабнување – налудничавиот чиновник ја заробува студентката по сликарство која му претставува фиксација, по што следува монструозна игра на разум и лудило, мегдан на умови без допирни точки“.

    КЕНЕТ ОЛСОП, Дејли мејл

    „Ова неверојатно достигнување може да се чита како трилер… или како проучување на морбидна психологија.”

    ФРАНСИС АЈЛС, Гардијан

    „Уште поважен од генијалниот приказ на една психопатска опсесија е оној на состојбата на приврзаност…”

    ЏУЛИЈАН ЏЕБ, Сандеј тајмс

    450,00 ден
  • Чиста анархија

    „Чиста анархија“, новата книга на Вуди Ален, се појавува по 25-годишна пауза, но ги содржи истите состојки како и неговите претходни дела, кои веќе стекнаа статус на класици. Збирката содржи осумнаесет кратки раскази и есеи, кои се пишувани помеѓу 2000-та и 2007-та година и од кои десет се претходно објавени во различни списанија, а осум се појавуваат за прв пат.

    И критиката и читателите се согласуваат дека Ален успеал да напише книга која, не само што ги одговара најдлабоките прашања на човековата егзистенција, туку и по димензии е совршена за да се стави под која било пократка ногалка од маса или стол за да го спречи непријатното нишање.

     

    „Расказите на Вуди Ален се интересни веќе педесет години. Како и неговите филмови, тие опфаќаат многу различни теми и мотиви, но го задржуваат аголот на гледање на реалноста и специфичниот литературен стил, не попуштајќи пред светот што постојано се менува.”

    The New York Times

    „Книгата Чиста анархија е напишана со добро познатиот дрзок и невротичен хумор на Вуди Ален, но збогатена е со некоја досега неоткриена густина. Апсурдноста и смеата сî уште суверено владеат во расказите на Ален.”

    A. V. Club

    „Како можете да не го сакате авторот кој ги спомнува Вилијам Батлер Јејтс и Тројцата глупаци во иста реченица, и кој во своите напливи на инспирација создава ликови како Фландерс Ларва и Е. Коли Бигс? Без оглед дали пишува за уметноста, сексот, храната или криминалот, Ален е неодоливо и експлозивно смешен.”

    New York Times Book Review

    250,00 ден
  • Катедрала

    „Од морето извонредни американски раскажувачи на дваесеттиот век, освен Хемингвеј, врвно место во светскиот кус расказ, секако, заслужува и Карвер. Реалист по определба, американскиот Чехов, како што го нарекуваат Карвер, со не многу долгиот опус, е веројатно најдаровитиот и најуспешен сликар на американското општество од дваесеттиот век“.

    Драги Михајловски

    340,00 ден
  • Книгата на таткото

    „Книгата на таткото“ претставува некролог на своеволието, оддалеченост од реалноста и опседнатост со литературата на еден фанатичен човек, кој го заборава светот околу себе и кој имал среќа да и’ го препушти реалниот живот на својата жена. Затоа оваа книга воопшто не е книга на таткото, туку е роман за еден човек, кој се вљубува во литературата.

    Во ова литерарно изјавување на љубов, Видмер, за инает на целата семејна трагичност, дава еден иронично ведар тон и притоа умешно ги поврзува семејната хроника и историјата.

    100,00 ден330,00 ден
  • Неодреден предел

    Мало село северно од Поларниот круг. Со чувство дека нешто и недостасува во животот, Катерине се разделува од мажот и за прв пат патува во светот од другата страна на Поларниот круг.

    Ја гледа Ајфеловата кула, запознава мажи, се заљубува, се разочарува и се враќа сигурна дека онаа малку среќа што ја има и е сосемa доволна.

    Една жена тргнува по својата среќа.

    100,00 ден299,00 ден
  • Дневник

    Во овој необичен дневник самиот Чат се открива себеси таков каков што беше, не баш совршен, со сите свои мани, себичен и дарежлив, со многу тегоби, понекогаш силен, понекогаш слаб, но секогаш човечен, со ненаситен и самодеструктивен копнеж по совршенството и исполнетоста; лик од крв и месо, со душа и тело, во кој сите ние можеме да се препознаеме.

    Неговата личност како голем, надежен талент остана во унгарската книжевна свест, додавајќи дека неговото книжевно дело реално не можеше да се развие во една изедначена и завршена целина.

    Сепак, неколку негови новели го сместуваат на врвот на унгарската, па дури и на светската проза („Мајкоубиство“, „Малечката Ема“ итн.), влијаејќи врз современите писатели како Хајноци, Естерхази, Месељ, и споредувајќи ја неговата виртуозност со По, Бирс, па дури и со Чехов.

    199,00 ден
  • Столот на Елијах

    Романот „Столот на Елијах“ (2006) е преведен на 15 јазици.

    Ги доби наградите „Киклоп“ и „Шандор Гјалски“.

    370,00 ден
  • Враќање дома

    Романот „Враќање дома“ е од типот ‘романи за романот’, но во една мошне оригинална смисла: главниот лик трагајќи по фиктивниот лик од книгата што ја читал во детството (не заборавајте дека и тој е фиктивен, иако Шлинк ве принудува да мислите оти е реален!) го пронаоѓа ‘стварниот ‘ автор кој истовремено е и негов биолошки татко!

    Совршено смислено, стрпливо и интелигентно раскажано.

    „Враќање дома“ е модерна ‘Одисеја’, по малку постмодернистички ситуирана во Хомеровата.

    399,00 ден
  • Љубениот на мајката

    „Љубениот на мајката” е голема, вознемирувачка приказна, во која честопати ќе се соочите со горчливиот вкус кој со себе го носи реалноста, меѓутоа, Видмер е раскажувач со таква елеганција, леснотија и хумор, што дури и ова тажно набљудување на мајката, главниот лик во романот, претставува вистинско задоволство за читателот.

    Стравот, осаменоста, загубата, загриженоста – тоа се состојбите што тој ги опишува на виртуозен начин, секогаш вметнувајќи трошка надеж, која цело време ја чувствува и раскажувачот, кој најдобро знае дека мајчината љубов е залудна.

    Ова е грациозна, мала книга, која не треба да ја пропуштите.

    230,00 ден
  • Нежно… навистина нежно

    И тоа се случи! Прозата на генијалниот Вуди Ален за прв пат на македонски јазик. Иако невротичниот Њујорчанец го препознаваме пред се по неговиот автентичен филмски јазик, сепак, неговата ‘луда потреба постојано да создава, бидејќи доколку си седи мадро, ќе полуди’ се состои и од многу напишани страници со раскази, кои, на некој начин, се дури и пооткачени од неговите филмови.

    Пред вас е изборот од 20 приказни, поместени во неговите три збирки раскази: „Израмнување на сметките”, „Без пердуви” и „Несакани дејства”, кои со својот несомнен хумор со сигурност ќе го разбудат заспаниот намќор во вас.

    Со среќа!

    333,00 ден
  • Животот и времињата на Мајкл К.

    Добитник на Букеровата награда, романот на нобеловецот Џ.М Куци „Животот и времињата на Мајкл К“ се одвива во Јужна Африка за време на војната во ерата на апартхејдот. Мајкл К, повлечен и осамен градинар, роден со зајачка усна и уште од мал исмејуван и неприфатен поради физичката непривлечност и умствената бавност, решава да и’ помогне на својата болна мајка и да ја одведе на фармата од нејзиното детство, подалеку од војната во градот. По пат мајка му умира, а тој продолжува да ја бара фармата, носејќи ја со себе пепелта на мајка си.

    Обидувајќи се да избега од луѓето, од насилствата и ужасот на војната и воените логори, но не секогаш успешно, преживува сам во опустошените и напуштени предели на Јужна Африка. Неговиот најголем непријател не е природата која тој како градинар успева да ја скроти, туку агресивноста и десктруктивноста на човекот.

    Овој роман, незатруен од политички поенти, полн со длабоко потресни и лирски сцени, зборува за односот на човекот кон општеството воопшто, но и обратно.

    300,00 ден
  • Бегства од љубовта

    По големиот успех со романот „Читачот”, Бернхард Шлинк со збирката раскази „Бегства од љубовта” го потврдува водечкото место ма актуелната германска книжевна сцена. Шлинк е брилијантен раскажувач кој приказната ја води со јасност и трезвеност се’ до самиот крај. Овој крај е консенквентен и секогаш изненадувачки.

    Различните состојби во љубовта, бегството од љубовниот копнеж или неговото потиснување, скриената или откриената љубов, бесперспективната моќ на навиките, Шлинк ги опсервира како прецизен набљудувач, фрлајќи поглед и зад фасадата. Толку богати со различности како во вистинското секојдневие, јунаците на неговите приказни откриваат колку љубовниот копнеж може да биде судбоносен.

    Седумте раскази во оваа збирка се истовремено прикази од големиот град, како средиште на емотивното, социјалното, културното битисување на современиот човек, и приказ за изгубената генерација, која постојано се сопнува од товарот на своето минато.

    350,00 ден
  • Платформа

    Во романот „Платформа”, Уелбек со изострен говор го претставува потрошувачки настроениот, и пред се’ непродуховениот западен човек, како и неговата опсесивна зависност од секс-туризмот во азиските земји. Како спротивност на тоа, писателот суптилно го наметнува, и критикува, се повеќе присутниот исламски радикализам и тероризам.

    Сексуалната еманципација, како мит за сексуалното ослободување, Уелбек ја смета за лага зад која стои индустријата, а не вистински осознаената потреба за еманципација. Во услови на наметната сексуална опсесија во западното општество, тој укажува на неможноста за опстојување на вистинската љубов.

    370,00 ден
  • Бела ноќ на љубовта

    Иако Г.Х. Груѓински себеси се нарекува моралист и старомоден писател, во овој роман се позанимавал со инцестот, љубовта на полубратот и полусестрата, Лукаш и Уршула. Овој роман не е ниту малку старомоден во формата, затоа што содржи многу промислена романескна конструкција, во која се преплетуваат минатото и сегашноста, конвенционалното и автентичното, што особено го потврдуваат двете верзии на крајот.

    199,00 ден
  • Невидливи градови

    Оваа неодолива збирка раскази, напишана врз една позната матрица – патописната проза „Милион“ од Марко Поло, ги содржи описите на најчудесните градови што Марко ги „видел” на своите патувања, а кои потоа му ги прераскажува на својот господар – Кублај Кан.

    Секој град кај Калвино носи име на една жена, која го заведува читателот со своите необични облици, конструкции и варијанти, како и со тајните соодноси меѓу нештата кои навидум изгледаат неспоиви. Градовите во оваа книга, кои се лебдечки, пловечки, висечки, небесни или подземни, се извонредна можност за авторот преку нив да ја искаже својата најдлабока рефлексија за светот и животот воопшто.

    Сликата и симболот на градот кај Калвино се разработени од најразлични можни аспекти, а сите опишани градови се вклопени во заедничка мрежа, во една строга и прецизна структурна форма, претставувајќи извонреден пример за постмодерната ars combinatoria.

    299,00 ден
  • Интимност

    Она по што читателите бездруго ќе го запомнат овој занимлив текст е неможноста да се одредат мерката и видот на интимата, зашто посакуваната и непосакуваната се две лице на исто чувство, текст, краток роман…

    199,00 ден
  • Читачот

    Читачот спаѓа во оној тип комплексни романи кои отвораат толку прозорци колку што читателот може да поднесе свеж воздух. Психолошки во длабока, филозофски во генерална и незаборавен во буквална смисла, „Читачот” е роман кој не се предвидува, не се претпоставува, ниту пак, се прераскажува, роман кој со секоја наредна страница одново и одново ја редефинира наративната маршрута.

    Тргнувајќи од самиот наслов, ова е роман во кој во ниту еден читачки/читателски миг не се знае кон каде ќе тргне, а камоли каде (и како) ќе заврши „читањето”, дури и во жанровска смисла… Одлична лекција за книжевните вообразеници, скептици и неверници кои сметаат дека книжевното писмо не може да изненади“.

    Оливера Ќорвезироска

    350,00 ден
  • Едно лето од љубов и пепел

    „Едно лето од љубов и пепел” е приказна за Ема, млада Квебекјанка, која ги придружува своите родители на северот на Индија, посетувајќи ја тибетската заедница во прогонство, собрана околу Далај Лама. Во судир со разните култури, области и обичаи кои ја распаметуваат, таа се вљубува во Тензин, момче кое е малку повозрасно од неа, сирак од Тибетското детско село.

    Ема и Тензин немаат заеднички јазик освен оној универзалниот, јазикот на чувствата, на сочувството и на откривањето на интимноста. Но, зар во тишината, отаде зборовите, не се раѓаат најголемите љубовни приказни?

    100,00 ден250,00 ден