Прикажани 201–210 од 210 книги

  • Бегства од љубовта

    По големиот успех со романот „Читачот”, Бернхард Шлинк со збирката раскази „Бегства од љубовта” го потврдува водечкото место ма актуелната германска книжевна сцена. Шлинк е брилијантен раскажувач кој приказната ја води со јасност и трезвеност се’ до самиот крај. Овој крај е консенквентен и секогаш изненадувачки.

    Различните состојби во љубовта, бегството од љубовниот копнеж или неговото потиснување, скриената или откриената љубов, бесперспективната моќ на навиките, Шлинк ги опсервира како прецизен набљудувач, фрлајќи поглед и зад фасадата. Толку богати со различности како во вистинското секојдневие, јунаците на неговите приказни откриваат колку љубовниот копнеж може да биде судбоносен.

    Седумте раскази во оваа збирка се истовремено прикази од големиот град, како средиште на емотивното, социјалното, културното битисување на современиот човек, и приказ за изгубената генерација, која постојано се сопнува од товарот на своето минато.

    350,00 ден
  • Платформа

    Во романот „Платформа”, Уелбек со изострен говор го претставува потрошувачки настроениот, и пред се’ непродуховениот западен човек, како и неговата опсесивна зависност од секс-туризмот во азиските земји. Како спротивност на тоа, писателот суптилно го наметнува, и критикува, се повеќе присутниот исламски радикализам и тероризам.

    Сексуалната еманципација, како мит за сексуалното ослободување, Уелбек ја смета за лага зад која стои индустријата, а не вистински осознаената потреба за еманципација. Во услови на наметната сексуална опсесија во западното општество, тој укажува на неможноста за опстојување на вистинската љубов.

    370,00 ден
  • Бела ноќ на љубовта

    Иако Г.Х. Груѓински себеси се нарекува моралист и старомоден писател, во овој роман се позанимавал со инцестот, љубовта на полубратот и полусестрата, Лукаш и Уршула. Овој роман не е ниту малку старомоден во формата, затоа што содржи многу промислена романескна конструкција, во која се преплетуваат минатото и сегашноста, конвенционалното и автентичното, што особено го потврдуваат двете верзии на крајот.

    199,00 ден
  • Невидливи градови

    Оваа неодолива збирка раскази, напишана врз една позната матрица – патописната проза „Милион“ од Марко Поло, ги содржи описите на најчудесните градови што Марко ги „видел” на своите патувања, а кои потоа му ги прераскажува на својот господар – Кублај Кан.

    Секој град кај Калвино носи име на една жена, која го заведува читателот со своите необични облици, конструкции и варијанти, како и со тајните соодноси меѓу нештата кои навидум изгледаат неспоиви. Градовите во оваа книга, кои се лебдечки, пловечки, висечки, небесни или подземни, се извонредна можност за авторот преку нив да ја искаже својата најдлабока рефлексија за светот и животот воопшто.

    Сликата и симболот на градот кај Калвино се разработени од најразлични можни аспекти, а сите опишани градови се вклопени во заедничка мрежа, во една строга и прецизна структурна форма, претставувајќи извонреден пример за постмодерната ars combinatoria.

    299,00 ден
  • Интимност

    Она по што читателите бездруго ќе го запомнат овој занимлив текст е неможноста да се одредат мерката и видот на интимата, зашто посакуваната и непосакуваната се две лице на исто чувство, текст, краток роман…

    199,00 ден
  • Читачот

    Читачот спаѓа во оној тип комплексни романи кои отвораат толку прозорци колку што читателот може да поднесе свеж воздух. Психолошки во длабока, филозофски во генерална и незаборавен во буквална смисла, „Читачот” е роман кој не се предвидува, не се претпоставува, ниту пак, се прераскажува, роман кој со секоја наредна страница одново и одново ја редефинира наративната маршрута.

    Тргнувајќи од самиот наслов, ова е роман во кој во ниту еден читачки/читателски миг не се знае кон каде ќе тргне, а камоли каде (и како) ќе заврши „читањето”, дури и во жанровска смисла… Одлична лекција за книжевните вообразеници, скептици и неверници кои сметаат дека книжевното писмо не може да изненади“.

    Оливера Ќорвезироска

    299,00 ден
  • Едно лето од љубов и пепел

    „Едно лето од љубов и пепел” е приказна за Ема, млада Квебекјанка, која ги придружува своите родители на северот на Индија, посетувајќи ја тибетската заедница во прогонство, собрана околу Далај Лама. Во судир со разните култури, области и обичаи кои ја распаметуваат, таа се вљубува во Тензин, момче кое е малку повозрасно од неа, сирак од Тибетското детско село.

    Ема и Тензин немаат заеднички јазик освен оној универзалниот, јазикот на чувствата, на сочувството и на откривањето на интимноста. Но, зар во тишината, отаде зборовите, не се раѓаат најголемите љубовни приказни?

    150,00 ден250,00 ден
  • Есен во Пекинг

    Според публиката и критичарите, „Есен во Пекинг” е најсложениот и најуспешниот роман на Борис Виjан. Приказната се случува во една имагинарна пустина наречена Егзопотамија, каде сите главни ликови учествуваат во изградбата на железничка пруга која, всушност, не води никаде.

    Со специфично мешање на црн хумор и апсурдни сцени, Виjан ја зачинува оваа „пустинска“ авантура со крајно ексцентрични ликови какви што не се забележани во светската литература, освен можеби во „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол.

    Истовремено смешни и трагични, сериозни и апсурдни, допадливи и одбивни, овие незаборавни ликови живеат во мрачниот свет на Виjан, каде сè е можно, освен вистинската среќа.

    200,00 ден390,00 ден
  • Црешовото дрво и старите чувства

    „Во слики со светлечки интензитет, Марица Бодрожиќ раскажува за тоа што беше „Југославија“ и што значи да се биде во егзил; и покажува дека Арјета ќе има иднина само ако е подготвена да не ги затвори актите на своето минато. Тогаш црешовото дрво ќе прокрвави и ќе раскажува…“

    Карл-Маркус Гаус, Зидојче Цајтунг

     

    „Бегството во јазикот како последно средство на отпорот, е она што го носи целиот роман. Како можеме да се сетиме, како можеме да го совладаме сеќавањето? Тоа се прашањата што ја водат Арјета Филипо, раскажувачката во романот. Потекнува од Сараево, студира во Париз, потоа оди за Берлин и насекаде среќава други луѓе кои побегнале од војната во Југославија, но не наоѓаат мир во себе“.

    Андреас Платхаус, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

    150,00 ден299,00 ден
  • Книга на сеќавања 1 и 2

    Во романот „Книга на сеќавања“ авторот го опишува светот како систем на релации кои ги поврзуваат човечките тела едно со друго. Романот започнува да го пишува во седумдесеттите, работи на него десеттина години во многу опасни услови, дури со замисла дека никогаш нема да биде објавен. Мотото на овој роман е земен од евангелието спорен Јован: „Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.“ Романот е преполн со такви врски, особени и фатални источноевропски јазли во кои секој аспект од личниот живот е заплеткан со идеологијата, и ужасните јавни лаги и предавства повторно се создаваат во микрокосмосот на приватните врски.

    Сузан Сонтаг, романот „Книга на сеќавања“ од Петер Надаш го нарече „најдобриот роман напишан во наше време“.

    Според Хофман, комунистичката Источна Европа ретко е гледана како предмет за рефлексија на Пруст. Романсиерите од овој ден на светот за време на студената војна настојувале системот да им биде главна тема, длабоко загризувајќи во мрачна сатира и бесмислосна алегорија. Но Петер Надаш во „Книга на сеќавања“, остварил еден изворенреден интересен потфат: во романот пренесува една свесност за Социјалистичкиот универзум и го затвора процепот меѓу предвоениот модернизам и Источна Европа. Овој огромен, психолошки комплекс, сензуално напишан роман успешно е поврзан со историската реланост, та поминал неколку години цензурски заборав пред да биде објавен во 1986 година.

    Името на Томас Ман често се доведува во релација со Надаш, како негов предходник на таа романсиерска традиција, која тој ја продолжува и предизвикува. Во секој случај романите на Ман имале големо влијание врз оние на Надаш.

    400,00 ден690,00 ден